Не се фарбам, ако ми велат. Само ми се смачи да им кажувам на сите оди така сакам Треба да се подразбира...
Очигледно, треба да погледнеме некоја "маана" во, нив и да им шлепнеме, е ај ела да те видам. Туку, да не биди така работава.
Имав пишано пред некое време дека иако не е помината ни половина од годината, гадура на 2021 ми е овој. Со самата прва реченица кај што вика као демек ау вие жениве ќе сте станувале лидери го потценува цел женски род. И не му е прв пат. Колку за информација, еве мајка ми е 10000 пати поголем лидер од него, затоа што жената успеала да изжонглира и да работи за да ме издржува мене и да не биде се на татко ми да плаќа и да чисти дома и да зготви и да не дозволи дома да ни фали нешто. Таа жена што ноќи не спиела за све да стаса е 1000 пати поголем човек, 1000 пати поголем лидер од мочковци кои си доаѓаат дома со 4те нозе у вис и дремат со прстот во нос. Секоја жена си е убава на свој начин, било да е кариеристка, домаќинка, било да сака да работи по цел ден или домашни обврски да си тера. Од друга страна, исклучително грди луѓе се сите тие што сакаат да ни кажуваат нас како да правиме, да не става во калап и да не понижува дека не можеме да сме лидери. Овој ќе ти кажува дека манџи треба да правиш бе, имам 1000 пати поголем капацитет за наука од него, слободно нека ми искочи на дебата за што сака, ќе видиме кој има повеќе знаење за која сака тематика. Го закопува секој противник кој дебатира со него, па ќе се чатали на фб и ќе збира лајкчиња од конзерви ко него. Среќа па мрда светов напред, можат само на фб да мрчат вакви. Уште тоа им остана.
Типиќен несигурен дечко со скршено его неможе да поднесе сите околу него жени кариеристки а тој незабележлив. За глупак е сметан со тоа со овие нови генерации, изумреа веќе тие што животна цел им беше маажо главата на куќата да го задоволат.
Аии мене денес ме скрши трагедијата со самоубиствата.Многу трагично сепак штета што брзо се откажале, избрзале, на крајот би победила љубовта но емоциите неможеле да ги контролират..
Цел ден мислам на тоа колку и да се трудам да не мислам на тоа.. Си правам филм што имало помеѓу нив и која е причината што дошло до тоа. А плус и ме потсети на близок братучед кој се самоуби. Еххх бе луѓе, има решение за се.
Тие жени што го подржавате моронов изгледа немате храброст да кажете не и немате самопочит инаку ке јадете ќотек. Кој сака бе да готве и чисте цел ден улави ли сте вие?
Јас мислам дека не е недозволена љубов бидејки и претходно биле верени има многу подлабок мотив, сепак неможеме да ги вратеме...
Во некои ситуации само тие знаат што и како било. Братучедми беше смирен и весел до последен момент со нас. Ама само тој и Бог знаат што имал во главата кога легнувал да спие...Жално.. А и новинариве малце претеруваат. Сепак не е се за во јавност, посебно не вакви случки.
Секоја жена што успева да опстои во вакво мизогино општество е поголем лидер од него. Човек кој само знае да плука, да фрла отров, да користи најгадни зборови кога зборува за луѓе кои се различни од него, да направи се за да омаловажи неистомисленици. Што направил овој освен што хејта све живо и диво? Ми наликува на некој исфрустриран лик што никој не го сака, што од овие најмногу што ги плука никој не го есапи ни 2%, не знае како да привлече и со што веќе да привлече внимание, па се труди да собира лајкчиња од закоравени мозоци што жената не би ја пуштиле ни до продавница. Никој од тие што најмногу ги плука не му обрнува внимание, значи не се замараат со него, ама баш ич, си го тераат животот по нивен терк и не им е гајле. Може само хехенца од другарчињата да си собере, ама дека ќе ја врати жената само за манџи да прави и машини да пушта мало морген. 1000 пати пособни жени од него почнуваат да газат низ државава, тој може само да седи и да плука. Само тоа и го знае.
А па што те гледам чудна тебе, што им се објаснуваш воопшто? Порано и јас така и кога ќе се разврзеа муабети до недоглед, абе на Марето и била средена, на сестра и не па не ја личело исто ко тебе бла, бла, бла... Сега ако ми пререче неблиска особа која воопшто не би требало да ја засега мојот изглед нешто во врска со него ич не реагирам, за блиски си велам тоа е моја работа и така. Најблиските знаат за одредени теми како размислувам и не разговараме јасно ни е на сите кој што мисли, прави, е ако сакаме да се препираме може да спомнат и отворат теми на кои имаме судир на интереси, мислења и ставови јер се кога е рамна линија не е интересно, треба малце да се таласа
НА ЕСЕН ЌЕ СЕ ОГРАНИЧИ ДВИЖЕЊЕТО НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ЛУЃЕ ВО ДРЖАВАВА Министерот Филипче вели дека во текот на летово ќе се обидат да ги убедат граѓаните да се имунизираат, но доколку заинтересирани нема – тогаш можно е да препорачаат и вакви мерки. Хахах, да потсетам ова е Маќедонија, кај нас не функционира ништо. Па ќе не убедувале за вакцина. ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: 15% ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ ПЕРСОНАЛ И 30% ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НЕ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ Очекувано......
Има луѓе што го подржуваат типов, тоа се оние што сеуште веруваат во патрихијално општество. Купуваат невести во Албанија, да им готви,пере и раѓа децата. Додека тој нели ја купил е мажот во куќата и глава на маса. За нив жените со успех и кариера се растурикуќи. Е сега кога сме кај патрихијалното општество да кажам дека купенава невеста исто така мора да ги трпи и хистериите на мажот, да преќутува за модринките,да биде природно глупа и да не збори многу. А да не споменам дека патрихијалното општешство во некои држави е нормално да се омажи невеста од 16 години за старец од 75 години, и има обврска дете да му раѓа. 16 годишно девојче!!! Слободно пренесете му на типов дека тоа што подржува општество кое содржи насилство,педофилија и продажба на невести (читај секс робинки). Нека не си јача его дека ако не пере и не чисти е МАЖ НА ГОДИНАТА туку ништо друго освен едно обично зацутано МУЛЕ!
Кој е овај? Па уште почит, почит за овој?? Грав сам нека си свари и машина да пуштиш е лесно, нека се научи типот ако не знае. Не значи дека ако е жена, мора да роди. Каде женско лидер да биди, ами деца, ручек кој? Брука на годината. Ау ми се згади шо прочитав
Поддршка на нечиј став е океј. Не е океј ако пробаш да му забраниш на некој да има таков став само оти е од одреден пол и не ти оди во прилог. Пример, јас како жена можам да се согласам со кое било машко на форумов, и то да е океј оти мене ми се допаѓа неговиот став. Не е нефеминистички и не можи другата страна ако е женска, да очекува поддршка само зошто ист полов орган имаме. Особено ако та жена плука по жени и ги множи со нула. Оф ќе се оддалечам од форум малку и недостигате. Како сте домаќинки и лидери?
Ах Мила, Мила. Ќе ги уништи и онака непостоечките човекови вредности. Не знае кај тера жената. Ќе ја освести некој, се надевам.