Кога сте веќе кај чајот, денес експериментирав и успешно беше ко за чудо Пред некој ден баш на мајка ми и реков им се чудам на тие што и во сред лето можат да пијат топол чај И си седев после така си размислував ако може кесичките кафе што се ice coffee да се прават со ладна вода и да биде убаво за пиење кафето, си реков би можело ли чај да се направи со ладна вода Искрено не ми се веруваше, мислев ќе си остане проѕирна водата, си реков можеби само некој мирис ќе поприми водата. Ама денес решив да пробам. Си реков што ќе биде нека биде Ставив ладна вода во чаша, земав една филтер кесичка чај, ја ставив во чашата и почнав и малку да ја мрдам филтер кесичката за да почне да се направи чајот И почна по малку да се обојува водата и после ја оставив филтер кесичката да си постои 10-15 минути и се направи чај по боја, вкус и мирис ист како тој што се прави со врела вода. Така да со овој мој изум ќе можам и во лето да пијам чај и не треба да чекам цел ден да се лади
Како можете да славите годишници од врска или брак, а пред тоа да се карате, варате, вреѓате, манипулирате? Ама битно годишница ви било..
И се радувам и јас на слободава, се надевам ќе потрае и нема сами да си ја расипеме. Она законот 50% од капацитетот на објектот никаде не функционира (зборам за клубови). Корона го намаливме ама уште не е умрено дечки. И заради неколку алчни газди на угостителски објекти, сите ќе го папаме пак за два месеци.
Ја читам темата-парада на гордоста и сваќам дека некои ликови од форумот имаат двојни аршини. Еднаш изразив свое мислење во тема религија и бев осудена на потсмев, иронија, дури направија и да се чувствувам виновна и тоа токму од одредени ликови на форумов кои повикуваат да не осудуваме никого и кои ја поддржуваат парадата на гордоста. Какво лицемерие...
Шетам со една другарка и гледаме сандали. Она: Е, овие се модерни. Ги носи таа и таа инфлуенсерка. Морам да си ги купам. Молам? . Ете по што се разликуваме... Јас не следам такви личности и не ми се идоли. Луѓе, бе... Секој на себе си е инфлуенсер. Дајте веќе...