Воопшто не ме чуди... Се ситат на туѓата несреќа. Инаку да, Ериксен беше. Вчера начекав вест и за еден наш фудбалер што бил во иста ситуација, само нашиот починал. Ама дека тоа се случило пред 20 години, еден напишал, цитирам: „Ср**е портал сте, пишувате за некој што умрел пред 20 години.“ Премногу злобни луѓе има, премногу!
"Им завидувам само на оние кои имаат добиено на лотарија, оние кои живеат на море и оние кои јадат колку сакаат без да се дебелеат."
Се враќам од депилација полна со завист и љубомора. Пред мене беше девојче шо се средуваше за на одмор во Турција со либето. Колку само ми треба и мене нешто такво, само да знае колку и завидвам моментално.
За првпат бев на психолог пред неколку дена. И после работите кои ѝ ги кажав, очекував да ме отера у три лепе и да ми плесне кое ѓубре сум била, (Добро, знам дека психолог не треба ваков пристап да има) ама уствари беше многу помека и имаше разбирање многу повеќе отколку што очекував воопшто некој да има и...ме остави збунета ради ова. Од една страна ми олесна, од друга се осетив малку кринџ што некој ги чул работиве во живо од моја уста, а притоа имаше сосем спротивна реакција од што нормално би требало да има човек кога би чул такви работи. Кој згрешил тука, еве уште не знам.
Си седам на тераса, навор ладничко, само шо не заврнало, комшиите печат пиперки... за момент, ми се пристори дека есен дојде.
Нема поќе пролет-лето-есен-зима. Со глобалното влеговме во суптропска клима. Сега имаме сушни периоди и периоди на дождови. Уште малку и крокодили ќе ни се населат.
Не знам дали се подпросечни,прости или со недостаток на домашно воспитување,ама постојат луѓе кои си земаат за право да ти навлегуваат во приватност,да ти коментираат негативни работи,мани за твои блиски луѓе...Па побогу какви и да се со сите нивни мани,грешки, тие се сепак мои најблиски,родители ,браќа, сестри..ме болат,како само се осудуваат!!? . Не знам како да ги наречам,просто одвратни луѓе ,осет да се немало.
Уште некој ако ми искоментира "низок е дечко ти"...ми треба идеја шо да вратам ама онака еден вербален шамар да добие, пошо преку тиит ми дојде од едново исто. Мислам у реду, језда имам 2.5 диоптер, али гледам до толку дека е низок, еве неколку години.
“А ти си глуп/а! Не сум ќора, гледам колкав е! Шо те боли ку*от.?! Не ти го дадов тебе.“ *ќе се запрам, еве. Не ми стегајте бан, аман
Мило ми е што не ги кренав дуксерите и јорганите кај другите зимски ствари. Студи и дува ветер.Се осеќам ко да сум на друга планета.
Фала Знам едно уште подобро што ги надминува сите ама не е за кажување на секој И пред него ми викале шо е најтрагично...
Ах бе Танченце,ете погоре јас гикоментирав истите.Речи им едноставно ,ТЕ ПРАШАВ ЗА МИСЛЕЊЕ???,иако некогаш знаат така суптилно во разговор да ти плеснат,па да немаш време да им го поставиш горе посоченото прашање и да ги оставиш да блеат.Глупаци.
Се стаписав пред неколку дена , прв пат после 8 години .. Петок , 11 јуни ... Син ми беше кај другарче од училиште за да си играат . Другарчето живее во близина на училиштето , па јас го однесов до таму . По 2 часа отидов да го земам , бидејќи мајката на детето не знае каде точно живееме , а и не сакав да и создавам обврска да го носи , има и таа уште едно помало дете дома . И сега што се случи .. Излегов од дома , не врнеше . На половина пат толку се разврна што морав да застанам кај ветеринарната станица да помине облакот . Карши ветеринарнава има една перална за коли , и човекот што работи таму дојде до мене . Се ќе беше ок , ако не ми се залепеше , па и ми побара број . Ми вели : Убава да ми дадеш број од телефонот .. Реков не , нормално . Но , се стаписав затоа што бев сосема сама . Немаше буквално никој ниту на улицата , а камо ли во близина . Човекот не го познавам , прв пат го видов тогаш . А и ми изгледаше доста повозрасен од мене . Албанец беше ( но и да беше Македонец , Србин , Влав .. исто ќе реагирав ) . Набрзина заминав по дождот да го земам детето . Луѓе , секој ден поминувам по истиот пат , со цел да го земам детето од училиште и/или да го однесам . Уште долго ќе поминувам од таму .. што ако е човек што би ми наштетил .. ? Среќа , маж ми видел дека врне , го зел бебето и со кола дојде по нас , да не земе . Му кажав на маж ми . Не веднаш , чекав да заспијат децата , па му кажав . Не сакав пред нив да зборувам за тоа . Не знам зошто , осетив потреба да биде на само . Можеби затоа што бев вознемирена . Вчера поминал маж ми од таму и му рекол на човекот дека ме исплашил затоа што не го знам , дека ми е сопруг и да си најде слободна девојка од неговата вера . Му рекол , не си знаел ете , да знаеш дека девојката е зафатена , и немој да ти падне на памет нешто , комшии сме сепак . Можеби човекот е нормален и за него НЕ е НЕ , ама па од каде да знам кога не го познавам .. Срцето во петици ми беше мислам . Како во сон стигнав до куќата на другарчето на син ми .. Не знам како сум преживувала вакви стресови порано .