Пред некој ден имав напишано пост,и побарав од Модераторите да ми се избрише постот,но овој пат деф ке остане засекогаш тука. Овој пост не е наменет,ниту некого да привлечам со внимание,ниту некој да ме жали,или стресувам,овој пост е наменет ДА СЕ САКАТЕ И ЖИВЕЕТЕ СО ЉУБОВ И РАЗБИРАЊЕ ПРЕМА САКАНИТЕ. Пред неполни 3 недели,ми најдоа болест ,болест која е модерна,најмодерната болест за жал во 21 век Ракот,ми го најдоа на левиот бубрег,искрено бев изгубен,стресен,шокиран,и ке излажам ако кажам дека во иднина не го очекував ова,го очекував затоа што мојот начин на живот беше катастрофален,како со стресови така и со исхраната.Верувајте дека секој ден,све повеќе и повеќе си го сакам животот,си ги сакам најблиските,но што и да се случи јас нема да се откажам од борбата што ме чека,која е долга,исцпувачка но тоа е друг избор немам.Не прифатив хемотерапија нема ни да прифатам,идам со алтернативна медецина (масло од канабис),и верувам дека ке биде се ок.За жал поминав ПРЕМНОГУ работи во животот,некој од Форумов знаат низ што све имам поминато,но не мислам на никој лошо ништо искрено,све што ми мислат дупло нека им се враќа.Го сменив веќе начинот на живот,се хранам здраво,скоро 90% од храната која ја конзумирав ја нема повеќе,и ми е искрено по убаво,јас се надевам само на добро и позитивно,па како е пишано така ке биде. Водете грижа за себе,давајте љубов без разлика на исходот,животот нема реприза,заборавете на злоба,не ја полнете душата со омраза и црнила,зашто каква е душата таков ке ви биде и животот.Сакајте ги блиските,негувајте ги со убави зборови,затоа што незнаеме животот каде не носи,денес сме на Светов, а утре можеби не. Извинете на долгиот пост,се надевам се читаме за убави работи.
Лежам во кревет, го слушам дождот, сѐ мириса на убаво. Мал црвец со Мамо " 1000 зошто, 1000 затоа" прашања, како и дождот не ме остава да спијам... И тука сфаќаш дека среќата е во малите нешта... А да, и во ладовинката која ја пружа дождов. Нек потрае,
i sakam da kazam deka momentite sto mi se slucuvaat zasluzuvaat poveke vreme, prostor i pocit od moja strana a sakam da bidat bezvremenski bidejki se edinstveni, unikatni i nepostojani za mene.
Не знам шо се случува со маживе. Не сите, ама поголем број и тоа постари мажи. Само зјапаат како жена да немаат видено. Возат и наместо да гледаат напред да не се мавнат некаде, тие главата на страна и зјапаат како будали. Пешки исто, да застаниш да чекаш нешто, пак како манијаци. Веќе подолго време забележувам, денеска па денов хаос. Влегов во туристичка агенција, гледав понуди, маж беше океј тоа ми кажа се и станав да си одам и се завртив да му кажам дека ќе поминиме од понеделник и типот 45+ без срам во задникот ме гледаше, кога видов косата ми се крена и го загледав така и се завртив со лице не кај него и му реков не, нема да појдиме. Купувам месо исто, мажи внатре како жена прв пат да гледаат, јас не знам шо е ова. Веќе долго време забележувам и ми е преку глава, после зошто сум пцуела.
Аман веќе до кога со тоа чипувани па чипувани. Имате метал во телото, имате чип со IP адреса… Чипувани жими гзов.
Што побрзо да оздравиш и да не израдуваш тука. Во животот некогаш водиме тешки борби, ама важно е да се издржи. Бори се и секогаш со позитивна мисла. Ќе се молам за тебе. Не е ова дека те жалам, ти се восхитувам на храброста. Ти испраќам поддршка
Има два типа на луѓе на социјалниве мрежи и тоа оние кои секој ден постираат слики и оние кои воопшто не постираат. Не ги разбирам ни едните ни другите
Извини што не те сакав класично... извини што не те сакав онака како што си сакал да те сакам!? Извини што не ставав на секои 2/3 дена по една слика со тебе по социјалните мрежи и што не пишував на сликите што ги објавував колку сум среќна што те имам и колку многу те сакам. Извини што не ти честитав роденден со слика на ѕидот на ФБ и предолга порака ископирана од интернет, за да прочитаат и знаат сите што ти посакувам. Извини што не ти честитав име и годишнина на сличен начин како роденденот... Извини, што ете, не го сакам тоа јавно "лигавење". Што, ете, сакав нештата да ги правам поинаку. Што сакав во живо секој божји ден да те гушкам и бакнувам од срце за да чувствуваш како те сакам. Да ти кажувам во живо колку те сакам и што сè ти посакувам за роденден. Извини што ми светкаа очите како бисерчиња секојпат кога бев покрај тебе. Што секој ден ти давав до знаење колку многу ми значиш и колкава голема желба ми беше. Моја најголема желбо. Извини што сакав да те бакнувам по сто пати на ден. Оние кратки бакнежчиња на образот, на челото, на носот и очињата. Знаеш, оние бакнежи што ми кажуваше дека не треба да ги правам, дека биле детски и незрели... Да, навистина беше така - извини што те сакав детски, и што ти се радував со цела душа и цело срце, искрено - баш онака како што само децата знаат да го прават тоа. Извини што моето сè, тебе во ниеден момент не ти било доволно... Извини што се свртев против светот за тебе, а ни тоа не беше доволно. Извини што бев подготвена на сè за тебе. Извини што толку ми фалиш. Проклета нека сум... Извини што уште те сакам. Извини што се плашам дека нема никој друг да сакам како тебе. И извини... што мислам дека никоја нема да те сака како јас - така детско и така искрено. Се извинив сто пати. А ти... ти би сакала само да ми се извиниш што не ме ценеше и воопшто не ти значело сè што правев за тебе...
Е баш ова го гледам и го размислувам овие денови. Толку неиживеаност неам видено. Мравка да помини ќе се искоментира и ќе се изгледа од глава до пети, па и еден муабет од типот "леле брат види ја оваа шо би и праел"... Дај боже жена да не видете у живот уште еднаш, гадови
Ми се случи еднаш, се шетавме со дм,јас си јадев сладолед и поминуваат двајца на мотор и едниот вика “види ја оваа како го мрда газето”. Господе Боже
Ти благодарам премногу на подршката. искрено не очекував у пп толкава подршка,фала ви ми значи потикот за борба и подршката која ми ја давате,нема да е лесно но never give up
Јас кај што работев на едно место, повеќето беа мажи. И небитно дали беа сингл, во врска, во брак, не дај боже да влезеше жена значи. Незгодни погледи, дофрлување што и да каже, лижење усти, па кога ќе искочеше жената сите синхронизирано ја скенираат од позади, прават животински крици. Само тоа беше тема на муабет...ми се одмили животот тој период дур работев таму.
Порано не беше вака, не до толку. Па кога ќе видам стари чичковци, а ќерка можиш да му бидиш ми се гади. Долго време заблежувам, алармантно мислам е станато, да ти е страв дури. Жената само како гз и цицка ја гледаат. И кога ќе прочитам дека сама си го бара, посебно од жена скроз збеснувам.
@ЕденЧлен Друже наш! Хероју наш! Ти знаеш дека си еден од најјаките членови тука, памтам кога си пишувавме,колку само знаеш да ислушуваш и дадеш совет. Знаеш, со тебе сме , од почеток па се до опоравувањето. Ние сме со тебе, Господ е со тебе! Верувај, надевај се и диши. Те сакамееееее! Ти си чудо што ќе го промени светов. Ти си оној убав процент кој е спасен и се опоравува од оваа појава!!! Веќе гледам како виртуелно не честиш сите! Насмевки, победнички солзи, хероизам! П. С. Ако ти треба што и да е тука сум во ЛП.
@ЕденЧлен ти посакувам да го победиш чудовиштето, т.н. рак и целосно закрепнување. Ние веруваме во тебе и ти ја пуштаме цела среќа! Остани позитивен како што си!
Ме расплака, ја осеќам енергијата на овој текст,се наежив да знаеш.Ти благодарамм премногу на подршката,ке победам знам и верувам,и оваа битка ке биде моја победа.Да си здрава и жива,и само насмевка да имаш на лицето Ти благодарам многу,здрава и жива да си.