Ќе опаднеш и психички и физички и тогаш ти се случува најдобрата прилика во животот за дополнителен стрес да ти ствара. Се се случувало во вистинско време, мај фет ес вистинско време, немам ни сили ни волја веќе.
Е ова е секојдневието на жените. Мажи кои се опсесивни, мажи кои се посесивни, мажи кои се бескрупулозни, мажи кои не почитуваат жени, мажи кои се насилни, мажи кои блујат сексизам, мажи кои се мисогини. И како да ја поставиш границата кога е време да пријавиш во МВР? И уште подобро прашање: Дали МВР воопшто ќе преземи нешто? Јас не познавам жена што нема ваква или слична приказна. Ни една. Дури и ќерка ми на 15 години...
Не , не за опсесивност и останатото наведено погоре , лошо е што јас бев сама . Последниот пат кога бев сама со машко , се обиде да ме силува , и тоа бивш дечко ми беше тој . Од тогаш па наваму , се плашам да останам сама со непознат човек . Дури и ако го знам човекот ( сум разменила 2 збора , сум го видела два-три пати ) јас сум скаменета , и не разговарам нешто многу . Кога има луѓе околу мене ( на пример во банка , или општо на улица кога е раздвижено ) сум ок , но вака кога нема никој , мислам срцето во петици ми е , а притисокот 280 . Тоа ми е подарок од бившиот на нашата последна средба . Се испостави дека маж ми го познава човекот , во соседното маало живеел , и дошло до грешка . Човекот бил 10 години во странство , и не знаел која сум и што сум по националност . Мислел дека сум слободна , па затоа ми пришол така одеднаш . Секако тој не е виновен што јас си имам проблем со довербата во луѓето дури 9 години по случката .
Стравот кој го чувствуваш зборува за тоа како живеат жените. Зошто да ни е страв да бидеме сами? Искуството ни кажало дека е ризик да си сама, посебно ноќе. Мажите се плашат ли да се сами и да не ги нападне некоја жена?
Тука си во право . Но пак ќе кажам , можеби е до мене . Долго време молчев за тоа што ми се случи тогаш . Да реагирав веднаш , да посетев стручно лице , можеби ќе го немав овој проблем сега . Работам на себе , се трудам да го исфрлам стравот од мене , и доста е намален од порано . На самиот почеток , првата година или две , воопшто не одев сама никаде . Се некој земав со мене . Дали другарка , дали мајка ми , дали маж ми ( во тоа време дечко ми беше ) , ги молев да не ме оставаат сама никако . Потоа си реков дека вака не оди , морам да преземам нешто . Почнав да работам на довербата , и сеуште работам на неа . Го снема стравот кога влегувам во банка на пример . Пред 6 години , беше незамисливо да влезам сама дури и кога знам дека таму има и други луѓе . Се си мислев дека никој не би ми помогнал , бидејќи не ме познаваат , дека никој не би ми верувал .. Го преживеав тој период и горда сум на себе што дотуркав далеку до сега . Не прекинато ќе работам на себе за да го избришам целосно овој страв од себе . Тежок е и долг патот , но тежнеам да успеам . Пред се , за свое здравје и добро . Ако вака продолжам да живеам под стрес и со страв , само ќе се разболам . Ништо добро нема да ми донесат стравот и стресот . Им се восхитувам на оние кои излегле посилни од ваквите случки . Кои продолжиле напред како ништо да не им се случило , а умирале од внатре .. воделе битка сами со себе , и излегле како победници .
Леле немој уште еднаш да те слушнам дека можеби до тебе е. Па и слободна да си не смее така да ти пристапува!!! Разговарај со психолог онлајн на апликацијата разговор.мк. Мислам дека сите жени така би се чувствувале без разлика дали преживеале нешто слично во минатото. Тој во никој случај не смеел така да постапи па и сред невреме јас би имала кошмари со години. Твојот дел се уште може да се решава, форум, психолог, маж. Се нервирам со: не знаел што сум по националност и дека не сум слободна; значи што и да си и дали си слободна или не си не смее така да приоаѓа на ниедна.
Уште и секој ден сум поминувала од таму .. језа ме јадеше после случката . Затоа и одлучив да му кажам на маж ми . Не ќе можев мирно да спијам ако молчев . Ова со националноста го напоменав затоа што ми зборуваше на албански кога ми пријде и јас глупава мислев некоја адреса бара ( се случувало да застануваат луѓе да прашуваат за некоја адреса ) и реков не ве разбирам .. кога ми кажа на македонски .. Среќа се излезе добро на крај .
Сами си се криви како род што во секој од нив потенцијален предатор гледаме. На стории со силувања со хехенца реагираат, сама си го барала, што барала таму да се наоѓа, на ситуации кога женет маж со бремена сопруга дома пишува на други виновна е девојката што не го блокирала и најгадното од се, членуваат во порнографски и педофилски групи. Јавна соба имаше 14.000 членови лани. Тоа значи дека имаме 14.000 манијаци и потенцијални силувачи од машкото население во државава кое е малку компјутерски писмено. Секоја едина жена на форумов, па и во државава била сведок на некакво вознемирување, дофрлање и замарање. Секоја трета жена си има проблем со некој психопат. Секоја жена доколку навечер оди сама и некој и се доближува чувствува страв во петици. Така да не е до нас, не сме параноични, не претеруваме, не измислуваме. Речиси секогаш до нив е. Кога ќе почнат масивно да застануваат до нас и да осудуваат манијачишта, тогаш ќе почне и нас да ни се враќа сигурноста. Дотогаш солзавец во чанта.
Ако некогаш се прашувате зашто универзитетиве ни се толку ниско рангирани и зашто младиве бегаат еве да ви кажам. - Дм требаше да полага еден битен испит пред недела дена. Еден ден пред полагањето им рекле се одлага за 15ти. У факинг испитна сесија. Па ајде мењај план. Еве го денес 15ти. Учеше деновиве, не јаде, не спие. Ми врти пред малце, вика абе одиме таму и ни викаат аа малце души сте, не може за олку малку јас да држам испит, дојдете си на 21ви. Ма одете ебете се бе. - Претходна ситуација - исто вака битен испит, у втора декада. Отишле што отишле, им рекле професорката го откажа испитот. Ќе полагате наредна сесија. Зашто? Немаме појма, така одлучи. *Во ред, све може да се деси, ама можело да се најде замена или да се одложи за неколку дена, не скрос да се укине. Башка, писмен испит било. - Уште една ситуација- Ги вика една професорка 30тина души на усно. Сите у ист ден, во ист термин. Дм меѓу последните. Некои чекале 4 саати, за на крај да им речат, толку за денес, другите утре дојдете. Оти дотичната не увидела дека екшали не може 30 души у еден ден да испраша, па после ај џабе чекавте. - И куп други вакви случки имал на неговиот факултет кои сега не ми текнуваат со рандом преместување на веќе одамна закажани предмети, мајтапење до максимум од страна на професори, истурање комплекси врз студенти оти на лева нога станале. Или таман си положил и земал оценка, му текнува на професорот дека чекај, сега и усно мораш оти мене така ми текна, не ти важи таа оцена. Многу пати му идело да се откаже баш ради ваквиве срања ама стиснал заби и продолжувал. Гонете се сите у три лепе што таквото не ве боли за студентите.
Дојде тетка ми на гости и така сите седнати ми вика, ти си се здебелила знаеш?свесна си за тоа, дека си многу дебела? (3кг се здебелив само, имам 63, а имав 60 плус сум висока) можно ли е се толку сурово да станало? Зашто некој не праша дали ти треба помош или дали се соочуваш со нешто? Зашто мора да се гледа човек како се поправил а при тоа никаква поддршка од истите? И онаа мала самодоверба што ја имав ја изгубив, да точно е дека не треба да се замараме и се да земаме при срце, меѓутоа некои зборови навистина знаат да погодат, без разлика колку не се замара човек.
Убо си викаше еден... На инстаграм опнале хелти фуд..салати малати. А зад нив дома корне на прдешки од грав.