@Ajronmen комбинацијата на сите работи е штетна, не само по себе. Шејковите кои претежно ги има во големите ланци за брза храна и се составени најголем дел од шеќер (ванила шејк, чоколаден шејк) и овде да ги додадам smoothies од манго, рибизла и сл (што се пак сируп од шеќер, арома и боја + лед). Нагласив вештачки зошто нема ништо природно во нив, освен, можеби ледот ама и за тоа не сум сигурна Друго е smoothie од манго кога сам ќе си го направиш, друго е од овие места
Она кога ќе сфатиш дека една од најјаките форумџики уствари има ник ставено по фудбалер @KateKane поз
Читам на страна,што ете некако ја респектирам и читам наслов "Ровја убила 17 луѓе во Индија".РОВЈА бе, баба ми така се изразуваше. Што новинари се бе тие,постојат ли лектори кај нас ,или работат по бутици ,па затоа ни се случуваат вакви глупости.Па и на синхронизираниве ни серии кога ќе слушнам "бутај","рипај" ...
Мразам што не купувам глупости. Одамна ми е јасно се. Колку чини еден човек? Онолку колку што не е свесен за својата вредност. А кога препознавам свои зборови... Претпочитам да сум потценета, него ли преценета, инаку нема да имам можност да ги видам правите лица. Луѓето се чудесни глумци и себепрезентери...
Стварно?! @KateKane вистина ли е? Ништо не му фали на зборот ровја... Одамна е дел од речникот на македонскиот литературен јазик и убаво е што се користи. Тоа што вас не ви се познати таквите зборови не значи дека не треба да се користат. Малку повеќе читање книги од постари македонски автори не е на одмет, исто и постари преводи на книги.