Јас порано многу се замарав за ова после само ќе речев знам и повеќето разбрани си заќутуваа ама има такви а зошто, а како, ама истиве сега кога сум малку подослабена ме чуди кај се да речат дека сум подослабела Најискрено ич не ми фали ништо да ми речат, ич не сакам такви коментари за физикус ама тоа е што е
Ако не им крениш одма кога ѕвониш се лутат. Можеби имам работа, можеби не можам да кренам. И згора на тоа па и кога ќе им кажеш дека стварно имаш обврски се лутат. Те исмејуваат. Боже пази, небаре имаме 5 год. Шо би рекол Тошо Малерот : Кога гледам ми ѕвони особа шо знам дека е чоек шо сака да зборува и сака само да биде ислушана,а при тоа за тебе ќе ти праша 2-3 реда муабет и после те пресекува при твое излагање.... ЈА БАТКА НЕ И КРЕВАМ. Не бар сега, кога имам 1000 обврски. Плус, не сум спиена, забот од лева страна нешто не е ко што треба и доволно ми е. Недела, БАТКА е ден за одмор од СЕ И СИТЕ. Треба да се прогласи за НЕРАБОТЕН, без разлика каде работиш. А,мислам и САБОТА исто. После ваков шок на планетава Земја, треба да се донесат нови закони и уредби. Ама јбга, кој не праша нас. Ајде мавам уште еден цитат од Тошо. Омилен ми е. Се извињавам за моето долго излагање! Имајте уба недела.
Aма стварно иритираат, не се ни јас толку замарам, ама шо потреба од коментирање де, ко да не сме свесни.
Имам колега, касни на работа по 2 саати, место на работа оди во кладилници, казина, на кафиња и оние 20 минути што ги поминува на работа, му се за да ме контролира мене. Којзнае зошто. И не дај боже да се погодам во вц тогаш, одма ми се јавува претпоставен "кај си цел ден те нема"? Овие ваквите привилегирани ми ствараат инает да се сменам, да прекинам да работам како што работам, како коњ и цело работно време да си го поминам со седење, со врткање навака натака колку да помине време. И секогаш велам е сега од утре и ти така ќе си правиш и секогаш кога ќе дојдам на работа покрај мојата работа ќе земам и на друг да му помагам.. Отепајте ме.
Глупоста со еколошкава такса ќе ја оправдам тогаш кога премиер, сите министри и остали политичари, сите до еден, ќе ги видам како на работа и на службени патувања одат исклучиво со тротинет, точак или јавен превоз.
Што ми требаше да отварам во темана за магии? Камо јас да наоѓам пари по дома, ич не би сакала да ја тргнам таа магија. Ако некој прави такви магии се пријавувам за доброволец. Само ве молам да бидат конвертибилни валути.
Се сетив сега кога не ме сакаше симпатијата во средно, одев во Визбегово кај гатачки и бајачки со катанци да ја заклучат љубовта. Тешко мене. Која разлика од јас тогаш и јас сега, не е само ова, кои тешки глупости сме ги правеле тогаш и сега кога седам со средношколци ми делуваат ко возрасни паметни и зрели млади луѓе наспроти нас ко средношколци, стадо кози пуштени од синџир, катанец носев еј не ми се верува.
Вие смејте се за бајачки од медонски села ама не знаете во кој подем се вакви работи по западов.На тикток приметив колку многу Американки и општо млади девојки се навлезени во водиве само во пософистицирана форма.
https://forum.femina.mk/threads/lubof.32625/ Аман со тој еден правопис колку досадни сте станале... Досадни како муви