Ме убива неизвесноста. Уште некој ден и влегувам во 39та. Последната. Уште колку? Кога ќе дојде моментот? Колку ќе трае? Колку ќе боли? Дали ќе бидеме добри? Дали ќе биде природно или царски? Колку повеќе ми се ближи термин, толку повеќе филмови си правам. За жал анкциозноста ме тера да си правам негативни филмови...
Ништо не е посилно од тебе. Наскоро ќе имаш супер моќ - Супер Мама. Ти си храбра, само имај верба во себе, уживај уште малку ти остана од бременоста. И немој да се плашиш, мисли само на она што за брзо време ќе го имаш во прегратка. Со лесно идна мамичке.
Што е филмот со бели чорапи и папучи у сред град и девојки на боса нога со папучи на кафе? Толку ли шабанарија е навлезена кај луѓево?
Торта за прваче ми е скроз океј и нормално, и у мое време се правеа торти за убаво да почне школувањето. АЛИ, кафани, прослави, забави, сликање чуда глупости само пошо се запишало детето во школо за мене лично е пресмешно и скроз непотребно. Или оние таблоа отако ќе завршат у градинка, прослава за четврт матура после четврто одделение .
Зошто кога ќе мора да се навикнам на нова средина со нови луѓе, ми е премноогу тешко со еден куп стресови.. Аман значи, паника на макс.
Не знам што да кажам за тортата за прваче, зошто немам дете и далеку сум од тоа. Додека имам дете кој знае што ќе измислат за прваче па има време тогаш ќе мислам за тоа . Мене не ми правеле торта за прваче, се сеќавам само дека бевме собрани во школскиот двор и гледавме некоја детска претстава, па потоа наставничката не прозиваше а јас бев целата во бунило . Еден обичен ден, ништо посебно. Гледам ни темиве на форумов, тие за бебиња што се особено. Што е со пишувањево не јас и бебето, туку јас и бебе или бебе не јаде, бебе не цица , или па имаше не маж ми прави ручек, туку маж прави ручек. Ептен глупаво изгледа само да ви кажам.
Во Париз се изнагледав луѓе со јакни, апостолки и чорапи. И нормално, само јас зркав и се чудев ко ненормална. Никој друг на обрнуваше внимание. Не ќе да се 'шабанарија' чорапите, туку зркањето во нешто шо не е наша работа Нешто за кое 'ти гори душата'.
Во Америка исто така си се облекуваат со чорапи до колена и влечалки. За нас е чудно, на нив им е нормално. Никој со никого не се замара.
Јас кога ќе прочитам нешто такво одма ме асоцира на некој што нема мрднато подалеку преку граница да се измеша низ светов. Луѓе таму ич не им е гајле дали некој ги зјапа, зошто и како. Секој си се облекува како сака, баш па и намерно вклопуваат некои парчиња гардероба (кои сестраните модни критичари и очи вперени во секого не го одборуваат) ради диверзитет, а може и удобно им е така или имаат оправадана причина за тоа. Пр. вчера гледав документарец со жена со долгогодишна гадна егзема на подколеница што не и била точно дијагностицирана и лечена и од чешање ја разранува и онака имаше како крвави дупчиња и си ја покриваше или со долги чорапи, или со чизми и на лето и постојано носење долги ногавици. На крај ја реши маката, ама додека гледаме кај што не не засега и се замараме со зошто да си ставиме на ум дека има некое затоа.
Пред некој ден донесов огромна животна одлука. Преплашена сум. Ама стравот е испреплетен со мир. Надвладува чуството на правилност на постапката. Срцето ја препозна правилната одлука. Уште не сум станата. Ама барем сега имам надеж дека може да се случи тоа. Мир.
Економија. Се нема време за еден слог повеќе, кога имаш маж и бебе. Еден слог помалку, пута 6 пати бебе е 6 слога заштедени, цел еден збор и тоа подолг. Вака може смешно ви изгледа, ама има некоја вистина во тоа. Една од омилените фрази од некој филм вика- си чул ли колкава криза е во Полска, речиси немаат самогласки во зборовите. Cześć! Przepraszam
Ај не зезај и ти, имала време цел пост реферат да изнапише, немала време две букви да допише Не се прифаќа
Ти ма. Лингвист си? Психолог си? Економист си? Цела психоаналитичка опортунитетна економиска анализа напраив, она- не се прифаќало. Probable root-cause. Врска си немаш, оди да учиш Полски ако ти е досадно
Има едни моменти како овој сега. Болат до губење на воздух, наежување до болка, плач дури не пресушат очите. А се што сакаш е да осетиш физичка болка, оти душевнава не ја бива. Како може една трагедија да те пормени? Вложуваш и инвестираш во себе, а целта е да останеш психички нормален, да се одржиш во живот. И успеваш, се што можеше во година дена се заврши. Без изговори. Убави и големи работи, со тежина онолкава. Ќе ти пишев порака, ама сепак погледнав нагоре. Инсиктивно. Јас успеав! Оваа победа ти ја посветувам тебе
Сите вие нови членови пред да отворите некоја тема проверете дали има веќе постоечка тема и прочитајте ги правилата на форумов за употреба на кирилица. Секој ден иста приказна. Ви треба помалку од една минута да се потрудите да куцнете клучен збор во табот Барај и да проверите дали има таква.
Повторно паднав на полигон. Пред да дојде комисијата одлично извозив,без грешка, дури и самата се изненадив со оглед на тоа што немам возено речиси месец, ама кога дојде комисијата ме фати паника и толку
Првата во рикверц, најкриво ми е што имав шанса да исправам и да продолжам, само малку ми избега колата ама толку многу испаничив и не успеав.