Три пати се преслеков до сега. Имав обврски низ град кои не можев да ги одложам. Вода тече од мене. Изгледа пак ќе се преслекувам.
Кога е ладно, ќе облечеш толку слоја колку што треба и ќе се стоплиш. Кога е жешко, ќе се соблечеш гол и ако пак е жешко, не можеш ништо
Мене една од најиритирачките работи у жешково ми е што не можам асално да вежбам. 15 минути вежбам и толку многу ми доаѓа жешко што почнува да ми се лоши и морам пауза. А сирота неам клима и остало дома.
Слободно ќе го земиме, да ни биди топла душичката. Вие земете си ја зимата со -20 степени и зимската депресија поради тоа што во 4 часот веќе е ноќ. Ние ќе си појдиме во природа на планина или покрај река, или па на море и ќе си седиме цел ден со ладни коктелчиња.
Во лето не ни можам да идам на планина оти брзо фаќам сончаница и горам. А толку сакам... Пролет и есен само.
Шала на страна, и мене не ми се идеални, најмногу ми одговара 25-30 ко ќе е денски. Мај месец отприлика, доцна пролет. Ама веќе ако морам да бирам би избрала 30+ наместо -20.
Пролет for the win. Ама навистина, ова време ми е само за на Мечкин Камен, таму ладовина е сега и сенка колку сакаш од дрвата, цел ден да седиш нема да ти здосади.
Реално, нема ништо убаво во лето. Подобро да се тресам од студ, него ли да седам ништо да не правам и да се потам.
Ја имам повеќе "депресија" во лето оти цел ден седам дома и чмаам. И да сакам да идам негде, не ми се излегува на жешко. Зима кога е, барем повеќе можам да одам надвор да шетам