Абе дома да можев да сум кај било кај не било, не вака со потпикнато нешто внатре да се печам и со панталони оти фустан ми смета на добиено. Или со влошка ко со памперс ако то имам во момент, ко сега. Ми се плачи.
Вчера бев до маркет.Кога се вратив бев ко маратон да сум трчала. Денес седам дома под сенка,а се осеќам ко да сум во сауна.
А бе што е ова, да не влеговме во пеколот без да знаеме Се осеќам ко ништо освен жештина да не постои, како во херметички затворена рерна да сме . Ајде, можеше и полошо да е, да пржи сонце, барем облачно е ...
Специјален поздрав до двете кои седеа пред малку до мене во Карамел. Колкава некултура и коментирање оти не се јаде ладен сендвич на жешкото (а јас јадам пред нив!), да ги прашам шо јадат по дома кога ќе се вратат. Или сендвичот е поубав под клима или до толку им е дадено. Изгледа второто. Дома како Ве трпат, алал да им е на маживе.
Рипнав од кревет мислејќи дека некој бомба фрли надвор, ама тоа било *само* пукање на гума од камион што поминувал тука одма на улица. Битно свеста ми ја зеде.
Одам на испит, 60% спремна, решавам задачите и некако многу лесно ми идеше. Си викам браво генијалецу, you made it. Излегувам од испит, споредувам решенија со колеги и сфаќам дека начинот на решавање воопшто нема врска со барањето во задачата. Епа затоа ми било толку лесно. Се гледаме во август .
Ќе те тагнував и ќе ти велев дека не ти пишувам јас од друг профил, ама ајде си реков, да не досадувам .