Скролам по тикток и гледам како возрасен маж се обраќа на 15 годишно девојче и го повикува да му го... Ама за македонскиов народ моментално најголем проблем е тоа што некој странец се сликал топлес по штикли пред црква. Не сакам да верувам колку прост народ живее во државава.
Сите оние кои сакаат дожд и дождливо време ми доаѓа да ги удавам во некој вир. Ти ебам дождот никаков ти ебам
Македонецот кога ти филозофира и ти продава ветер во магла: јас си го живеам својот живот, не ме интересира животот на другите, кој шо сака нека прави, како сака нека се облекува, како сака нека се понаша, секој има право на избор, не осудувам никого, не критикувам..... Македонецот во реалноста:
Веќе цела недела се расправаме дома со мајка ми за стариот CRT TV, кој стои така на таван од кога му се случи мал дефект и не го поправивме. И еве, сега дојде ред после 5 години нејзе толку да и смета тој ТВ и да сака да се фрли, како да нема еден куп други понебитни работи што треба да се исфрлаат, а така седат. Од друга страна, јас сум сентиментално поврзан за тој стар Филипс затоа што израснав буквално со него. На него ги гледав првите цртани, првите филмови, тин серии, на него ја пратев А1, ги гледав видео касетите кои ги снимавме тогаш, од родендени, прослави, крштевки, цртани... Баба ми имаше грамафон, убав, функционален, но во тоа време грамафоните беа како денес што се касетофоните и цд-плеерите, веќе никој не ги користеше и немаа никаква вредност. Си играв со него како дете, и дете како дете, го искршив. Се би дал денес да го имав и да можев да си пуштам плоча. Нејќам да ја направам истата грешка и со ТВ-то. Мене ми е како да фрлам дел од себе, дел од мојата младост и детство, а за мајка ми е само обичен стар ТВ. #спасзатв #твтонегодаваме
Ти па шо пишуваш во темава, коа не те замима не ја ни отварај колку нешо да пишеш или може ти си од тие таквите што го кршат законот не почитуваат повозрасни влагаат во конфликт и се понашаат вака идиотски како тебе
@Bratot уз пат може тоа била мајкати што чекала ред или тетка, сестра. Јас сакав да ја објаснам непријатната ситуација што ја видов денес. И не туку ме означувај без врска
Јадам нудлс и гледам видео како се готви некоја фенси француска салата. Додека го гледав ми текна дека и @AnaKarenina еднаш имаше пишано како јаде салата, а гледа како готват/mukbang со бургери. Крај на лето/почеток на есен секогаш ме мава некоја меланхолија. Годинава мислам на форумџики кои веќе долго време не се активни, со кои никогаш немав контакт надвор од форумов, а сепак ми оставија голем впечаток. Кога ќе помислам на тоа кој момент беше клучен дека треба да продолжам да се занимавам со фотографирање, секогаш прво на памет ми доаѓа кога во некоја од фотографските теми @Abrakadabra ми имаше кажано дека сликите ми се необични и дека имам осет за фотографија. Гледајќи наназад, форумов беше многу повеќе од форум за мене. Се зачленив дете, тука стекнав работи кои сега ми се секојдневие. И пред да направам постов да звучи ко да се кандидирам за претседател, сакам само да кажам дека иако не сте активни, се надевам дека сите сте добро и го живеете животот кој го посакувате и затоа сте unbothered со форумов.