Еве јас ќе ја претркам самер: Нема смисла, навистина сите погрешно и ги разбираме постовите на Гордита, секогаш кога некој ќе и посочи дека некаде греши, таа се вади дека никој нејзе не ја разбира и се прашува дали зборува арапски или кинески. И не разбира шала, неодамна јас се нашалив на нејзина грешка а она се испонаша како нож под грло да и ставив. Рилекс бе цуцо калм даун, сврти на шала. Самр, а казната ја платил заради нелегалниот престој или поради немилосрдното и крвничко удирање ова де галење на животното? Каква коинциденција, за да дознаат дека е нелегално во државата морало да ја "претепа" фоката Пу бре, брза си била, ме претрка.
Колку значи една секунда, онаа пресудна секунда кога не знаеш дали си ја донел вистинската одлука, а потоа следуваат часови на каење и исчекување на наредната секунда. А времето врви по својот пат, одвреме навреме знае да се сврти назад, само колку да те потсети на твојата брзоплетост и дека некој од горе го одбројува. И бол и бес...Цигла, цигла во желудникот и горчина во устата. Не можам солза да пуштам бар да ми олесни, а кучето на соседите не престанува да вие, понекогаш си мислам дека тоа го прави место мене. Сонот го чувствувам на клепките, натежнува...уште еден товар и веќе немам сила...Тежок ден, а уште потешка ноќ...ќе помине, само што сметката ќе ја платам со нерви...
некои луѓе се како облаци , ја полнат душата , чуваат се на себе се додека тие се преполни , и потоа плачат но ако има силен ветар , ќе изчезнат побргу , а некој ќе се радува кога ги нема затоа што може да го види сонцето.. ги нема повеќе време , сите ќе ги бараат , ќе сватат колку се важни и ќе просат за една капка дожд ..
Земајќи го во предвид интернетот и глобалната дигитализација на се што не опкружува, се повеќе ја занемаруваме можноста да го прелистаме дневниот печат. Употребата на електронската форма ја засени магијата на купување весници. Почетокот на секој ден беше означен со првото утринско кафе и звукот на љубопитното пребарување на информации низ хартиените страници.Со притискање на едно копче ја избришавме навиката дневните информации да ги побараме во најблискиот киоск.Наместо утринска прошетка се одлучивме за паразитско седење, циркулирајќи низ технолошките пронајдоци. Мал е бројот на оние што ја чувствуваат потребата податокот да се има физички во раце. Реалноста покажува дека повозрасните не се откажуваат од навиките создадени во класичниот свет.Младите се пофлексибилни во користењето на технолошките новости и брзината на ширење на податоците, па затоа и полесно ги прифаќаат новитетите. Печатениот весник, наспрема изданието во електронска форма има поголема длабочина,некоја неопислива приврзаност и љубитност за таквиот начин на добивање податоци. Иако печатените медиуми се повеќе ја губат светлината на денот, знам да купам некој од дневните весници и со нетрпение да стигнам до одредената локација за да почнам да прелистувам низ црно-белото издание и низ здив да ги впијам информациите. Не се откажувам од навиките што го збогатуваат мојот културен сенс се додека имам можност да ги користам. Ги сакам нештата што остануваат составен дел од една транзициска епоха...
СДК дека прееемногу ми недостигате..ситее.Салам немам седнато на Фемина..ама знајте дека не ве имам заборавеноо Како и да е..сега за сега летово ми поминува океј..не е нешто посебно одам си идам ии така.. Ама веќе почнав салам да се карам со една моја другарка..ми здосади да ги слушам нејзините лаги,нејзините измислувања,начинот на кој се однесува кон мене,навредите што ми ги кажува..епа и мене еден ден ќе ми пукни филмот..ама незнам кога точно..но ако продолжи така да се однесува кон мене сигурно тоа ќе биде за брзо Сепак малце тешко ми паѓа..другарки сме веќе цели 3 год.заедно сме поминале низ многу нешта..ама нашиот однос се расипа на 27 април..од тогаш нештата не се како што беа порано..почнавме да се оддалечуваме,почнав да не ја препознавам,како да не е таа Скоро секој ден ме навредува..и потоа се извинува велејќи дека згрешила што избрзала Епа ајде разбирам човек е..еднаш ќе згреши,два пати..ама неможи секогаш..Навреди го некој ии после абе извини избрзав не беше намерно незнам што..епа јас не сум некоја малоумна што можи да си ја вртка наоколу Мене вчера ми пукна филмот и ја нреков лажга и таа одма..ахх срам да тие не знаеш колку ме повредуваш со овие твои навреди.. Немооој бе..ти мене секој ден по 100 навреди ми кажуваш..јас неа еднаш во животот сум ја нарекла лажга ии одма сум ја навредила ии повредила Како и да е..доста ве замарам со моите проблеми..ако почнам да пишувам 100 страни ќе ви зафатам П.С да си знајте дека ве сакам ситее ии преемногу ми фалите
Не можам да разберам како некои луѓе со кои не се поднесуваме, без најава си доаѓаат во нашата куќа и уште глумат како се е ок, дошле на кафе а планираат ручек и вечера.
Се восхитувам на луѓе, кои имаат култура, почитување према други, начин на зборување, однесување, се гледа од какви луѓе се израснати, какво домашно воспитување имаат, сето тоа за нив зборува, достојни се за истото да им се возврати.Прекрасно е да се видат такви луѓе
сдк.. Честит празник - Илинден ,ви посакувам ден исполнет со среќа,да бидете заедно со семејството. Денес сум малку расположена поради празникот,гледам да ја исфрлам тагата и негативна енергија од мене и ми успева малку.
Среќен Илинден на сите да сте живи и здрави и секогаш насмеани. Исто така среќно име на сите што си го слават.. Мене ме чека сега палење скаричка ајде повелете сите
Зошто сите зборуваат како не треба да се ценат луѓето по стилот на облекување и музиката што ја слушаат? Па нели е тоа дел од таа личност? Добро, во ред. Не секој има пари за скапа облека, но не зборувам за тоа. Зборувам за стилот. Секој може да најде пристојна облека за пониска цена. Барем во оваа време. И музиката што една личност ја слуша е дел од таа личност. Судењето по музиката што една личност ја слуша не е смртен грев.
Не знам за вас, али за мене една од најкорисните функции на мобилниве е осветлување во случај кога ќе останеш до најкасно од сите дома па треба да ги гасиш сите светла пред да легнеш...
Сега нешто гледав низ форумов и сфатив дека пред некој ден ми било годишнина од како се зачленив...а јас ја промашив .Епа ај со среќа нека ми е,се надевам дека уште долго време ќе видам дел од форумов.
Се плашам. Срцето ми чука побрзо од кога и да е, имам ненормална потреба од благо и сѐ ми е страшно. Сакам да пискам, да се дерам, но нема ни кој да ме слушне. Ужасен ден за осаменост.
Од секогаш ми било тешко да се навикнам на промените во животот. Без разлика дали станува збор за кратење на косата, промена на училиште, на дечко и другарки, на животна средина, на работа... Ми треба подолг период да се помирам со промените, да прифатам дека нештата се смениле. Само сега ми е уште потешко. Не знам дали е до мене и мојата психа, или до ПМС кој квалитетно ме дрмаше деновиве, ама едвај издржав. Бев на голема раскрсница, и одбрав еден пат. Сега секој ден се прашувам дали згрешив, дали добро одлучив. Знам дека времето ќе покаже и дека сега е премногу рано за било какви резултати, ама не сум трпелива, воопшто.
Категорија на луѓе: Им смета изметот од животинче на улица, а не им смета депонијата што ја оставаат позади нив. Ма што е битно што има расфрлано конзерви, кеси и шишиња во паркот кога она што навистина пречи е нуждата што ја извршило миленичето во паркот која притоа ќе биде собрана ако е совесен сопственикот. Тука иде друго прашање: Зошто воопшто да се отсрани изметот ако е на зелена површина? Тоа е сосема ок за растенијата, природно ѓубриво кое би ја направило тревата и растенијата уште погусти и по раскошни. Уште едно прашање: Зошто на одредената категорија на луѓе им смета органскиот смет, а не сметот кој е опасен по околината? Чисто информативно на една најобична кеса и треба можеби деценија за да се распадне во почвата и притоа ќе ја загади, а на изметот од милениче или човек да речеме му треба два три дена за целосно да се апсорбира во почвата и приота почвата ќе биде + нахранета со природно ѓубриво. Одпрвин ми изгледаше како некој парадокс ама потоа сфатив дека е до неписменоста на луѓето. Даа, во состојба се очите да ти ги извадат зошто миленичето врши нужда во парк на јавна површина, а позади неа детето фрла шише со сок и го оставаат зад себе. И најглавното, за органскиот отпад следат ненормални казни додека за тоа дали ќе фрлам 10 шишиња низ парк nobody cares! Селектирање на отпад??? Што е тоа? Што ли не ќе измислат западњациве, ццц. Сте ги виделе подземните контејнери кај Градска? Дали на нив е убаво напишано што каде терба да се фрла? Да нели, тогаш зошто упорно кај пластика се фрла хартија, или кај биоразградливо се фрлаат конзерви? Одговорот лежи во неписменоста, затоа што според мене поголемиот дел од граѓаните незнаат ни да читаат штом не го разбираат тоа што им се пишува. Кога веќе гледате дека сега постојат фабрики за рециклирање кои ги откупуваат пластичните шишиња зошто не им ја олесните работата на циганите и не ги сортирате посебно наместо да ги мешате со останатото ѓубре... Повеќе сакате да ви копаат низ канатата и притоа да направат огромен неред или што е работата? Тешко е тоа да се направи? Има посебни контејнери за шишиња зошто упорно во нив се пикаат цели кеси со ѓубре? Е од се нај нај ми е кога ќе видам напикани паломи и опаковки од кроасани и смоки во оние пластичните садови за електронски отпад. Стварно е жалосно што сме до толку неписмени, гледаш дека батерии се фрлаат внатре, значи токсични се, што по ѓаволите фрлаш во истиот сад отпад на кој не му е таму местото. Абе пикни го во ташна дома ќе го фрлиш, не се брукај и натерај го малку мозокот да ти работи. Неписмени и необразовани сме и глупави сме што сакате кажете, џабе секој втор заврши факултет, а секој трет магистратура таа општа култура на живеење и еколошка свест не ни е вродена ама барем можеме да читаме ако не друго нели... Ако сакаме да направиме некоја промена треба да почнеме од себе, едуцирајте ги и родителите и бабите и дедовците затоа што проблемот со отпадот навистина станува голем, а јас барем несакам да живеам опкружена со ѓубре од сите страни. Какви градови има никаде неможеш да видиш отпад, а ниту контејнер претпоставувам подземни им се или незнам каде ги кријат. Казните за фрлен отпадок им се огромни и така треба, никој не е должен да чисти позади тебе. Станарите од секоја зграда имаат посебен дел за фрлање на ѓубре до зградата кој е направен како кафез опкружен со зеленило што лази по него, а внатре е како цела соба со контенјери на кои убаво си пишува што каде треба да се фрли и ти уште од дома си го подготвуваш ѓубрето, и затоа нема непријатна миризба, се е чисто и уредно. Клуч од тоа си имаат само станарите од зградите, друг несмее да фрла во нивното ѓубре, секоја зграда си има посебни контејнери. На многу фин начин е решен овој проблем. Ние сме далеку од ова ама засега можеме барем шишињата да ги одвоиме од останатиот отпад и да не го мешаме отпадот онаму каде што е назначено. Ама и тоа ни е тешко изгледа... https://www.youtube.com/watch?v=GLgh9h2ePYw Може ова ќе ве натера да смените нешто, м?
СДК... Нека ни е срекен празникот Илинден, за многу години и нека е вечен.Воедно сакам да им го честитам роденденот на сите кој го слават денес и именденот на сите кој го носат ова свето име Илија.Нека е вечно !!! Им се извинувам на сите кој секоја вечер ме чекаа тука.Не друштво, јас не ве избегавав.Што би правела ја без вас во вечерните досадни нокњи часови.Имав проблеми со пк и затоа ме немаше.И ја сум го чекала овој ден и ја чекам чекам оваа ноќ цел месец, кога ке ве видам сите уклучени.Ве сакам многу и се надевам дека ке ме разберете.Ве ловкам