Ах што ми е мил животецов што не сум мажена и не му ја мислам на ништо освен на плата,шопинг,шетање,филмче,цигари, нешо за грицкање,пиење,третмани.... кулирам...
Неќам плата. Само ако ме банираат перманентно, да ми го избришат профилот, сосе сите постови. Така е договорот. Од моја страна барем
Wow, после сите шпански серии - мојов живот е најшпански. Немам корења, моите родители не ни ми биле родители, билошките ги знам - во брак биле и двата кога сум се родила јас. Али, ќутам дома. Мајка ми само мисли дека знам толку колку што сака таа - 20 години под хипноза бев. И не е само тоа, молчам дека се знам - посебно лошите моменти. Ја блокирав на фб за пример, не сум во робија ако сум разведена. Немам корени, иако 4ца од моите тн родители се живи. Конечно не морам никој да импресионирам, посебно не таа што ме гледаше од немајкаде. Фала ти, оооо фала ти, таа што ми овозможи на се да се сетам, што ми даде клуч моето вистинско име за да се сетам на се. Знаев внатрешно дека не припаѓам тука. А ти, душо моја, душо од не знам ни каде, можи да ми дадеш корени? Можи да ставам корени барем малку каде што си ти? На здравје лагите, ајде, напијте се во мое име уште еднаш. А за сестра ми, постои посебен круг во пекотл,
Понеделник е Леле колку не го сакам денов Пијам прво кафе,па англиски чај… Дупло кофеин на најјако пуштен. Нека помине времето побрзо
Со кој памет во ваква ситуација и немање избор сеете отров дека луѓе умирале од таа и таа вакцина, а од онаа другата останувале парализирани? Или од третата вакцина по втората доза било многу, многу лошо што 5 дена и ноќи од кревет не станувале? Супер што споделуваме искуства, сето ова на сите ни е ново и секој сака да дознае што е можно повеќе, чисто да си смири психа. И не бе, ќе се најде по некој со мозок што едвај функционира со ограничен капацитет да сее страв меѓу луѓево. Особено па кога од 30 годишна личност чув дека се сомневала во вакцините, не ѝ било сеедно, а има дете. Што го носи на вакцини. Редовно. А истава ги има примено сите вакцини како дете. Најголемите антиваксери и гниди што просераваат излегоа поголеми научници и од оние што создадоа вакцини, а овие се токму оние идиоти што од раѓање сѐ до ден денешен ги имаат примено вакцините што ни беа потребни. Ама не знам дали и тогаш ја преиспитувавте медицината, или па можеби и тогаш тврдевте дека раствор/витаминчиња ви вбризгуваа нели Кога веќе немате нешто логично и паметно да кажете, дај затнете се. И стварно за ваквите ич не жалам ако испадне на крај да има рестрикции.
Денес бев во стационар за бездомни кучиња си вдомив кученце, вработените беа изненадени кога се согласив да вдомам веќе пораснато куче, најчесто ги враќале од каде што се заловени или со месеци ги чувале во стационарот. Зошто бе, зошто луѓето се спремни да платат 300- 500 евра за кутре а не сакаат да вдомат од стационар? Нвм си имам кутре уште сега добро се согласуваме и не можеме да си се изнарадуваме еден на друг, мислам дека ова ќе биде долго и прекрасно другарство
Сакате клати врата земај плата. Е како бе, зема цел живот минимална плата и дреми не праи ништо само се жали катастрофа и бил животот, сеа сакала повисока, па ајде и на друго работно место, и глеа колку работа има и бега... Ах бе македончее
Има и обратни случаеви. Зема над 30 000 ден. Тешко и било. Се храни здраво и, купува леб од 50 ден. И од цело друштво ја зема фискална за да ја скенира.
Бев денеска на работа, завршив се што треба, сработив, си дојдов дома, направив летна манџа, си се најадов, еве сеа ќе си легнам. Поздрав до хејтерите
Денес бев на работа, работев ко луда, си дојдов дома. Се најадов манџа правена од дм и сега си легнав. Поздрав до хејтерите.
Ох леле исто денес покасно од раб ( не од шо моравме чисто од бес шо не фатил со колешката ) се вратив и јадев манџа шо ми ја зготвил дедо ми и сега си легнав бидејќи многу ме боли глава.