Имам екс другар кој повремено ме замара да седнеме да се видиме ама не ми е по кеиф ич а неќам да го увредам директно. Коа е во маало зашто не живее тука ќе ме виде и иако сум ладен замара. Малку го има оноа без осет па удира со глава во ѕид и е упорен. На која карта да го тргнам? Совет некој?
Кажи му дека немаш време/дека си ептен зафатен деновиве... Кога ќе го повториш тоа неколку пати би требало да разбере колку е саат Секогаш постои опцијата и да бидеш директен. Фер и за него и за тебе.
Биди директен. Сѐ друго е детска игра. Јас не би сакала некој да си игра со мене и да ми кажува секогаш како е зафатен кога во реалноста не сака да сме пријатели. Не му го губи времето ни него ни себеси во смислување изговори.
Отидов да заверам документ на нотар, без документот. Пред врата приметив дека го заборавив дома. Како можам да бидам ваков човек
Другарска љубов немам осетено со години. Се некои фејкери ми се залепуваат. Ах, колку е само досадно кога си осамен. Имај работа, имај хоби, ама кога сакаш разговор, лице со лице - е тоа го немаш. Се само празни ветувања, и никогаш нема да сфатам зошто и како дојде до овој степен.
"Сите имаме право на мислење". Точно, ама ако јас имам учено некоја област 10 години, моето и твоето мислење на таа област немаат иста вредност. Многу ми се апсурдни луѓе кои не знаат да се едуцираат, а се гласни.
Earlier this year на слободен ден се мислев кај да му ја "дувнам" на шетање, а сега се мислам кој филм да го спремам утре за гледање.
Ми треба совет. Имам блиска личност во семејството која е опседната со тоа дека има некоја психичка состојба, некогаш тоа е анксиозност, некогаш апатија, некогаш нешто друго. Исто така, понекогаш смета дека има и некоја физичка болест. Генерално, опседнат е со себе и не може да напредува на ниедно поле. Мое мислење е дека сето ова го прави од страв да превземе нешто во професионалниот или приватниот живот и на некој начин оваа опседнатост му ги оттргнува мислите од реалност и на некој начин ја оправдува неговата пасивност. Од друга страна, како што поминува времето, сѐ повеќе гледа дека не му е ништо и ако тоа некој му го каже, тешко го прифаќа, обвинува дека не е разбран и ислушан, а тоа не е точно. Бил на психолози, психијатри, разни лекари, ништо не е дијагностицирано, сите кажале дека сѐ е во најдобар ред, има целосна поддршка од сите во семејството. Оваа состојба го направи себичен, свртен само кон себе, без никакви амбиции, само оправдувања и без интерес за тоа како им е на другите. Високо интелигентен е, социјално активен, образован, 22 годишен. Разговарано е милион пати, директно се кажани работите, се покажала огромна толеранција и разбирање. Ако имате некоја идеја за следен чекор, добредојдена е.
Зошто алармот секогаш ѕвони на најинтересниот дел од сонот? Се ко гаш кога има некој крај во сонот, тогаш е и крајот спиењето. И оди сега цел ден мисли шо ќе се случеше.
Особено ако е преубав сон и онака ти доаѓа доза на разочарување кога ќе се прибереш и сфатиш дека ништо не било реално.
Иначе на форумов треба да се даде согласност пред да се стисне нешто за навек. Со моиве дебели и никакви прсти скролав нешто и несакајќи некој што се следевме го одследив. Нит знам кој беше, нит па можам некако да видам кој сум го одследила. Така да другарче, ако примети, сори не беше намерно. Тек па колку пати ќе сакам лајк да стиснам, ќе пријавам некого, арно за тоа треба да пишеш причина зошто пријавуваш, иначе ќе ви стигаа пријвавувања од мене минимум 10 на ден. Ти ебам човекот ти ебам, еднаш на бившиот слики на Инста му скролав, од 2017 слика му лајкнав. Пу.
Подадената рака за пријателство се толкува погрешно. Колку ли такви шанси ќе ни се пружат понатаму во животот?
Нема поубава и поискрена љубов од кученце кое нестрпливо те чека дома и рипа од радост и трчка околу тебе