Посебен круг во пеколот за сите со симптоми на корона кои лагано искачаат секаде, одат кај секого и шират вирус без грам совест. Мамето проклето....
Желбите се остваруваат... среќа што имам трпение. Универзумот/судбината или што и да е, веројатно ме наградува за тоа. Пресреќна сум... и благодарна.
После толку години откако си отиде те сонував тебе. Насмеан, среќен, весел... Се појави од некаде додека пред неа имаше убава торта - подарок, по повод новата љубов во нејзиниот живот. Заплакав зашто сфатив дека никогаш нема да те видам овде, на земниот свет. Се разбудив, а ти остана како тажен сон да стоиш таму, на веселбата, со весел лик да ме потсетуваш дека ништо не е вечно.
Гушкајте си ги родителите. Правете го муабетотот со нив за кој што собирате сили долго време и само го одложувате. Прашувајте ги за нивниот живот повеќе. Поминувајте време со нив. Терајте ги да си го чуваат здравјето. Не знаеме што ни носи животот и уште колку време ни останува со нив.
Прочитав по порталиве изјава од нејзиниот син , скоро и бил направен Ковид тест кој испаднал позитивен . Од таму и отежнатото дишење како и влошената здравствена состојба . Жена борец . Почивај во мир Марина .
Завршив ли со тебе? Не знам, се надевам дека да. Сите глупости кои сакам да ти ги кажам, џабе би ги верглала, кога не разбираш. Дека некого можеш да повредиш и со неправење на нешто, не само со правење. Според тебе, за се' треба рационално и ефикасно да се комуницира, да да, и јас сум за тоа. Ама кога на неколку начини ми докажа дека твојата кожа ќе ја пазиш до последно, а сето тоа под маската да бидам јас заштитена. Е па, извини што се најдов повредена, се нема време, простор , и воља. Те предупредив веќе еднаш дека со глупостите одиш по работ. Не ме слушаш и се правдаш со твојата вистина. Звучиш како спин докторите " се извинувам ако си повредена' . Извини се еднаш за своите грешки, а не да ми импутираш преосетливост. Ми се гади. Време е и јас да повлечам црта што точно добивам , а што губам . Билансот нема да ти се допадне. Најмизерно е што ми рече дека вака не стануваме поблиски... многу низок удар. Ми знаеш слаба точка и тоа не е доволно за да се внимава. А следно, ми кажуваш дека точно и јасно треба да ти кажам што да промениш за да оди глатко. Као не читаш сигнали. Ако нешто ме одбива од некого, тоа е тој солипсизам, моронско его , и студенило кога ке се најдат во тесно. Шпански серии не сакам, ама глупавиов бизнис етитјуд е срање со спротивна амплитуда. Некогаш џабе демиџ контрол. Buzz off.
Нели бев јака личност.. Нели не знаев како да заплачам, пред некој да покажам емоција.. Нели бев инат, постигав се што ќе замислам... Што ми се случува сега што не можам да се пронајдам себе? Каде е онаа што беше упорна во се , што беше најпозитивната и желна за успех? Зошто ништо не превземам а имам толку обврски ,свесно сакам да тонам во неуспех а се плашев од истото.
Си читам стари мислења, како сум учествувала во темите предизвици за најголемите филмомани, со по изгледани 100+ филмови. Ми фали мозочето кое имало attention span повеќе од 15 минути, да не зборуваме за 2 саати, па уште и 100 филмови на година.
Имавме тогаш и повеќе слободно време, сега у цела година 20 филмови едвај да најдам време и енергија да ги најдам, симнам, изгледам, друго беше тогаш.