Толку ли е тешко да ја ставиш сметката или писмото ВНАТРЕ во сандаче, а не пола да виси па да ми ја гледаат, да ми ја земаат или да падне да се зашутка. Драг поштару, те молам.
Дами и господа.. Денес за прв пат се сретнав со Карен. Значи секакви клиенти сум имала, ама вакво искуство никогаш, пу да му се сневиди.. Какви луѓе постојат, едноставно запрепастена останав на чистата моќ кои некои мислат дека ја поседуваат. А не знам како да постапам, пошо врти сучи они мислат дека се во право, без разлика колку си се трудел да им угодиш.
Се ближам кон 30че, но во ситуацијава страшно ми недостига да си ја изгушкам мајка ми. Толку тешко поднесувам се, што само ми е битно да ме гушне и да ми каже дека се ќе биде во ред...
Сакам да кажам дека е редно да почните да се спремате за Inktober 2021 зошто на 1ви почнуваме со цртање.
Живеете убав и смирен живот, конечно нештата се средуваат, добивме нов член во семејството, јас конечно најдов некој со кој ќе го поминам животот, најблиската роднина излечи рак, на работа се убаво, пријатни колеги, покачена плата и така , обичен ден како и секој, но одеднаш некој решил да се дрогира и да пие и сите среќни моменти да ги крене во воздух, возејќи во спротивен правец а закони како закони, никому ништо добро не донеле, живот како од тажните бајки, од совршен живот до убијци, само затоа што на некој му се пиело. Ех животе и скапано правдо...
Идентично и јас. Да не се мачам да пишувам. Малце језа фаќа кога читам. Исти сме ние луѓето сепак. Исти сценарија.
Само да кажам не читам повеќе коментари по фб. Човече, една реченица не знаат да напишат како што треба, и само коментираат. Ништо не ги разбирам. Дали е до мене? Очобол ме фаќ од грешки
…продолжува сагата на небезбедното работење во Малта… Се качуваш на некој спрат и мора да фарбаш надворешен ѕид и притоа немаш безбедна опрема. Си го ризикуваш животот за мочани 50евра ама мораш,компанијата има пари да гради згради,а нема за опрема. И тоа е,или ќе се качиш или ќе ризикуваш да си пакуваш куфер. Но,тоа не е сѐ,има и бетер. Такви фирми како овој копанов. https://lovinmalta.com/news/former-...s-fired-after-similar-construction-site-fall/ Цупа цуп секоја скока од правилото. Од вчера островот го тресе скандал страотен и засрамувачки. Ко малку да им беше убивството на новинарската Дафне па сега зимаат часови за загрозување туѓи животи. Oh well…Работникот ( имигрантот ) паднал од втори спрат додека работел и неговиот шеф место да го однесе во болница,го качил во кола и го однел во Селмун (запустено место близу Мелиха) и го исфрлил како куче од кола. Да,добро прочитавте како куче и си заминал. Да,добро знам што мислеше неговиот квази газда дека човекот ќе умре таму никому ништо. Не му посреќило изгледа,сироткиот. Наишле двајца случајни минувачи и викнале брза помош. Подетално на линкот. Јас само ќе кажам Хитлер Врати се,се ти е простено!!!
Колку сакам кога со некој ќе си направам така deep муабет, без фолирање и правење лице туку баш онака муабет кој те опушта и во кој осеќаш дека си сфатен од другата страна. За жал, имам и такви особи во животов со кои мора да разговарам на глупави теми, да се преправам тоа што не сум, да зборувам за исти работи по 100 пати, да озборувам(иако гледам да се воздржам од тоа) итн. Такви разговори психички ме мачат и гледам да ги доведам до минимум.
Ајде овде подобро ќе пишам. Мислев јас сум чудна ама спиење со свекрва хаха ми ги надминува сите норми.