Јас мислам дека ти си една од тие што намерно праќаа слики кај Сергеј во емисија порано со цел исмевање и бламирање на ривалки. Несвесни дека таквиот потег е одлика на вас самите и вашето домашно воспитување,исто несвесно за психолошката тортура кон некого. Ама има нешто што сите не стигнува животот, се вика КАРМА па тогаш никакви изговори и оправдувања не те спасуваат. Затоа носето во твојата торбичка и не се прави нешто како дека си над сите бидејќи не си.
Ние го имавме истиот проблем само со мачки. Комшиката наша решила да биде хуманитарна па секојдневно оставаше храна за уличните мачиња. Крајниот резултат беше постојано мјаучење пред зграда и парење. Три деца добија алергиски осип и гребнатини по лицето и рачињата оти деца како деца си играле со мачињата. На крај, после година и нешто и се симна комшијата и и рече дека ако уште еднаш остави храна пред влез ќе собереме потписи и ќе ја замолиме да се исели. Пцуеше, не навредуваше, ни велеше дека сме бездушни но од тој ден пред влез не оставаше храна. Па така целосно ја разбирам жената и немирот кој го има од вас.
A нашиот немир што ја трпиме секоја вечер додека урла и донесува немир на сите станари? Или тоа го игнорирате плус фактот дека комуната е известена за проблемот со голубите многу пред да одат моите таму да живеат но ништо не прават? Само така, игнорирајте се друго. И кажав многу пати - не и штетат на жената, не и одат на балкон, читајте до крај, аман.
А како тоа не и штетат кога неможе да си го отвори балконот? Може вашиот балкон не е среден но ако нејзиниот е како мојот со тепих, вештачка трева и слично и те како би ми сметало да имам измет од птици. Друго, ако сакате птици чувајте ги дома. Ако немате услови волонтирајте некаде. А тоа што вас ви смета жената можете да и укажете исто како што таа ви укажала вам дека и сметаат гулабите.
Твојот комшија наместо да ја направи идиотската постапка можел да контактира здружение за заштита на животни за да ги згрижи мачињата и да им најдат домови.Или можеле повеќе комшии да соберат пари и да ги однесат мачињата кај ветеринар.Децата немало да добијат алергија. А,во случајов гулабите не седат кај таа госпоѓа,па да ѝ сметаат.Таа е само Карен која драми безвезе.
Имавме викнато два пати и не направија ништо. Се додека имаше храна се собираа од секаде. Би било супер кога во Скопје би имало само 2 или 5 бездомни мачиња ама реалноста не е така. Ставај храна секој ден пред влез па ќе видиш што ќе добиеш.
Ко прво, сите станари ги хранат голубите, не само ние. Освен она. Kaко второ балконот од секогаш и бил таков среден, многу пред да доаѓаат голубите, ова кажано од станари. Нема трева, обичен балкон, малечок. Ко трето можела убаво да каже на сите да не ги хранат а не со клетви и пцовки. Ко четврто немам намера да се објаснувам повеќе. И ко последно, не знам по кој пат ќе кажам, известена е комуната, нека си ги среди тие проблеми со голуби, зошто нема само кај нас у зграда, туку секаде. Како што е среден проблемот со кучиња скитници може и со голубите. Следен пат кога ќе заминам Италија потсети ме на исти начин да ја пљукам. Не ги чуваме, доаѓаат и си одат, чат пат им фрламе храна ние, чат пат други станари. Не ги бркаме да одат у нејзин стан побогу. Ама како и секогаш, сакаде да испревртите муабет.
Не испревртуваме само укажуваме како е кога си од другата страна на приказната. А ти можеш да и помогнеш на комуната со тоа што нема да ги храниш. Кога живееме во зграда треба да сфатиме дека не секогаш нашите постапки кои сметаме дека се добронамерни ќе бидат прифатени од сите станари. Затоа треба да се разговара, да се ислуша и другата страна и да се бара компромис.
Кој сака,ќе најде начин. Ако едно не реагирало,можеле да контактираат друго и трето. Можеле да објават огласи на вебсајтови за огласување и на социјалните мрежи за некој да ги земе и како што реков,можеле да соберат пари за да ги однесат на ветеринар.Тие се хумани решенија. Злобно и безобразно е да му се закануваш на некој оти нахранил гладни животни.
Важи, остави ми број па нареден пат ќе те бараме тебе. Верувај ние и ќе ти платиме за услугата, ти само најди вдомувачи. Вака кога пишувате се прашувам дали живееме во истиот град, истата држава. Да беше Скопје толку розово ние немаше ни да имаме бездомни мачиња. Ама ајде..
Таа не знае да прави компромис тоа е проблем. Нејзе се нешто и пречи, а за проблемите што ги прави таа, никому ништо. Можам да набројувам до утре што прави и како се однесува, ама голубите се проблем. Се е пријавено, и таа како се однесува и за голубите, тоа што одговорните не го средуваат проблемот е нивна вина. Ете, и да не ги храниме, ќе одат на друго место, па тие ќе ги хранат, и?
Абе немате совет во зградата? Задолжителни се. Договорете еден состанок и разберете се ко луѓе. Затоа ги смислија советите.
Дадо, тоа не го менува фактот дека старава и за мали ситници прави проблем. Кога не беа голубите проблем и пречеше друго. Колку пати е предупредена за тоа што секогаш во доцните часови е најгласна, и нарушува ред и мир залудно е. На газдата на зградата не му е гајле, гледа само пари у џеб да стави од кириите. Лифтот никогаш не го затвара, ако не го затвори, нема да функциунира и ред други работи. Да не отварам пак тема тука. Состаноци досега немало колку што знам. Никој не се замара. Кога се вселија едни до нас, мислам дека беа од Словачка, едвај издржаа 3 месеци од неа додека им беше работната сезона. Како и да е. Поентата е дека има убав начин да се разбереш со некој, ама таа само знае да врти на кавга.
Нема врска газдата со советот. Станарите се во советот. На тој состанок и тоа ќе си го кажите, дека прај галама ноќе, дека и таа вам ви смета. За се' што е проблем во заедницата
Во старата зграда кај што беа моите газдата знаеше да тропне на врата ако има некој проблем кај некој или со некој станар. Да се потруди да најде решение прифатливо за сите. Човекот се трудеше исто и станарите, ваму не. Ќе видиме како ќе течат работите. Само шо немаше потреба од толкава галама.
Ама нема врска газдата. Ви ги продал станојте, сега ваши се. Не е негова работа како ќе се организирате.
Знам дадо. Само што во зградава треба сите да се договорат, не само еден да свика состанок туку да се согласни. И секој да ги изнесе проблемите и да си стои на тоа. Јас не ги правдам моите и станарите што ги хранат голубите, хигиената плус е на завидно ниво па толку да е засегната ама ок. Одам да спијам, добра ноќ.
До сопственикот/ сопственичката на фемина, дајте и плата на @WildMk јер насекаде ја има, се плашам и фрижидер да отворам
Сдк дека не знам како сум (уште) жива со олку премалку спиење и олку многу нервози долг период. Изгледа не си ја знам силата, ама се плашам еден ден да не се урни сѐ наеднаш..