Стварно не ве разбирам, имате по 20 и кусур години како од планина да сте дојдени. Истиот менталитет од средно го терате ништо не се сменило само што сега пари имате во џеб.
Кога се работи за брза храна немам никаква самоконтрола. Минатата ноќ умрев од мака со алергии, ми кажа докторката да не јадам ништо вештачко, мрсно, штетно и издржав цел ден до сега. Тост со помфрит смачкав во 00:30..
Поздрав до модераторот што ми го избриша постот во Огласи за вработување. Друже, не беше сладоледот наменет за таму, туку за овде! Касно видов да ти кажам за префрлување. Да не мислите кој сладолед бил. Еден изедов цел, ПМС синдром, си јадам и плачам. А другиов не е ни пипнат денес. Ајмооо, частало.
Колку е убаво чувството кога некој ќе си го добие заслуженото. Маалски ,,фраер" удира девојче, по што доаѓа вистински маалски фраер кој ја превзема правдата во свои раце, на што првичниот моли за помош. Плачи за помош, смрад еден, не си толку јак кога сопствениот пол ќе ти се спротистави. Пред некој ден уапсено лице во Хрватска за претепување на рандом жени. Девојки, доволно е шамар, клоца да ви удри, за друго да не правам муабет. Не сте заслужиле, нема ни да заслужите. Секогаш ќе има некој кој навистина ќе се грижи за вас, ќе ве сака, цени и почитува. А тоа сигурно не е оној што се осмелува да ве удри. Не знам што е со светов, а гледам веќе и кај нас се интензивираат вакви појави. Што почесто да си го добиваат заслуженото. За такви кукавици од мажи, само ќотек вратен со иста мера. Во прилог видеото. https://mobile.twitter.com/The_Chief86/status/1417802769155694598
Вообичаено не сум за око за око заб за заб, ама баш ми е мило што дечкото во бела маичка му покажа каде му е местото. Она што забележувам и што ужасно се повеќе и повеќе ме иритира, е кога има случаи на насилство, а луѓето реагираат со снимање со телефон, наместо да пробаат да ја одбранат жртвата. Девојчето се трга на страна и бега, идиотов ја удира, а дечково/девојкава снима. Мислам WTF? Барем нека се јави во Полиција кога не можеш физички да се спротиставиш. Среќа не ја удира премногу може да заврши фатално и среќа што дојде дечкото во белата маичка да ја одбрани и да го подбере створов. А овие и во 2та случаи снимаат, и фаќаат сеир.
Да имате ваучери како поклон од државата освен на облека,ташни,шминки и парфеми на што би ги потрошиле?
Зависи колку е вреден ваучерот, ама сега многу пари ќе фрлам на принтање фотки и на декорации на стан
Сакам да се подновам со нов паричник, им кажувам на моите... Татко ми одма ми препорачува што го видел некој кафен, кожен, цената, боли глава... Мајка ми, преку него оди и вика: "Чекај, многу е битно каква боја на паричникот ќе одбереш, не е само во тоа колку е скап. Која боја на паричник највеќе пари привлекувала, читав на фејсбук." Ајде, викам, кажи каква боја да одберам. И чита... "Ако купиш црвен, тоа значи дека повеќе пари ќе привлекува и одма елиминира негативни вибрации. Ако земеш црн, значи дека привлекува богатство и ќе имаш многу пари, син, ќе се збогатиш за брзо време...зелен...со текстура... ваков, онаков... А еве и кафен... и за овој пишува како црниот дека привлекувал пари, и многу богаство носел поготово ако бил скап." Добро, фала ти мамо, значи сите бои носат пари. Фала ти. Ќе го земам кафениот и очекувам да почнат да врнат пари. П.с Еве ја статијата за тие што ја бараат. Дно.
Она шо не ми беше јасно сабајле, вечерва само се одговори-стварно јавна соба и за мажи можела да биде https://telma.com.mk/2021/07/21/мажи-од-струмица-уценувани-со-експлиц/ Видиш ти ова @WildMk ? Абе што се дешава у државата @Billy Idol не повикано -купи се кафен, ама од зелено пазарче, кожен. Квалитет загарантиран,успех-мање више
Тие почнаа (одамна) да се прават операции и од мажи да стануваат жени. Мажите почнаа да се депилираат, почнаа да стават носат сукњи, да се шминкаат.Трансвестити станаа. И нормално, за ова нема ништо чудно, нели? За светот се е ок. А, пред некој ден неколку жени, се појавија со природна, нефарбана коса- денес читам наслов ЗОШТО НИ СМЕТА СЕДАТА КОСА НА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР. Немој молимте.....