абе топ, што ако се од Америка па и на тие се смеам, со растот на new age i wicca ги има доста ама под сета таа софистицираност лежат истите лаги и измами
Еве сега пред 5 минути си реков 'Ај да видам што има на овој фемина фрижидерот' и кога отварам нема ништо Џабе членувам на овој фрижидер јас...
Колку се лугето само од корист и колку само немаат осет, оваа вечер повторно се уверив во тоа. Жално за трудот вложен во нив и изгубеното време.
Преку ку*ац ми е од лажни другарки. Преку планини шо се вика трчам за некој, во зимно време искачам пошо им било досадно, а кога мене ми е потребно друштво на саат време, никој нема и сите се "зафатени", а со месеци ги барам. Cheers за уште едно мизерно лето поминато сама. Камо да не се чувствував толку осамено, да имав некој...
Од денешните вести во дневникот на сител издвојуваме: Организаторите на семејни веселби тврдат дека во нивните објекти се почитуваат мерките. Имале редовни инспекциски контроли, ама велат дека честопати имало отпор од гостите. Најголем проблем било да се спречат гостите да играат оро. А валцер може ли? За другар прашувам.
Kако така лесно се оставаат и наоѓаат нови другарки? Без заебанција, озбилно прашање ми е ова. Имам јас неколку добри другарки ама никако да запознаам и да се зближам со нови.
За секого е различно, некој полесно се зближува, некој не. Јас отсекогаш лесно сум наоѓала луѓе за дружење, веројатно оти не ги сфаќам дружењата многу сериозно, повеќе излегувам за да се насмеам, да разбијам монотонија, отколку да барам некое длабоко пријателство и некому да се доверувам. Инаку, колку повеќе излегуваш, толку поголеми се шансите да најдеш нови другарки, пример во теретана, концерти, различни активности, курсеви и сл. Не знам колку години имаш, ама исто така некоја работа, пример во кафич, може да ти донесе нови пријателства.
Мајка ми договараше една нарачка за дома и на доставувачот му рекла куќата е јоргован боја и излегувам тој си стои доле на уличка... Вика мислев која боја е јоргован, не бев сигурен врв!
Интересен е моментот во животот кога ќе почнеш место од старите да учиш од децата. Кога ќе седне до тебе ,,ждребето,, и кога ќе те учи како се ракува со некоја апликација. А притоа се слушаш со мајка ти и си раскажувате кои лекови ги пиете за притисок
Јас од ждребево учам како да си терам по мое, да си го барам моето, да си го терам раатот додека тој до мене фршти од нервоза и фрустрации (пример јас). Последново никако не го научив, никогаш. Освен тоа, бира се лукративни и просперитни професии на тема : Каде сака да работи.Никој не ја прашува за тоа, сама си носи заклучоци.
Не е воопшто лесно, ама некогаш мораш едноставно. Кога веќе ништо не е исто и повеќе се чувствуваш исцрпено со нив отколку исполнето, кога ти прават работи зад грб бидејќи се дволични, кога едноставно сфаќаш дека се развивате во различни личности, или кога никогаш "немаат време" за тебе (а за други имаат).. Го напуштив друштвото со кои бев 12 години поради причините од погоре. Многу тешко ми беше ама се навикнав со време. Сега имам доста помалку пријатели, ама вистински се. Не можиме да се дружиме кога сакаме туку кога можиме, такви се adult friendships, ама кога сме сите заедно секогаш си поминуваме најубаво. Јас не би се дружела со некој ради реда, колку да имам со кого да излегувам.
Смешно ми е како зборуваат нема никој за сериозна врска, а самите тие само за ноќни клубови зборуваат и пијанства
Имам еден колега, во принцип имаме мн. добра соработка,но некогаш има многу чудни испади. Еве денес, културно го прашувам дали да дојдам до кај тебе да ми ги средиш документите или да почекам некој од колегите попатно кога ќе доаѓа да ти ги пра там по него да ми ги средиш? Одговорот негов: Не, не мора да доаѓаш или дојди ако сакаш да ме видиш. Требаше да му вратам:ако кажеше дојди, сакам да те видам можеби и ќе дојдев до кај тебе, ама ај да не бидам безобразна.. Инаку не му е првпат...
Ако ти е за утеха, во една сесија претходно успеав да положам 6 предмети, 10 полагања вкупно беа Живот немаше у мене тие месец дена
На работа: доаѓа еден и ми вели:изгледаш многу младолико јас те мислев 20 тина години...Јас културно му одговарам: фала на комплиментот, ама се познава дека не сум толку.. А колешката спроти мене: Еее, не знам баш дали личи на 20 г... кажано со озбилен тон на завидливост. Е не ги можам луѓево!