Ела мори, ја тебе прва ќе ти пишам Шала настрана, животот ви е прекраток за да се кочите пред да пишете некому. Дајте до знаење, ако имате позитивен фидбек сте на чекор на ново нешто па макар и кратко да трае, а ако немате барем ќе сте на чисто и нема да си ја мачите душичката за џабе. Нема ништо поубаво од почетоците на некоја врска, флерт или што и да е. Јас ко стрина некоја, ама стварно сакам да ве охрабрам
Деновиве е актуелна pride парадата што ќе се одржи во петок,па очекувам китење на работа во боите на виножитото. Принтавме некои цитати па решив да ги прикачам тука, едното најмногу ми се допадна. Исто така и чашата за кафе ми е излепена со налепници. И за крај најважното
Кате ти само ми пишуваш, а никако нешто конкретно да се деси меѓу нас Сакам да кажам деца не бидете ко јас и Кате
Текстов е доволен приказ за здравството во Македонија,а особено за матичните лекари кои изиграваат херои во време на пандемија. Да се “убие” 23 годишно девојче само затоа што се префрлала од клиника на клиника и само затоа што немаат никаков ред и организираност треба да земеш да го соблечеш мантилот и сам себе да се казниш. Зборовите “имам јас свој приватен живот и немам намера надвор од работно време да биде достапна” како ѝ “јас не знам кој што и давал на нејзе после мојата смена” не е чин на еден квалификуван доктор во бело. Повеќе на линкот: https://zenskimagazin.mk/deneska-si...ta-kjerka-koja-pochina-od-posledici-od-korona П.С. Ме растажи текстов,не ја познавав девојката,нека почива во мир.
Вие дури се чекате, јас ќе дојдам и ќе ве качам двете Спојлер: спојлер на хауба The future is now, не се заебавајте
Кога сме на тема manifestation, 2 години немав видено еден лик, една ноќ коа бев у негово маало си повторував у себе дека ќе го видам (трендот апла ме акна у глава тој период) ама, не го видов и бев ко фак дис шит. Следната ноќ истиот тој лик ми помина пред куќа. Така дааа, не знам.. .
Идам во маркет кај касите, држејќи само едни лебчиња. На првата каса ми даваат сигнал да одам на другата. Одам на втората каде пред мене на еден човек му наплатуваат цела количка со производи, а зад него стои една млада жена со две корпи полни и чека. Застанувам зад неа и гледам на третата каса како еден дедо со леб го праќаат на вторава со зборовите: "Не работи дедо, оди на втора, до сега ќе беше готов ако беше таму" и доаѓа дедово позади мене... Во тој момент женава се врти на кај мене и вика: "Одете пред мене чим сте само за лебот". - Ви благодарам - и велам и почнувам да ја обиколувам. - Не, не, не ти. На дедото му викав. Јас, со тотално збунет поглед: "Извинете". Си се вратив назад, дедово отиде пред нас. А, јас... Јас ги почекав и двајцата. Уште не ми е јaсно што се случи. Марфи има замешано прсти. Cringe.
Докторите не ги интересира медицина, сфатете, важен е профитот, колку повеќе болни толку поголем профит, не е во ќар да се лечат луѓе, најпрост пример се и маските против корона, да штитеа никогаш немаше да ги предложат. Останува сами да си го чуваме здравјето и да отидеме на лекар само не дај боже ако не лупне кола.
За да имало ефект, требало воопшто да не се сомневаш во успешноста. Како и да е, ти посакувам среќа ако пробуваш
Затоа што тие 5 минути што почекав подолго во мојот живот немаше да сменат ништо, ниту деца ме чекаат дома за млеко, ниту пак жена ме чека за ручек, ниту пак родител ме чека за помош некоја, дури и мачката не ме чека за јадење. Ниту сум во брзање со превоз, со нешто или некаква обврска, ниту пак имам нешто хитно да направам во мојот досаден живот. Па така, подобро 5 минути подоцна, него цел ден укакан поради беспредметна расправија. Нека наградува кармата следен пат кога доцнам некаде. Ама дека беше awkward, беше.
Те читам и прво не укапирав одма па препрочитав си викам продавачката ви рекла дедото да ти не, ама вака да женава со пуна корпа ако била фер и дала предност според бројот на производи во рака,едно лепче, требала и тебе да те пропушти ама очигледно поред број на производи во рака при давањето предност одредила и според бројот на години. Нема везе ете не ти било битно што си почекал 5мин. плус а тие во маркетот немаат брза каса, претежно сите со повеќе каси имаат, а и како ве препраќале сите кон вторава каса која е преполна, се ми лични на некоја дубара од вработените кон таа на втора каса. Ама што знам, а за тебе на твое место и јас би си почекала што да се прави кога само таа каса ''работела'', можда така у стоење би ми текнало дека сум испуштила нешто да докупам и у меѓувреме ќе напунам корпа и ако ми се посреќи на чисто ќе дојдам на каса Мене да не ми се остави 1мин. слободно време ќе ми истекне што се треба да докупам, а мајка ми ова го вика ти тежи џебот да го олесниш, те чашаат парите
Отсекогаш постоеле луѓе кои не веруваат во Господ, ама ова е претеризам, за сенешто мантраат и тупат како тие се посебни, нив ги слушал универзумот и им враќал само позитивни енергии
Денеска попладнето си помислив како некој ќе ми пише. И оп ме аднува еден тип, баш убав фин на поглед, ништо повеќе. Ми пишува здраво му враќам здраво и насакајќи стискам за кал. Се испаничив му исклучив и го блокнав. Бламирање како мене никој неможе.
Го уапсија човекот што го објави видеото од болницата што изгоре. За помалку од 24 часа. Под секој ковид пост на инстаграм долу има можност да одбереш за повеќе информации околу истото. Јавна соба е случај кој се влечка 2 години, сексуално вознемирување на инстаграм има секој ден, хомофобија и повикување на смрт на одредени луѓе има на секој саат. Што идеме до заклучок дека кај нас освен што е лоповска држава, исто така е и педофилско/силувачка/мизогина. Може уште истата секунда да се најде кој што објавува, може уште истата секунда пост да е означен како хомофобичен, фејк њуз, мизогин или inappropriate. Ама неќат. И така...