Стравот е тоа што не кочи во животот. И недоволната верба во себе. На сите нешто ни фали, во нешто сме најдобри а во нешто најлоши. И полека да се движиме кон целта битно се движиме и се трудиме да ја оствариме.
Ако е се' од корист според тебе, дали сакаш да кажеш дека и ти не знаеш искрено и безусловно да сакаш? И дека секој однос што ти го имаш со другите има некоја задна намера и корист? Стварно интересно тврдење ова... Оти кога се вели сите се такви, се' е такво, значи во тоа сите и тоа се' спаѓаш и ти... А ако никој не се труди самиот да биде она што го бара, како ќе го најде?
Сите некако ја бараат вистинската љубов, вистинските пријатели а самите не се запрашуваат дали тие се вистинските за некој. Биди личноста која би сакала ти да ја запознаеш и многу подруго ќе гледаш на овие работи. Понуди љубов/пријателство на некој какви што сакаш да ти се вратат. Па ако не успее тие губат, не ти. (Само гласно размислувам, не ми е намерата да те напаѓам или слично)
Секој со своето искуство. Но, жално е да го тврдиш ова. Никој не те тера да гледаш пријател во секој познаник и љубов во секој минлив партнер. Но, со текот на годините, она што ќе остане и се брои на прсти, ќе ти ја врати вербата во спротивното.
Двонасочна вистинска љубов денес е ретка, исто како и другарството и пријателството. Односно љубовта да му биде возвратена. Оној кој ја има доживеано е прав среќник. Додека кај пријателствата во најголем дел кога некој има потреба од тебе, само тогаш те бара. Да умреш случајно нема ни да знае дека си умрел, се додека не му притреба нешто па да те побара и дури тогаш ќе дознае.
Можеби ова го мислиш ради околината,ама вистинска љубов и другарство постојат. Сум добила помош од луѓе и тоа без да бараат нешто за возрат,а од кои не очекував помош затоа што од други слушав непријатни работи за нив.Испадна дека трачарите се оние кои се користољубиви и лоши. Не ја изгубив надежта дека некаде има навистина добри луѓе на кои ќе вреди да си го трошам времето.
Сдк вака тоа изгледа демократско општество, нели https://www.mkd.mk/makedonija/obraz...-shto-ja-fotografirashe-pogreshno-ispishanata Ах копита, ем неписмени, ем арогантни
Добре дојде во Македонија. Земја каде што деградираат професионалци, а унапредуваат неандерталци. Ќе да сме поблиску до Припјат, него што реално сме. Све озрачено...
Дали може сите тие во влада министри, заменици, советници, заменици на советници, пратеници во собрание итн. поради корона кризата што трае повеќе од 1,5 година а и сега со пожариве и било која природна катастрофа да се солидаризираат со народот и да си ги намалат своите плати на просечната плата во државата или на минималната уште подобро неколку месеци година или колку ќе треба додека не излеземе од кризата. Со парите што ќе се заштедат може да се купат нови возила за пожарна, брза помош и слично. Плус градоначалниците и сите што работат во општините два пати месечно во сабота или недела да им помагаат на нивните сограѓани со тоа што ќе чистат паркови, метат улици и слично. За службените коли зошто е криза нема да се користат нека одат пешки или со точак или со автобуси. Ќе се заштеди и на патни трошоци. Имам уште идеи и се надевам дека некој ќе прочита и ќе ги реализира.
Може има некој од влада на форумов и ќе прочита. Сепак кога ќе престанат да бидат во влада и пратеници и министри ќе треба да поминат низ народот. На времето кога Тито доаѓал во Скопје во отворен автомобил се движел и низ народот, а овие (од осамостојување до денес) со коли од пола милион со затворени улици обезбедување... Ако си сигурен дека народот те избрал значи дека те сака зошто тогаш се криеш.
Многу политика, малку ,,САКАМ ДА КАЖАМ,, мисли. Затоа државата ни е таква каква што е. Ама државата ја сочинува народ
Слушајќи ја Yeonmi Park на Joe Rogan Experince се потсетив колку сум среќна за животот кој го имам. Често заборавам.