Јас десет пати задремав денес. Прво почнува да ми се врти и задремувам. Денес 5 пати алишта сменив, жива вода се направив. Целите се обелени од пот.
И мене ми се врти од топлово. Башка што нон-стоп сум влези-излези на работа. Многу течности,помалку мрсна храна. Од утре ќе си воведам режим полесна храна и повеќе вода. Многу сум скарана со водата. Еве во бус сум,од влагата на климата ми се гади едвај чекам да се симнам.
Тоа што ни се врти од топлото не е толку чудно, мене чудно ми е зошто ме фаќаат дремки. Дали се активира некој хормон во поголема мера, па поради тоа се случува којзнае. Јас сум периодов само на зеленчук и овошје повеќе. Мрсна храна воопшто не јадам летно време.
СДК ,чудни машки на форумов. Ја пишувам дека сакам со девојка да пробам цел инбокс ми е полн пораки од машки . Оукејјј
Власта е ужас, место да вршеа контрола по локали вработените да носат маска, дистанца да се држеше и секаде каде што ќе видеа вработен без маска да биде избркан од работа. Исто и собиранки не требаше да се дозволуваат, контроли нигде никакви, во бус да не збориме(фала на Бога што имам друг начин да стигнам до работа), во мол веќе исто нит ред нит ништо. Ни вакцинацијата нема да ни е спас како што сме никаков народ веќе(затоа што прво, на вакцина одат без маска, меѓу дози не се пазат, шетаат секаде, уште поневнимателни ќе бидат после вакцина).... Мисли ли некој да превземе нешто во државава? Или секогаш мора да пробаат на најлесен начин па колку и да е со мал процент на успешност финална..... Можеби единствен успех е да не се примаат туристи и да се воведе пак полициски?
Она кога со мајка ти имаш спротивставени ставови за нешто и на сред расправија ќе ти каже "Ја и ти исти сме!".
Власта е виновна се согласувам со тоа. Но сметам дека и дел од народот е виновен во одредена мера. Виновен е поради тоа што дел од народот не носи маска во затворен простор. По маркетите и продавниците е тотален хаос. Знам дека маската не е некоја гаранција, ама сепак со ова покажуваат дека не им е грижа ниту за нивното ниту за здравјето на другите. Ама до менталитетот е.
Најголем проблем е што се дозволи свадби, прпслави на затворено, па и на отворено, тука неизбежен е контактот гушкање, бакнување играње ора. Концерти исто.
Преморена сум и наместо да одморам малку ставам уште обврски. Страв ми е дека ако седнам да одморам мозокот ќе почне да ми размислува за теми што сакам да ги заборавам. Затоа и физички и психички до максимум.
Се согласувам. Јас повеќе се концентрирав на она што секојдневно го гледам. Заборавив да ги пофалам постарите луѓе, кои се вразумија и почнаа да носат маски. Сега од страв дури и на отворено ги носат. Не ми е јасно зошто мора да се прават свадби во ваков период. Ако се одложи за понатаму, нема ништо да се промени во нивниот живот. Исто и за концертите. Да е нешто кое е од животно значење односно животот ни зависи од тоа, да разберам дека мора да се направи сега за време на пандемија.