Тука на форумов можам да си кажам се што ме мачи и радува, потиштува и весели, вознемирува и успокојува, а анонимноста ми ги трасира патиштата на себеизразувањето. Само овде сум вистинската јас, со сите мани и доблести.
Пожарот кој беше закана за Кочани сега е за цела земја. Брзо и неповратно ги губиме нејзините бели дробови, нашите шуми. Големата и непроценлива штета секогаш ќе провејува низ колективата меморија на државата. Уште долго ќе го паметиме ова лето, оваа кобна 2021 година.
Колку повеќе страда природава, толку повеќе мислам дека не сме ни заслужиле подобра. Природата е репрезентација на внатрешноста на човекот. Каков е човек внатре, таква е природата надвор. Духовно соголен, опустошен, опожарен, скапан, загаден... и никому не му е гајле за него.
Верувам во бројки. Верувам дека си го пронајдов колингот. Верувам дека секогаш наоѓам начин. Верувам дека ќе успеам.
Сите блиски знаат колку мразам дожд. После настаниве никогаш во животов не сум посакувала повеќе да заврне, да тура цела ноќ. И бидна, нека продолжи вака. И да заврши се', да не се повтори веќе никогаш ваков хорор.
Што е пријателство? Споделување тајни, душевно празнење, помош кога немаш излез и само момент на непромислесност се да се сруши и никогаш повеќе ништо да не се повтори. Ете затоа ги сакам пријателствата
Пуштете ми среќа да поминам добро денес, да не ме фати некој паничен напад да се блокирам. Соочувањето со еден од најголемите стравови е стресно само по себе ама знам дека само така ќе можам да го надминам.
Каков ден, проблеми на работа , па и овој шо е со маживе бе, стварно не ги разбирам, зашо им смета ако сопругата му е независна
Секогаш ми било фасцинантно и по малку тажно што постои толкав број на луѓе кои се запишуваат, па и завршуваат факултет без да знаат да пополнат уплатница. Академски граѓани...
Се будам после нептунова ноќ, продолжувам низ денот бесконечен, ми буди два света.Волшебства, во едниот ги гледам во друг ги чувствувам,.Танц на дервиши и потполно предавање на возвишена сила. Се поливам со кафе, а ги правам истите чекори од порано, ама функционирам на астрално. Замислувам заводлива морска сирена, морнар. Илузија. Бекство би било идеално, за уметник позади завеси.Алиса во земјата на чудата со псевдоним. Морска длабочина и нуркање во неа, здогледувам брод. Глава во облаци, непозната мелодија и мирис на слобода. Каде плови овој брод ? Има ли капетан, каде ќе плови? Во окенска длабочина? Сеуште се плашам да погледнам надоле. Многу конфузно, дали е Жилвернов бродов? Гледам многу симболи, пролазност. Сите желби како да потонале во морска шир. Убаво е, осеќам потреба за вода, нема длабочина, изгледа е море.Не е океан, гледам капетанова капа лебди. Посејдон е, ќе има ли бура? Не знам каде сум, ткаенина во пруги, губам тло, ретроградно и директно.
Дај ве молам советувајте ги вашите деца да бидат понастрана од телефоните посебно од тик ток, им ствара зараза а мали деца се за да си играат со играчки надвор со другарчиња 5 годишното разгалено детенце кое ми го скрши телефонот играјки си на него а мајка му згора на тоа мене ме укривува демек јас сум го скршила, таа наместо да си го воспита детиштето уште толку го гали. Не јас многу сакам мали дечиња ама да бидат воспитани а не галеничиња на мамаичка. Не знам дали разбирате но телефонот не е играчка од 200ден купена од пазарче па ако се скрши ќе купиме друг. Воспитајте си ги децата додека се мали зошто после и вие че се каете
Спасив живот на една пациентка. Точна сум била во проценката. Останатото треба болнички да се лекува. Се надевам дека некој од горе гледа и ќе ми се врати со добро. Си ја сакам работата.
Се рекло, левата рака да не знае што прави десната. СДК од некои особи егото толку јако вришти. И одбивно е.
СДК дека во овој тежок период во кој се наоѓам ова е единствената работа што ми дава надеж и ме трга од лоши мисли.
Интересно размислување. Значи јас зошто си ја работам својата работа треба да очекувам Господ да ми врати со добро.