Порано излегував зашто сум договорена и "мора така". Сега ако ми се седи дома, си седам дома. И никој не ми се налутил кога кажувам дека не ми се излегува
Ми недодтигате сите членки од темата ние околу и преку 40. Од вас научив многу животни лекции, применив некои совети, ми покажавте колку ние како жени сме силни и цврсто стоиме пред предизвиците на животот. Да, овој форум не тоа, тоа без вас. Голем поз❤️
Ме иритираат луѓе кои ветуваат а не си го одржуваат зборот, па кога неможам нештото да го сторам што барам да ветувам?
Ме праша зошто престанавме да се допишуваме, ти реков изгубив интерес. Вистината беше што хуморот ти е криџи.
Па не е глупа тема. Реално пластиката е огромен проблем и ненормален загадувач. Убаво ќе биде сите да користат торби повеќето од времето.
Тоа ми беше поентата уште таква тема немаме или слична... Ама подобро да нема. Сите ќе испаднат хуманитарци
Дојде време мачорот да менва заменки од he/him во they/them. Или евентуално во we/us пошто сум мамичка.
Постои еден сегмент кај мене, кој тешко можат да го прочитаат. Не сфаќаат кога сум сериозна, а кога не сум. Ама дали е важно? Нели во секоја шала, има вистина, затоа во Северна Кореја сарказмот е службено забранет.
Ти даваат пример цел живот и на крај се лутат зошто не си "пораснал/а" во поинаков човек. А, како тоа? Па се' што е вложувано првата деценија сега излегува на виделина. Среќа што е вака. Јас би и малце себично.
Хормоните и нервозата се чудна работа, особено во бременост. Плачев ради баклава, а маж ми резил го направив ради ѓеврек. Ако се разведам изгледа ќе биде ради некоја храна
Да, снимила песна нешто за Венко. Не ја слушав ама прочитав нешто коментари, и ептен е како да кажам, веќе загрижувачко. Немој да слушаш, ќе имаш кошмари. Да сум ко Венко, ќе и стегнам тужба.
Си ветив дека нема да јадам после 6. Исто така си направив тост пред 10 минути со сите можни додатоци што одат со него. Од утре нова исхрана. Доста беше зезање.
Нема потреба од ограничувања, а и да не каснеш нешто после 18 часот ако седиш до касно е измачување и изгладнување особено ако не си навикната на таков режим. Само добар план за исхрана ти треба и баланс.