Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Oд мене за него...

    По не знам кој пат одговоривме на класичниот викендски повик.
    За неколку моменти кругот стана тесен, а до нас мафташе маѓепсникот, кој неколку минутно го тркалавме низ прстите. Така дур се згустуваше вриежот од андреналинскиот коктел раширен под кожите, отровот на младешката бунтовност развиорено трчаше, разнесувајќи пурпурна прашина долж градот.
    Паметиш ли драги, ние бевме оние кои ја затресуваат каузалната врска со она што се нарекува реалност.
    Научивме кога да ги рашириме зениците, за во нив да запрскаат искри...А потоа да ги соединиме прстите за тотален климакс.
    Ги паметиш ли маскираните странци во Франција? Како во турканица, еден зад друг танцувајќи несмасно ги расфрлаа монетите и запалкита долж земјата небаре е панаѓур.
    Ткаеа прашина која ја претставуваа како вредност.
    А ние, прегрнати под нишките на јаболкото секој неартикулиран звук го анализиравме во срцебиење.
    Го следевме немиот подвиг кој продираше низ сините пригушени светла, кои се вртеа во уметничко забавување.
    Токму таму, во мрачната студена кутија каде залутавме, каде во несоница и занес посакавме еклипса. Едвај, со притегнати гласните жици смогнав сила и ти реков:
    - ,,Ајде да глумиме, карневал е!''
    Кажи ми, кој ли од непостоечките посредувачи во тој момент завладеа во мојот умствен траект?
    За драмата да кулминира во бледило извајано на твоето нежно лице.
    Тогаш паметам рече:
    - ,,Сешто сакам е да видам како би изгледала оваа твоја луда, застрашувачко - груба демонстрација на еден голем видео бим како оној во кино.''
    Тогаш сфатив дека сум жива, бар на 3 секунди пред да настапи тоталното замрачување...
     
    На Madam-A, poenta, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  2. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Сигурно сте виделе и сте чуле луѓе кои мрчат додека гледаат некоја серија: Хм, ова само на филм го има.
    Епа да ви кажам дека грешите. И филмовите се од нешто инспирирани, секоја приказна е базирана на нешто. Колку за информација, секакви психопати живеат на планетава. :fubar:
    П.С. Не зборував за научно-фантастичните филмови :rofl: туку за оние каде што има премногу деликатни ситуации помеѓу луѓето. :!:
     
    На eliesaab и Nana19 им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Готовооо се одкажувам од самата себе...
    Се одкажувам од женскиот род и од овој ПРОКЛЕТ ПМС
    НЕМОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ луѓе помагајте немам контрола што правам и што зборам...Со цел свет се скарав денеска..Па и самата себе се мразам ке полудам :envy:
    Проклето да е ова кој го измисли по ѓаволите
    се нешто ми фали ........И вас ви е вака ?
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    92.218
    Пол:
    Женски
    Дали е до мене или до другите незнам што е работа.Али јас се одвикнав од ноќните излегувања по дискотеки и паѓање во несвест на некои од диџеите кои си праат финти со песните шо ги пуштаат ... глупости.
    Да сум за добра журка,свирка али оваа не ми е јасно бе .Излегувам и си стојам цела вечер као демек играш па многу ти е убаво ,се смееш на сила. |(
    Поминаа оние времиња кога ноќните излегувања беа омилени помеѓу младината, дискотеките беа преполни се знаеше викенд и работен ден а сега ?!
    Сега сите секоја ден се излезени и излегуваат само за да не седат дома.
    Абе ајде ,подобро да одам да си седнам во некое кафанче или мирно место да си изнапраам муабет како човек отколку да денсам во преполна дискотека со мали деца |(
    Ах да се вратат тие времиња кога се знаеше кој во диско кој влегува, без лична карта или ако немаш 18години има да си стоеш надвор.И затоа тогаш се беше друго се имаше ред ...
    Среќна сум што доживеав некоја убавина пред неколку години во врска со ноќниве излегувања, сеа шо и да праат абе не е тоа тоа.
     
    На anggell и Daydream им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.745
    Пол:
    Женски
    Одамна ме немало во темата :)

    Си поминуваат деновите,месеците дури да се завртиш за една година се‘ е сменето.
    Премногу работи се случија,премногу тешки ситуации..Но,најважно од се‘ е тоа што сите заедно успеавме да си дадеме поддршка,да си подадеме рака.Ништо повеќе нема да е исто,знам.Болката секогаш ќе остане истата,но иако не е до мене знам дека ќе имам уште еден ангел горе на небото.Тешко ми е што прерано си заминуваат баш добрите луѓе....
    **
    не знам како може некој да биде толку песимист,зар треба баш на се‘ негативно да се мисли?
    Има разлика од песимист до песимист,но некои навистина се буквално песимистички настроени, скиснати скоро секогаш,како се‘ нешто да им пречи.

    кај и да се завртиш на секој чекор песимисти,тука-таму по некој оптимист.
    Подобра варијанта би било да е обратно,ама тоа ти е.
    **
    И да,пријателите се познаваат во тешки времиња.Патем, никогаш и не ми биле пријатели,какви се тие луѓе кои се хранат од туѓата болка? Помина се‘,конечно ги пронајдов вистинските
    :hug: до нив ако го читаат постот
    и премногу убави,а по малку и луди моменти :lol:

    Пријатна вечер на сите :hai:
     
    На Elennaa, DoReMi, Valerin и 6 други им се допаѓа ова.
  6. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    конечно и јас летово појдов да се релаксилам и да се одморам :)
    преубаво беше :$ неможам да ја објаснам гледката .. може 300 слики сликав и сега листам по нив сите се темни дека сонцето беше силно :| , ех да имав оди тие апаратиштата [​IMG]
    чекањето 2 сати во сообраќај вредеше :rofl:
    ние лудаци , сме зеле скара да правиме .. седнавме таму околу 100 мексикани :wasntme: да јадеме , се чуствував како на шпанска серија од прво :tmi: после тие почнаа да се молат пред да јадат , како песна пееја и ние тука седнати како од марс паднати си јадеме по полека :rofl: :rofl:
    и ајде сега мене ми текна боса да одам низ песка , и тап тап на еден стап ]:) си го исеков ноџето [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    и си одам си терам , како ништо да не било..
    толку денот помина , и ајт назад , сега се гледам на секој 5 минути дали има некој ефект од сонцево да не изгледам бела како сирење ( како што сака да ме вика татко ми ) [​IMG]
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Finally... поздрав од Ксамил 8) :) :P
     
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.970
    Допаѓања:
    164.320
    Кое ниво на очај и за греота треба да си да имаш испратено 10 селфија на наградната игра на ВИП?
    Се збунив да не влегов во приватниот албум на девојкана...
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    34.207
    Пол:
    Женски
    И така моите комшии ја сменаа тактиката на поздравување.До завчера шо се вели зборот де,бев пиле.Да, пиле бев,а потоа ја сменија тактиката само злато сум сега..Добар ден злато..И така официјално сум позлатена драги мои луѓенца...
    Ај сега да ги оставиме настрана комшиите,еми јас со моето караоке шоу,то ест магаре сингс енд крајинг 8) , никако да си престанам.Си пуштам песниче и си пеам како прв пат песна да сум слушнала во животот и влегуваат моите в соба и..:
    -Добро бе Симона,до кога треба да те слушам како плачиш? :fubar:
    ете не знаев дека имам таков глас..пискав?Аиии како оние од Бјело Дугме?Па тие имаа таков глас!Леле Господе Боже,па јас ќе бидам легенда!Јеааа,ќе одам сега до Охрид,ќе земам пиштол(без паники,на вода шо е)и ќе трчам како Леонардо Ди Каприо и на таков начин ќе се борам да добијам Оскар за најдобар пискав глас,за најмлада легенда...море за шо не..и за Нобелова да..ќе трчам по плажите како Лео... :muscle:
     

    Прикачени фајлови:

    На mileystar, Elennaa, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Временска прогноза...
    Бурата во мене помина и зад себе остави еден куп опустошени емоции, затрупани спомени, скинати нерви, разрушена доверба во луѓето. Од денеска стартувам со евакуација на убавите мисли, за кои постои сомнеж дека се наоѓаат длабоко под талогот бес и дебелите наноси на бол. Небото се разведрува, но сонцето не е доволно, повторно да ги расцвета розите. Потресите на душава не можат да се измерат со скалата на Рихтер.
    Ми скисна веќе од душебрижници и советници што секогаш се информирани навреме и први на местото на настанот демек да утешат и да ти кажат како треба да правиш, засегнати за мојот живот, небаре е нивни. Па кога го имате рецептот за неизмерна среќа, зошто побогу сте толку несреќни? Применете ги врз вас сите тие правила што ми ги цитирате, објавете книга со афоризми и поговорки бидејќи сте полни со нив и аман, ќе ве молам престанете да читате цитати од „Семе Синапово“ на фб, ве упропасти од премногу „добрина“. Јас барем го знам изворот на моето незадоволство. Понекогаш е страшно да си амбициозен и да сакаш повеќе за себе...
     
    На sesilija, bittersweet, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.168
    Пол:
    Женски
    СДК... Сите имаме неразумни мисли понекогаш.Само, мудрите знаат кога е вистинскиот момент за да ги премолчат.
     
    На Dvolicen, EMoonlight, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... не сфаќам како се донесува проценка за нечија личност само од гледање и слушање ... Проценката не треба да е резултат на оптичката илузија туку на навлегување во суштината на секоја личност. Просто кажано, не ги земајте личностите здраво за готово и не ги оценувајте над површината, Туку секогаш гледајте и слушајте што има под таа површина :) ... Па тогаш носете проценки.
    И, давајте си време за да запознаете некого подобро, па и да дознаете дали можете или не да се поврзете со личноста. Гледајте на широка слика, секогаш.
     
    На sweet-cherry, kate21, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  13. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Конечно после толку време му се враќам на форумов. И да ви кажам искрено, многу сум среќна поради тоа. :rofl:
    И не знам дали вие го почувствувавте моето отсуство, но вие мене дефинитивно ми фалевте. :)

    Се враќам полна со енергија, со малку повеќе искуство од претходно, со иста цел, да се дружиме и да си помагаме :) :)

    Кога сум веќе тука да си кажам дека многу убаво поминав на одмор, тоа беа прекрасни 25 дена, нови традиции, поинакви луѓе и карактери, и секако мноогу одмор и уживање. :D
    Се надевам дека и вие си го поминувате летото многу убаво и дека ќе се дружиме пак како пред неколку месеци. Ве поздравувам. :*
     
    На Elennaa, Someonespecial, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Вчера во Битола се случи еден од најтешките инциденти во историјата на спортот во Македонија, на натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар е фрлена шок бомба на гостинската трибина, има доста тешко повредени комити, а еден млад дечко останал без рака.

    Па добро, дали се нормални ова дебиливе од полицајци, свесни ли се што прават? Во 90та минута активираат и фрлаат бомба во маса луѓе на трибини, а само за споредба, на протестите на Бит Пазар се бранеа мавајќи со пиперки и краставици по шабаните.
    Како што еден навивач одговара кривично за секој фрлен камен, сега треба кривично да одговара и кретенот од МВР кој наредил да се фрли таа шок бомба на така мал простор, остави млад човек без дел од раката и го направи инвалид, абе до толку ли не знаат да извршат проценка, дали можеби биле на обука во Африка?

    Се огласи и мојата омилена за сва времена, онаа мустаклијата со блескава изјава дека навивачот сам си ја активирал шок бомбата во рака! Види мајката, навивач успеал да украде бомба од специјалец и сам да ја активира, сигурно ќе направат психолошка анализа и донесат заклучок дека навивачот најверојатно сакал да изврши самоубиство, па да бе, он сам си е крив.

    Оние од Фудбалска Федерација увцето не ги боли, а МВР се бламира со сликите кои ги објави во јавност како доказ, факт е дека човекот остана без дел од левата рака, а на нивните слики се гледа некаква бомба држена во десна рака. Според нивната слика, бомбата е во воздух (навивачот ја држи со цел да ја фрли), е сега, како тоа навивачите имаат повреди на нозете?!

    Страшна работа, на крај Цацко ќе биде крив.
     
    На senza.parole, la-chicka, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Аххх...зар може да се спореди ова чувство со нешто...нова љубов, нови пеперутки во стомак и старата насмевка на лицето :D
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Сакам да и кажам на ozbilnazena дека оригиналната верзија на "свашта жена раѓа" е -свашта пи*ка раѓа :D
     
  17. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.452
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Значи ова е веќе стварно претеризам!! Одам во двор сега и гледам дупка на пластичната столица,се вртам околу да видам што е и гледам куршум :x .Албанциве стварно претераа кај со колите што ни ги дупнаа ушите по цел ден (еве и дега додека пишувам свират),па сега уште и да убијат некого фали. Скоро цел ден седиме тука на лето,па фала богу што немало никој тука во тој момент. Да ти е страв во сопствен двор да седиш и да го ризикуваш животот ти е работава . :@
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Македонија стана светски првак во јадење чили хахахахаах ми падна смешно. Па македончето уште од малечко е зарането со пиперки наместо со млеко хахахаах :rofl: :rofl:
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Сум ви кажувала за тоа колкав „талент“ имам за памтење фаци, нели? :wasntme:
    Е, во прилог на тоа... луѓе, значи живи бруки сум колку (не) си ги познавам комшиите. Кога ќе се земе во предвид и тоа дека од роџење сум во иста населба и во иста зграда... шта речи. :D Можам да замислам како би било уште и да сме се селеле. :D

    Секојдневна ситуација, среќавам комшика во лифт, ми разврзува муабет за тоа која година гимназија сум, па што размислувам за на факултет (а ја у глава си премотувам филм и се смешкам засрамено надевајќи се дека нема да примети дека немам поим која е). И како и вообичаено, на крај ми порачува да поздравам дома. :D
    Доаѓам дома и, пошто имам навика одма да пренесувам поздрави:
    - Мамо, те поздрави комшиката.
    - Фала, а која комшика?
    - Пааа... [​IMG] една средовечна жена, плава, со очила...

    Како сведок што опишува некој криминалец што првпат во живот го гледа, и тоа на некоја минута. :rofl:

    А да не зборувам пак, за тоа кога ќе сретнам некои семејни пријатели што последен пат сум ги видела на слава пред неколку години. И оној нај awkward момент следува откако ќе те изнагледа колку си пораснала и ќе ти рече неколку пати, ааа олкацка беше :lol: , и одеднаш ќе ти рече - злато, не` памтиш нели? И викаш, да да, нормално, како да не ве памтам, а во себе тонеш од срам. :angel:

    Важно, јас си се држам на она правилото што ме научиле од мала - на секого што влегува во наша зграда и на секој што ќе те поздрави, речи му добар ден.
    Е сега, колку сум го познала, тоа е друга приказна. :rofl:
     
    На DoReMi, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Знае Озбилна дека таа пустата секакви раѓа :D Bridget златна, ја знам верзијава :D
    Ама ај да не бидам безобразна - затоа што ги има секакви, напалени, запалени, изгорени, недогорени :lol:
    Батали, не вреди да се зборува :) Седни кафето готово е. На здравје. :f: :hai:
    [​IMG]
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.