Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.857
    Допаѓања:
    80.934
    Пол:
    Женски
    Тоа за егото не се однесуваше на тебе инаку, затоа го одделив од првата реченица. А ова, помагањето на други е помош и за себе, мило ми е што убаво ти делува.
     
  2. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Ако можеш со својата работа или со било што да му помогнеш на некој направи го тоа. Господ нека ти врати со добро. Мир во душата да имаш е доволно.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Двете реченици ти се контрадикторни сами по себе. Мир во душата и очекување од некој да ти врати со добро се две сосема различни работи. Ти само си ја работиш својата работа. Од друга страна ако можеш/сакаш да му помогнеш на некој во медицината не смее да постои, затоа си потпишала заклетва кога си завршила факултет. Дека ќе му помогнеш на СЕКОЈ а не на некој.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Мир во душата чувствувам зошто сум направила нешто добро. А очекувам дека ако јас направам нешто добро за тебе, ти ќе направиш за некој друг итн. А не дека ако јас тебе ти помогнам утре треба ти да ми вратиш или си ми должна.
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Затоа реков имаш интересно размислување. Ова твоето му доаѓа дека ако јас му заштедам на тендер на шефот 2М сум направила нешто добро.Ако стоматологот ми го поправи забот, направил нешто добро?! А и во двата случаја и јас и стоматологот, па и ти, сме платени за тоа. Имаш погрешна перцепција за правење добро.
     
    На Traveler91 и mira.mira им се допаѓа ова.
  6. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Друго е кога си на работа и си платен за тоа, а друго е да го направиш истото кога не си на работа и не си платен да го правиш. Значи ако си излезена и гледаш на некој му е лошо ќе му помогнеш? Или ќе седиш и ќе уживаш? Исто како и ако има сообраќајка ќе излезеш да прашаш како се луѓето или ќе ги одминеш? Или еве сега со пожарите колку луѓе отидоа доброволно без надоместок да помогнат. И точно е дека Хипократовата заклетва кажува дека треба да му се помогне на секој ама ајде кажи колку од медицинските лица се водат по неа?
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.272
    Допаѓања:
    176.722
    Пол:
    Женски
    Колку е искрено нешто ако очекуваш да ти се врати со добро? Кој е мотивот за праење на доброто дело? Idk. Само мислам гласно. :wasntme:
     
    На buba4e89, Ajronmen, Ambitious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    10.530
    Пол:
    Женски
    Моето најмило душиче, (уствари на дечко ми е) што ми го украде срцево уште од денот кога го видов нешто не ми е добро..

    Денеска бевме на вет, дека се гледаше дека има некоја инфекција на препоните а и неколку дена беше многу повлечен, не јадеше.

    Срцево ми се кине за него зошто има 9 години и сега почнуваат да му се јавуваат здравствени проблеми и ме секира.

    Крвната слика не му беше нај нај, многу покалени вредности имаше (кажа вет бактериска инфекција) но и не оди баш правилно т.е кажаа дека има артритис.

    Очекувано е во тие години ама пак многу ме секира, сакам да не му е ништо, да е живо и здраво зошто како бебе е гледано, едноставно кога ќе го видам како ме гледа до очињата не можам да се помирам дека старее.

    Толку е мило, храбро, абе ветеринарот вика ова е најхрабро бишонче што ми дошло до сега се зачуди. Толку е храбар што и кога има грмотевици тој место да се крие тој излага на балкон им лае.

    Он е душа моја, го сакам бескрајно, не можам да опишам колку многу :u: не можам ни минута без него да издржам.
     
    На Ahoy, piglet1, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    41.629
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти имаш погрешна перцепција.Доброто е добро, без разлика дали е платена или не.Плус, споредуваш пари и човечки животи...малку не ми иде.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Жал ми што така размислуваш. Се надевам дека во иднина ќе бидеш опкружена со луѓе со погрешна перцепција како мојата. Луѓе кои за доброто никогаш нема да ти побараат пари, нуту да бараат да бидат платени од некој. Кои ќе ти дадат упат на лекар без да мислат дека ти направиле добро дело. Кои ќе знаат дека испитале се за твоето здравје затоа што тоа ги прави успешни лекари а не добри луѓе...
    А кога ќе налеташ на луѓе кои ја имаат твојата перцепција, сети се на твоите зборови. Дека добро дело е добро дело, без разлика дали за тоа е платена. Затоа што не постои поиронично нешто од тоа кога некој ќе ти рече :-Ќе ти направам добро дело, само тоа има цена! И тогаш стави се на место на оние кои немаат пари.
     
    Последна измена: 7 август 2021
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    16.360
    Пол:
    Женски
    Карпалак 2001, да не заборавиме. Слава им!
     
    На MeowMeow, quattro и Camille84 им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    16.360
    Пол:
    Женски
    Почна со работа? :party::inlove:
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.698
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден најубаво детенце на мама и тато, те сакаме бескрајно :inlove:
     
    На Skylar, Ahoy, Bezobrazna01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    Изгледа џабе е опсесивното правење планови, кога во најнеочекуваниот момент животот знае да се заврти за 180 степени. Кога ли ќе ја научам оваа лекција?
     
    На Ahoy, Guns N` Roses и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.432
    Допаѓања:
    8.931
    Пол:
    Машки
    08.08.2001 не се заборава,
    Вечна им слава!
     
    На _beautyy_, MeowMeow, Camille84 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    41.629
    Пол:
    Женски
    Епа добро по оваа логика пожарникариве што спасуваат животи не треба да рачунаме дека направиле добро некому зашто на крај пак ќе добијат плата.
     
    На MeowMeow, Guns N` Roses, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    5.834
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некои членки ти ги извртуваат зборовите. Јас во ова мислење не гледам никаква суета, едноставно си ја сакаш работата која ја работиш. Продолжи само така понатаму.
     
    На MeowMeow, Mazegin, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Добрината не треба да се меша со професијата. Тоа што тие имаат хумана професија незначи дека под дифолт се добри луѓе. Ајде да ја свртиме приказната обратно, кога крајниот резултат е негативен. Треба да мислиме дека докторот или пак пожарникарот е лош човек или само дека неуспешно се справил со целата ситуација?! Девојката сигурно работи како матична или нешто каде не е во близок контакт со смртта. Доколку би била дел од потешки операции, понекогаш и безизлезни, нема да размислува вака. Затоа што ако размислува вака нема да може да се сноси со својата совест.
    Полицијата пример треба да не заштитува од лошите луѓе. Во последниве години не бевме сведоци на спротивното? Кога полицаец си ја уби целата фамилија? Сигурно истиот полицаец спасил некоја жена ама во исто време ја тепал својата. Прашањето: Тој направил добро дело што ја спасил жената или само ја работел својата работа? Дали мислиш дека истиот полицаец да не бил полицаец би ја спасил истата жена?
     
    Последна измена: 8 август 2021
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.105
    Пол:
    Женски
    Хипотетичка ситуација и такво исто е прашањето.
    Поентата на муабетот на повеќево членки кои ти реплицираат меѓу нив еве и јас дека добрината на личноста не е поврзана со професиајата туку е резултат на менталниот склоп на таа личност и нејзиниот морален компас. Така да воглавно тој полицаец кога не би бил воопшто полицаец или е пр.полицаец во пензија или е надвор од работно време пак би ја спасил жената ако пред се неговиот ментален склоп и морален компас го насочуваат дека така да постапи е исправно.
    Ама тука имаш и особи кои ти истакна дека не е убаво да чинат добро за да им се врати со добро (од замислена поголема сила Господ или пример атеист бидејќи не верува во него би очекувал не знам луѓето да му се наклонети да му вратат со добро или што знам од кој конкретно би барал и очекувал добрина) ама сепак иако одвнатре се трули сепак за атер да им се враќа со добро чинат добро. Ги има и по форумов такви ете пример членка да е величана ради тоа што правела добро на повеќе членки иако некои кои би биле изгорени од контактите со неа или општо по здраворазумска проценка сфатиле дека уствари она не е толку добра како што се претставува сепак и покрај тоа таа чини добро и во мои очи колку и да ми е одбивна фактот што помогнала некому (од за неа разбирливи причини) ми е за почит, не може да се занемари дека сепак на некому учинила добро. Тоа што таквите кои не се баш најдобри ама ете ради некои за нив разбирливи причини чинат добро не го менува фактот дека тие се такви кави се, само треба да се почитува тоа што учиниле и помогнале.
    Јас пак верувам со тек на време чинејќи добро стануваме подобри личности од првично што сме биле и кај таквите има шанса преку несебично помагање и чинење добро душевно да ојачаат и се променат, трулоста да ја неутрализираат и стасаат до момент да се реобликуваат кон подобри личности.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Јас не го успорувам размислувањето на човекот на кого му помогнала, тој може да мисли ако сака дека му направила добро дело. И сигурно ќе мисли, зошто кај нас се ретки докторите кои ќе ти утврдат дијагноза. Ама го успорувам фактот кога самиот доктор го мисли тоа самиот за себе. Од овде и почна целата дискусија дека самата таа има погрешна престава за нејзиното дело. Очекува Господ да и врати со добро. Овде е Господ, утре некој доктор ќе очекува да му завршиш некоја работа, друг мито и слично. Работата е што таа си ја одбрала оваа професија и мора да им помогне на сите. Без разлика дали сака или не сака. Затоа што ако не му помогне на овој, на некој друг, третиот веќе ќе ја пријави на лекарска комора. А четвртиот може да ја објави јавно. Нејзе самата професија и налага да помогне.
     
    На Traveler91 и ForeverYoung им се допаѓа ова.