Аман. Ама стварно, аман. Нареднава недела ќе бидам на трња зашто џабе ја информирана, џабе вакцинирана, пак до последно нема да знаеме. Ја само знам дека ако не ја биде, јас нема да бидам на арно. Сигурно е убаво да бидеш игнорантен, да не носиш маски, да си тераш одмори и да си одиш по журки зашто баш тебе нема да те потрефи вирус. И сега ајде ова пута 3 000 000. И кој ген ако може да ми се каже е ова, да најдам начин да го активирам зашто ја со моево не можам.
Сѐ беше прекрасно на плажа, и џагор од деца и водата топла додека не дојде танкер(брод). Ѝ се тргна наопаку.
Таа љубомората и зависта шо ја чувствувате према други, в г’з да си ја напикате. Тоа шо смислено му наштетувате некому, х10 да ви се врати. Наместо да губите време во мислење како да расипете нешто шо некој од петни жили се труди да го створи, земете и смислите како вие да бидите поуспешни од тој на кој му завидувате. Пошо со вашата злоба на тој некој можда сте му расипале ден, расположение или сте го оштетиле за некоја сума пари која тој пак ќе ја заработи ама со таа истата злоба вие си го уништувате вашиот живот. Едноставно ми тежеше ова и морав да се искажам, keep scrolling.
Во станот на мајка ми и татко ми во Италија на балконот веќе 4 години доаѓаат голуби и ги хранат. Неодамна родија и мали голупчиња. Имаат и имиња, Величко, Петричко и Павле. Утрово комшиката која е стара баба и е Италијанка и мрчела на мајка ми и ја пцуела поради голубите зошто моите родители ги хранат а верувам и многу станари го прават тоа како моите. Им се заканиле на моите со пцовки дека ќе ги пријават и може да им стигне голема казна. Мислев дека некултурата со пцовки ја има само кај нас ама сум се излажала.
Сигурна сум дека твоите имале добри намери, ама во добар дел од државите хранењето и одгледувањето гулаби е забрането. Прво претерано се размножуваат, второ изметот им содржи материи и паразити од кои и луѓето можат да заболат, трето околу нивниот измет се собираат бубашваби и лебарки. И затоа дури и преку храна ги стерилизираат во поголеми градови и имаат малтене статус на штетници. Чисто да знаеш зошто веројатно се лутат комшиите И јас сум хранела гулаби иначе, и исто родија мали гулапчиња, ама треба многу пазење и многу чистење за изметот.
Мажите што се депилираат е рамно на фарбана коса. Изглед е во прашање. Рестото, нема врска едно-со друго. Имам бели влакна и не се фарбам. Испадна, дека скоро сите имаат 'забелешка' за тоа. Им реков дека 'Така сакам'. Ако им смета, нека мижат кога ќе ме видат
Се океј ама постои добар начин и на убав начин да се каже а не со пцовки, клетви и што уште не. Инаку моите не ги одгледуваат, туку доаѓаат од време на време и ги хранат, секако не секој ден, не може да ги тепаат, пошто е греота еве и ги жал. И моите не се единствени кои ги хранат, туку уште пет шест станари од зградата. Ипак поентата ми беше дека треба со смирен разговор да се решат а не на ваков начин.
Си во право, ама речиси сум сигурна дека хигиената е на завидно ниво. Спротивно не можам ни да замислам. Може доаѓаат таму за јадење, па по нив секако се чисти. Е сега, што прават на туѓите тераси и како се носат со тоа комшиите, не знам. Како и да е, поентата на мислењето беше друго, пцовките. Односно начинот на комуникација. Можела рецимо комшиката на културен начин да објасни зошто и пречи ситуацијата.
@Lianna Anna @bicycle Секако, не ја оправдувам жената На смешната страна, Италија ти е некако како Кавадарци, они без пцовки дали воопшто можат да се изразат (го обожавам кавадаречкиот дијалект) А и италијанските баби се навикнати да се главни
Зошто менувате слика на фејсбук секои 16 секунди, зошто? Барате нечие внимание, патите од недостиг на истото? Па ги поздравувате месеците побогу, hello, please be good, can't wait to see your surprises.... Као демек ќе ви одговори август : еј Петранке не знаеш што ти спремам хехе.... На кои дроги сте бе алоооо....? A вие попалени, самобендисани тинејџерки што прчите уста по цели денови, деколтињата ги ставате на изволте и изигравате Ким Кардашијан знаете кога у живот бевте најблиску до истата? Пред некоја година кога гореспоменатата фамилијарно беше на Санторини. ....Се мразам себеси што ја знам последнава информација...
Каков смирен разговор после 4 години? Добро физички што не се пресметале. Сигурно не им е еднаш кажано во тие 4 години.
Многу си огорчена од сопствениот живот,па гледаш во другиот. Јас сум била на Санторини дали тоа ме прави Ким К? Не, не ме прави. Намали малку со цигарите,ти ја трујат главата.
Голубите никому не прават штета. Жената е најгласна у зграда, се нешто и пречи нејзе. Се нешто и смета. Како може цела зграда да ги храни а само таа да мрчи? Не и прави неред у нејзин стан.. Прв пат и е ова со нас, а претходно и со други за ситници се карала. Дојде полноќ, само таа се слуша како се кара и тропа по комшии или тонот на тв појачан до даска и се расправа со сопругот. И цела зграда трешти од неа. Според таа логика за нејзиното нарушување на ред и мир треба да одам да ја пцујам и колнам?
Кој чисти, нека дојде и кај мене да исчисти. Кога идат за јадење, идат и за какање, тоа е Кај нас само бабата ги ранеше, па 1 година се убедувавме, па сега по помалку ги рани и попомалку какаат. Е сега, не сме Италија, не се пцуеме и не е многу интересно Дефиниција на денот. Амин.
Па ако 4 години како таква ја трпам, ми нарушува мир, одговорни ништо не превземаат, најмалку што можам е да ја опцујам. И ич нема да ми биде срам. Исто и за вас со гулабите.
Цела зграда ако трпи години од жената можеле да ја пријават досега, барем во странство тоа е регулирано. И тоа шо тие ја трпат не е причина да храниш гулаби за да ѝ прават неред. Едноставно не сака жената да ѝ доаѓаат на балкон, ако сакала ќе земела питоми и ќе чувала. Не дека треба да ги тепаат или бркаат ама ако не им оставаат храна по некое време ќе прекинат да доаѓаат.
Затворен и е балконот, то ест преграден. Има некоја постава, не знам како се викаше. Не можат да одат кај неа голубите. Ако сака да излезе на балкон, го отстранува тоа, прилично лесно е. Како врата на лизгање е поставена на оградата на балконот. Убаво опремен и е. Додека бев таму, колку што приметив ниту еднаш не беа у нејзина близина. Инаку комуната одамна е известена за проблемот со голубите, затоа што нема само кај нашите згради, скоро низ цел град, ама ништо не прават. Не знам зошто така.