Толку добро ми влијае дождливо време, што премногу ме радува што е вака променливо и такво ќе биде и во наредните денови
Што има погрешно во тоа? Па женско си побогу не си некоја баба да имаш такви затуцани мислења . Бедно....
Па има убави и од тие шорцеви и мене ми е мерак некогаш да си носам, особено ако се тексас, тексас на се иде
Што не е во ред, не е, а ова што пиша Малечка не е (не за неа, за појавата). Невкусно е стварно дотолку покажување.
Носиме, зависи какви. Обични да, танги пикнати во газ, не. Оти мене ми е невкусно. Како дојде до купаќиве, не знам, за шорц беше муабетот. Шорц нормален да, али со пола задник надвор не. Again, вулгарно и невкусно.
Друго е плажа, друго е на улица. Шо ако сум женско, треба гзот гол да го вадам пред сите? И мене ми е бедно.
Извини,ама не можеш да ги носиш секаде,особено не каде што има дрес код и ограничувања(како во деловна и образовна сфера).
Што е бедно ако некој се облекува како што личи? Баба а? Па добро, еве јас нека бидам баба, подобро од колку да носам кратки работи од каде што кога ќе седнам цел задник ќе ми излезе, буквално, вистинска девојка ја покрива својата убавина, ако ти мислиш дека со миничи и кратки работи ќе привлечеш некој, да ама се знае целта на истото, ако некој сака да те цени како личност ќе те цени и закопчана до горе, отидов предалеку можеби, но немој да мислиш дека ќе привлечеш асален дечко ако се раскопчаш, неповрзано за дечко, генерално, од блиските нели ви е малце непријатно?! Ама што ќе ти совет од баба со затуцано мислење, цитирајте до кога сакате, поздрав.
Не носам ни јас таков шорц, затоа што не се осеќам пријатно во него. Ама ако некој сака да носи, ако така се осеќа убаво, и ако местото каде што ги носи нема поинаков дрес код, не гледам причина зошто би ми пречело и зошто би осудувала. Зошто, која е разликата? Не постои правилник кој забранува носење таква гардероба на улица. Точно. Во ситуации и места каде постои дрес код, истиот треба да се почитува. Ама па и немам слушнато за ситуација кај што некој се појавил со шорцеви од кои „ѕирка пола газ“ на деловен состанок. Во случајов мислам се збореше за секојдневни ситуации, еве како што спомна една членка, на улица. Зошто би ми пречело што некој се облекува како што му одговара за да оди до продавница, или во парк?
Од непријатни ситуации од типот прибирање на продуктите в кеса на каса со брзина на светлината додека чекаат зад тебе луѓе или барање ситно оти касиерката ти побарала, би издвоила и заглавување на глупиот показалец во кесата со компири што ја подаваш на вработената в маркет да ја измери и очаен обид да се отплеткаш смешкајќи се како благо ретардиран.
На плажа сите носат купаќи, на улица никој. Пола улица ќе ми го види гзот, и ќе кажете дека јас имам приватност над моето тело?
Абе ајде, излезете голи ако не па. И не знам шо мешате плажа, таму и гола ако сакам ќе се слечам пошто сите околу мене се разголени. Ама на улица, на кафе да седниш со цела предница и задница на изволте, невкусно и глупо е. И јас носам кратко, носам шорцеви, ама не цели тртки да ми се излезени, на шо личи то? Шо сакате да постигните? Еј видете ме, газ имам или? Сфаќам, жешко време, сакаме шо полабаво и поразголено да си се носиме и се' е то океј, ама се' си има граница. Исто ко машките со т***ците извадени да шетат, зошто да не, и нив им е топло на плус 40 стегнати во шорцеви и бермуди, треба да ги луфтираат слободно. Или пу пу, не смее така, манијаци ќе испаднат.
Не носат и на плажа сите купаќи, тие па тебе ќе те осудуваат што носиш. Ти ќе осудуваш некоја што носи кратки шорцеви на улица. Таа ќе осудува некоја што имала секс со многу мажи. И така во круг. Тоа што на плажа е „нормално“ да се носат купаќи, исто е нормализирано од нас, луѓето. И тоа било осудувано некогаш. Муабетот ми е, со ништо не ти наштетуваат тие со кратките шорцеви. Никој не те тера тебе да се носиш така, за пола улица да ти го види гзот. Едноставно, тоа што не ти се допаѓа, а не те афектира никако, игнорирај го.
Какви се всушност тие шорцеви во кои цел газ ти е надвор? Немам видено. Носам (доста) кратки шорцеви, не ми излегол задникот сеуште, што знам.