Ти благодарам на укажување на грешка . Сметав дека припаѓа во дијалектички говор, затоа што скоро и да не сум го сретнала во секојдневие,понова литература,медиуми ,каде нели треба да се промовира употреба на литературен македонски јазик. Кај нас , зборот се употребува најчесто како молња и гром,помладава генерација верувам дека не знае што значи ровја.
Истово ќе го пишев. Во денешно време во секој стил на изразување покрај националната се користи и интернационалната лексика.Новинарскиот/публицистичкиот стил намерно користи стари зборови од разно потекло за да влијае врз слушателот и/или читателот.Колку е нешто поемотивно кажано,толку повеќе го влече слушателот или читателот да го следи авторот и/или медиумот.
Не разбирам, а се обидувам. Лично во секоја ситуација бројам до 10 и барам начин како да се изразам, ама ова со другиве луѓе е неописливо.
Не се обидувај да ги разбереш, ниту тие сами не можат да се разберат. Однесувај си се како што си се однесуваш во секоја ситуација. Мислат дека повеќе вредат од другите затоа е тој начин на однесување од нивна страна.
Само не можеме да задржиме внимание и трпението ни е слаба страна.И ние бараме разбирање да не бидеме веднаш карактеризирани како "егоистични гомна".
Ова се однесува за екстремни ситуации кога напаѓаат. Не за сите кои немаат трпение и внимание. Прочитај ја членката погоре.
А може и едноставно треба да не се замараш со луѓето и да им вршиш психоанализа, или ако ти сметаат само да се дистанцираш од нив, оти секакви не има. Некој е повлечен, некој е импулсивен, некој 100 пати ќе премисли пред да каже нешто, некој има само жолта минута.
Во право си. Сите сме различни. Сакав само да кажам дека таквите луѓе ми делуваат чудно во моменталната ситуација.
Општо беше напишано и не се однесуваше на психоанализа на ниту еден член од тука ниту на ваши дискусии. Не знам зошто се пронајдовте во мислењето.
Не ве познавам ниту тебе ниту членката погоре која се пронајде во мислењето , но сигурно не припаѓате на таа група на луѓе која погоре е дефинирана со тој термин. Таквите луѓе од наведената група се препотентни и во драстична мера имаат проблем со самоконтролата, трпението и вниманието. И не заслужуваат да ги наречеш со некој пристоен збор освен со терминот погоре.
Абе добро лелее не ми се правдај, пишувај си на темава, само се надозврзав пошто се пронајдов од друга страна, не е ништо сериозно на форум сме
„Možete se izlečiti od svake bolesti. Samo prestanite da radite ono što vas jeu činilo bolesnim, a počnite da radite onoš to će unaprediti vaše zdravlje.“
Не можам да разберам како луѓето толку лесно можат да веруваат во теории на заговор, а не и во медицина и релевантни докази.