Како да се читам самата себе од пред некоја година. Верувај никој не вреди до толку да остануваш со него ако те прави да се чувствуваш мизерно и како "дух". Мене јасно ми дадоа до знаење дека не вредам за нив, ама потоа сфатив дека поарно без пријатели отколку со такви "пријатели". Ништо ти не грешиш, едноставно си меѓу погрешни личности. Внимаваш што зборуваш како на јајца да газиш, бидејќи еден "погрешен" збор ќе ти се пуштат. Сериозно, батали ги. Помалку осамена ќе се осеќаш така отколку со нив сега. Немав воопшто надеж дека ќе најдам некогаш вистински пријатели, ама животот е непредвидлив и полн со изненадувања, кога најмалку очекував запознав прекрасни луѓе кои многу ги сакам и се различни од поранешните "другарки". Да не ги баталев нив, немаше сега да ги имам овие луѓе до мене. Сите луѓе што ги имам околу мене ми се запознати во последните 4 години, никого немам од претходно, никого. Така да, главата горе и воопшто не се грижи. Еден ден ќе си благодарна што си се спасила од нив. Пиши ми слободно и ако ти треба разговор.
Што треба да направам за да разберат луѓево дека не сум заинтересирана за пирамидални шеми и мрежен маркетинг? Стварно не разбираат колку се напорни. Ќе земам на чело ќе си истетовирам "да сум слушнала за лајонес и guess what? НЕ сум заинтересирана"
Најјако ми е ко ќе ги сфатам дека ми праат за пирамидални шеми муабет и му викам извини не сум заинтересирана за пирамида. И ми викаат ама чекај ова не е лајонес ова е за продажба на книги, парфеми итн Буквално сејм шит е дали станува збор за книга или парфем, типот на маркетинг е тој.
Излегувам на пауза во 14:00 часот да купам нешто да се освежам и да каснам. Се полно и крца. Се враќам навечер после напорен ден во 20 часот. Повторно се крца. Работи ли овој народ нешто во животот? Од каде пари за дремење цел ден по кафиња?
Кога ќе задремеш со телефонот и видеото ќе те гледа тебе, место обратно. Па после ќе станеш наспана во 1 и не знаеш што со себе.
Не дека сме немале огромни фејлови и во минатото како Гулабица, онаа Раке Пуке, Раке, Шлаке. Ама ова го пробуши и тоа дно. "Не игнорирај ме, дезинфицирај ме"
Ме нервираш,јас ти кажувам едно ти ми кажуваш друго, ти кажувам што треба со документите да правиш,а ти предаваш смена и повторно си преќутуваш. Што се замислуваш,дека ако преќутиш си добар работник? Дека ако не пренесеш на колега те прави добар работник? Не, не те прави те прави неодговорен и несоодветен за твоето работно место. Џабе ти колку сакаш стаж имај кога не знаеш да напишеш еден лист за пријава. Џабе. Ете ќе видам до кај ќе дотуркаш,копаш јама ама во нејзе сам ќе паднеш!
Само за на Евровизија е. @Ahoy ќе ја биде или остануваш на Бум Бум? P.S. Посилно беше од мене, ама текстот е врв. Ако го заменува мозокот на 5 минути да одморам нека ме контактира
No one: Me: Кога прв пат ја слушнав Раке пуке, раке шлаке мислев дека во песната се зборува за аплауз.