На тие обуките за возачка треба да оди и комплет обука за справување со стрес и панични напади. Јас кога полагав едвај успеав ногата да ја смирам. Од стрес ми се тресеа нозете, не знаев кај се наоѓам. Мислиш за вселенско летало полагам. Цепки
Таа вежба на најголем дел од кандидатите им е проблематична. Ќе положиш нареден пат, само сега добро извежбај ја таа вежба повеќе пати со инструктор/ка и нема да има проблеми. Инаку сите ги фаќа паника, некој повеќе некој помалку.
Сакам да кажам дека сите ние жени заслужуваме некој да не гледа како мотив да стане подобар за нас ... И ние сме мотив за некој сигурно.... Ама не го забележуваме неговиот парфем зошто сме зафатени со оние што не гледаат ко да сме обични.....
Да де, ако мажот е стока, до жената е да го воспитва. Види како ја изврте работата. Ние сме криви за нивните карактери. Ма немој!
Bad boy gone good edition или кај нас таканаречен домаќин. Инспирацијата како произлезена од некоја bestselling романса.
Мислам дека погрешно го протолкува постот на членката. Не и беше намерата да каже дека жената треба да го воспитува мажот. Туку дека таа е мотивација за него за секој ден да биде се подобар и да промени некои работи кои може да се променат првенствено за себе. Инаку сите знаеме дека никој не може да промени веќе оформен карактер, може само да се моделираат одредени негови сегменти. Единствено можеби делот: Није до мушкарца, до жене је, ве навело да помислите дека тоа е поентата на постот на членката. Прочитајте ги нејзините реченици над сликата.
Beauty and the beast. Отвори некоја од темите со љубовни проблем да видиш колку проблеми игнорираат девојки ради таа некоја пуста надеж дека тој навистина ќе се промени некој ден. Не дека не постојат и такви кои навистина се промениле, ама се преретки. Потребно е навистина да имале таква желба за промена, само ете им требала плус мотивација. Во најголем дел? Глума. А и каква порака е тоа? Такво совршенство си што мотивираш луѓе да се менуваат само за да бидат со тебе. Па после не ја сакал, чим не е спремен да и оди се по ќеф. Од друга страна? Облекол поради неа одело, ставил парфем и станал кавалер....се додека не ја испрати до дома и си се врати да живее на својот претходен начин. Не треба да станува културен и грижлив поради неа, треба да биде културен и грижлив генерално со сите. За жал има и полоши исходи од вакви идеи. Кажи и на млада девојка дека е таква инспирација што ќе се промениш за неа, ќе и да дадеш таков его буст што лесно ќе ја заслепиш. После тоа колку е полесно да се манипулира кога ќе успееш првиот пат. Многу пореален одговор со кој се согласувам, за разлика од бајковитиве постови на кои само очи ролам. Заслужуваме да се менува некој поради нас? Не заслужуваме ништо и никој не треба да се менува поради некој друг. Треба само да знаеме што сакаме и да знаеме да препознаеме проблематично однесување или т.н. црвени знаменца. Не да чекаме да ги променат црвените знаменца поради нас. Такви постови се уште едно продолжување на генерализации, стереотипи, клишеа. Ете на пример ова ти е класичното демек мажот очекува жената да остане иста, а жената очекува мажот дека ќе се промени. И така кога жените се борат против сите тие калапи и очекувања цел живот, едноставно некогаш и ваква навидум ситница како постот може да ги наведе да имаат таква реакција како тие горе. До тој дел ќе да е највеќе, а и реакцијата е повеќе поради сликата. Ама сепак членката го постирала тоа, па има добра веројатност да се согласува со тоа.
Знам дека во реалноста е така. Јас ја сфатив членката дека мисли на некои несуштиснки промени. Во поглед на суштинските промени, никој не може ниту пак би сакал во целост да го менува својот карактер. Инаку сметам дека не мислеше членката дека таа е совршенство и има толкава моќ да мотивира некого за да се промени во целост. Инаку и самите знаеме дека никој не е совршен и идеален, а оние кои си умислиле дека се тоа всушност само се лажат самите. И најубаво би било членката сама да се изјасни да не се обидуваме да ги толкуваме нејзините зборови и што сакала да каже.
Дали има некоја како мене што пее на песни дур се шминка и заборава на сѐ? И на тоа дека можеби нова маскара отворила иако старата не и е потрошена. Или единствена сум
На листата на работи што најмногу ги мразам дефинитивно високо котираат приватни автобуси на јсп во кои додека стигнеш до дестинацијата големи се шансите веќе да немаш доволно кислород. Ни вентилација, ни прозори, хорор.
Пак она проклето чувство на празнина... Се прашувам себеси:зошто, кога сите околу мене, блиските и саканите се здрави и живи? Не ми треба ништо повеќе, а се ми треба...