Разбив каса со средна големина каде ми требаше долго време да ја наполнам до врв, цел ден сортирам метални монети и на крај бројам, бројам, бројам едваај 1.840ден, сопругот ме убедува да не сум грешка, да не мислам 18.000ден ги носам в продавница продавачката ми вика 1.790ден
❤❤❤ За жената која тагува за изгубената бременост за која никој друг не знаеше. За жената која доби отказ по четвртото задоцнување затоа што беше будна цела недела со болно дете. За самохраната мајка која не знае како ќе ги плати сметките овој месец. За жената која има поминато низ две процедури за инвитро по пет години неуспешни обиди за забременување, но и покрај тоа, присуствува на сите бебешки прослави и крштевки на нејзините пријателки. За жената која сè уште не може да си опрости што абортираше пред 20 години. За жената која ја отворила вратата и слушнала дека сопругот ѝ бил убиен во странство три недели пред да се врати дома. За жената која живее со тивка анксиозност, бидејќи никој не разбира за што би можела да биде под стрес. За жената која постојано се жртвува за семејството секој ден и има потреба од пауза. За жената која цел ден им се смее на непознати лица во јавност, а липа тивко навечер. За жената која слушнала измислици за себе денес. За жената која спие до „странец“ секоја вечер. За жената чија генетика не дозволува да изгледа како жените од списанијата. За жената која трпела една уништена врска по друга, бидејќи немала татко покрај себе за да ја научи како изгледа љубовта. За жената која расте ќерка без татко и се моли историјата да не се повтори. За секоја жена што плаче под тушот за никој да не ја види. Бидејќи ако ти не си силна, никој не е. Само затоа што водата ти ги мие солзите, не значи дека не плачеш. Јас сум ти. Те гледам. Јас сум со тебе, плачам со тебе
На идиотизмот му нема крај ... Му даваш маса и столчиња за да поминат слава па ти се јавуваат и за чаши и овали ... без проблем му даваш иако немаш навика да даваш такви работи ... Се будиш рано но немаш навика да излегуваш надвор ... И во 11 часот случајно излегуваш за да земиш пратка и гледаш масата со 6 столчиња ти е пред врата без да те известат на телефон или на ѕвонче дека се тука и да ти се заблагодарат за услугата. Страшно сум бесна не дека не слушнав фала ... туку дека сакаат да те понижат пред цела мала дека стануваш касно сите и што треба и што не треба да видат ... да ги очакарат очите . Па уште толку на огнот да се додади бензин...
А зошто пример државните службеници не бидат волонтери за пожарите? Ајде закон еден. Сите шо јадат пари за џабе нека работат сега. Ајде сите државно што работат од наставници до даље на општествена одговорност. Да видите како со обезбедени возила на пожарна и хеликоптери и волонтери може. А, не некој да честита Велигден на втори август.
Веројатно затоа што не се обучени за таа работа. Секој обичен човек кој не е запознаен со тоа како функционираат пожарите и кои се можните ризици и скриени опасности, само ќе настрада и тогаш нема да биде од корист воопшто. Може да помогнат во некои работи за кои не се потребни стручни знаења и вештини, ама не се глупави да помагаат кога дел од нив може да си го истераат денот лабаво и да си одат дома. Како мислеше дека ќе управуваат со воздухопловите. Ограничен е бројот на пилоти, сигурно не очекуваш државен службеник да управува со воздухоплов.
Македонијо, пензионер во ЈСП што се крсти пред црква. Како ефтина сцена од Блек Мирор сме, како испрдок на заборавена скрипта од Хичкок, како репер за сите кои укажуваат како не треба. Sadness.
Срцка, мислев за собирање после надлежните органи. Ако не сакаат тоа, можат ѓубре да собираат и така насекаде го има, а планини ги имаме многу. Зборувам за закон да се донесе, како една солуција, а тоа дека ќе седат дома т. Е. Ќе идат на одмори по цел месец, ќе идат.. Нели работат за државата и во корист на неа и граѓаните, па така да ова ќе им пополни можеби работни саати пример... Хахха
Како бе толку не си ја сакате природата? Како ви доаѓа да палите, фрлате пикавци, оставате стаклени флаши во шуми. Што не е во ред со вашиот мозок? 99% од пожарите се предизвикани од човечки фактор, директно или индиректно. Зошто не постои посебен логор за пиромани и сељачишта што фрлаат во природа. Не сапуни, туку мелем за испукани пети да прават од вас. Поголем гној од човекот на планетава нема. И ако ни е, не ја заслужуваме мајка природа. Туку жал за животните ми е, ни криви ни должни.
До воспитувањето е. Еве еден банален пример, далеку поблаг во споредба со тоа за што зборуваш. Седам во парк на клупа, на соседната се 2 жени и 3 деца на возраст од отприлика 10 години. Играа деца и едното девојче зема влажна марамица, си ги избриша рацее и ја фрли до клупата. Ни една од жените не реагираше. Моменти пред да си заминам, истото девојче случајно бутна чаша (од оние 400 мл, со капак и цевка што ги даваат за to go) со кафе, ја бутна од клупата на земја, падна, се истури кафето. Девојчето изреагира така што ги стави двете раце на уста и направи крик, као "упс". Една од жената со као демек строг поглед ја погледна и и' го изусти името, демек ја кара. И толку, жената се врати назад на муабетот со другата, ништо повеќе не и' рече. Чашата остана долу на земја, дури и после 10ина минути откако си заминав, поминав во тој предел, од далелу видов дека чашата е уште на земја, а нив ги нема. Е сега може ќе речеш, што не им спомна нешто. Бев баш онака изреволтирана, ама си реков немам намера да воспитувам туѓи деца. Иако околината ја делиме и со самиот тој факт и мене ме засегаат нивните постапки. Може ќе речеш и зошто ти не го собра ѓубрето. Што ќе го соберам тоа, кога од сите страни имаше еден куп друго? Безнадежно е кога новите генерации не ги учат на култура.
Друг пример, од академски граѓани, колеги на факултет во амфитеатар земаат кафе исто од тие во пластични чашки и чашките ги оставаат тука, никаква одоговорност, срам дека чашката треба да се фрли во ѓубре а не да се остави тука како што пиеле.
Не си должна да збираш туѓо ѓубре. Доволно е твоето. И ако секој би си го збирал за себе, Македонијава ќе беше рај на земјата. Автопатите ни се глетка за плачење. Цела пластика да ја собереш, милионер ќе станеш. Не разбирам навистина што е тешко во канта да се фрли. Туку јас се карам, реагирам. Имав и јас иста случка, со тоа што директно на мајката се обратив. И реков, си дошла на лулашки со детето, претпоставувам сакаш да е чисто. Ако ти фрлиш и друг ќе фрли и трет, после настанува депонија. Во депонијата нема ништо здраво, напротив извор на зарази и после државата ќе ја плукаш што не може да постигне да чисти зад нас. Туку ништо не функционира, казни од 500 евра макар за хартивче од мастики. Ако немаш да ги дадеш, за почеток ќе си ги чистиш шумите, а може и зеленилото околу автопатите. Ќе видиш како се ќе биде зелено и чисто, а и нема да им текне пак да загадуваат околина. За мене овие луѓе се безобразни, себични, необразовани и очигледно дека не им е гајле ни за своите деца. Гнасни сме како народ, битно кога ќе отидат во некоја метропола во друга земја, ги полнат џебовите со хартивчиња, да не ги казнат. Тоа фали, драконски казни.
Јас имам идено у Охрид да чистам кај извидничките кампови. 6 огромни црни ќеси ѓубре собравме тогаш. Викендов бев пак, пак истата ситуација, депонија. Кај Даљан имаа фрлено ф и с к а л н а К а с а. Не знам колку треба да си ненормален за да фрлаш ѓубре, не е никој должен да чисти зад некој друг. Фина акција е, душевно исполнува ама џабе кога буквално за некој месец пак истата работа се случува. И тоа се се некои у гз правени што загадуваат, што два грама памет немаат. Секоја чест за луѓето што чистат, ама казни треба за тие што загадуваат. Нема зошто некој да собира по смрадови што фрлаат памперси посрани на плажа и у вода, пикавци секаде, улошки у вц школка и разно разни говна во природа. Не сте свесни некни каков напад на агресија имав тоа фискалната коа ја видов у езеро, да ми беше тој што ја фрлил тука мислам оти можев со голи раце да го удавам.
Не знам некогаш се анализирам од трета личност и не можам да сфатам што е проблемот кај мене и мојата фамилија, дали сум донесен т.е ме донел штркот во ваква фамилија и семејство. Со татко ми зборуваме за минатото и општо за моменталнава ситуација со оставинскава постапка расправиите што ги имам со тетка ми и така натаму. И тој ми зборува како тоа арно и се случило на мајка ми, госпо гледал зато то и се случило, таа сакала да му ја земи кујчата (затоа не ја легализирал татко ми, хаха), па потоа ми вика јас не ти мислам лошо, но зошто одеше да и помагаш на мајка ти. Јас стварно не знам дали јас допуштам за вака да ми се однесуваат или што е работава не знам, ама стварно нештово ме иритира.
@KateKane и ти си во право, не викам не. Ама нема свест кај народот. Со жалење на форум ништо не правиме. Велиш казни, ама во нормална држава има, тука нема, ни закон ни пак свест. Секоја чест за тие што се уредни, знаат да фрлаат ѓубре кај им е местото. Ама ретки се.
А што му е гајле на чичето кој што продал за да купи стан или кола. Е овој само за на нива е. Со едно шише вода да иде. Ништо повеќе. Голи вошки се ваквите, заглавени у кредити...