Ехх летово ќе го баρам за вρеме на шκолсκата година Нема ништо подобρо од ρелаκсиρање со дρгаρκите, смеење,забава...
Не се откажувајте од НАДЕЖТА. Ако се откажете, ќе сфатите дека сеуште не дошло времето за вашите насмевки, но еден ден, ќе дојде и ќе биде подобро од замисленото.
Тој момент кога си искочен од дома од 1 саат попладне и се враќаш сега,во 10 навечер,а цело тоа време си бил со друштво,те болат нозе не можеш да мрднеш...и влагаш дома,вришти Алис Купер од појачало,мајка ти праи пица и те чека со кригла пиво на маса! Една е !!
Куферчето ми е спремно и јас сум спремна само уште да дојде утре и да одиме на одмор со срценцето мое и да си ја прославиме 4ри годишнината
Ај да се ислеснам.Колку се луѓево неблагодарни,ми се гади дури. Чисто земето го времево.Минативе години,па дури и лани беше се црвена зона,по 45 степени.Сега сите дождот го колните ко чума даа е .Температурата си е таман,не е да изгориш.Шо ако врне.Земете си некоја книга или музика слушајте покрај прозор додека врне.Тоа ти е психички одмор!Зар стварно сакате да е како порано? Да не се излева од 11 до 5? Сега кога се поизлади сите сонце па сонце,а кога печеше не ви беше убаво.А да ве потсетам лани како трубеа дека и млади и стари изумреле од мозочни и уште какви не удари од жешкото.Па сакате така,а?Навистина,не знаете шо сакате.Посакувате едно а кога ќе го добиете го отфрлате. П.С. Се рашишав Оштетеното го скратив а шишките уште си ги растам!
Едно прашање за Македонците Зашто причате на Српском кад неки странац вас пита нешто ? Па како тие си го почитуваат својот јазик и без разика што зборуваат со Македонец си зборат на својот јазик а вие одма на Српски перете брееее Нацијоо ушта фали да им одговорите ЈА НИСАМ ОДАВДЕ
Абе знам дека цела работа е до мене, не дека не знам. Се правам улава ете... И што после? Далеку сум од дното јас...неколку милји поднего,онака психички како што е модерно,што да не.. Секој ден во огледалото гледам колку секојдневно се повредувам и не превземам ништо околу тоа.А сум смислила безброој начини и чекам чудо пошто нели, траат додека да заспијам. Им се жалам на другите колку што можам а со другото се измачувам себе си.Нема кој да ми помогне знам јас за тоа.Колку тие малку можат да приметат мене што ми е ех.. А чудна сум ти јас.Од чудна-почудна здравје!Ако можев и јас да се сванам и да се најдам себе си досега решен проблем ќе беше со како и да се вика ова стање мое. Заглавена сум во некој свет наместо да бев на такво место каде сите мои блиски ме замислуваа(т).Јас само набљудувам ни малку присутна во ниту една ситуација изминативе години.Така..Живеам како во сон.Баш. Ај нека ми е наздравје и третото лето поминато вака... Насмеана сум бе луѓе јас,еден ден само така со цело срце ќе биде.А ќе биде.
Денеска на брат ми му е роденден! Сакам да му посакам најсреќен роденден, голем да ми расте, умен да биде и повеќе да не` слуша! Луѓе, кога поминаа 10 години? Мислам вчера беше, тоа утро кога ми кажаа дека бебето се родило, и кога седев на сред двор и го чекав во 6 саат наутро да се врати од болница! Никогаш не можам да го објаснам чуството кога ми кажаа дека нема повеќе да сум сама, и еве како диви шатки излетаа 10 години. Па кога прв пат го видов, многу мало беше, како самунче, и еве го сега уште една глава и ќе ме израсти, што да правам кога сум ниска, хехе. Додека се свестив, брат ми порасна во мало момче. Пред очи ми порасна, мислам вчера во раце го држев и во количка го возев низ маало.
СДК си ловам јас така вчера риби на Треска некаде во Поречието, фрлам мамец и одеднаш тапата ја нема, ај мајката. Влечам нели тоа конецот, гледам тапата изгризана. Си велам море, море и Пирани сме имале бе , а зошто да не кога се си имаме кокошкини/пилеќи грипови, свински грипови, еболи, листери, некои си стршлени е сега и Пирани. Ама се разочарав малку кога ми кажаа дека пастрмката имала заби. Ете и тоа научив, пастрмка па и заби. Абе тапа муабетов.
што е со францускиов јазик бре лујџе! Аууу абре искршив јазик ова ни е ж ни р никакво пуста желба да го научам ќе се швркнам од дрдорење се надевам нема да се откажам на сам почеток
Добрата страна на свадбите е што се видиш со далечна роднина и половина вечер ви помине во враќање на спомени.Кога бев мала ја влечев со мене како кукла по селските ледини и правев венчиња од цветови,се шлапавме во блискиот поток ,ја учевме напамет посветата на споменикот на паднатите партизани,купувавме заедно леб од селската пекара...ја истрижавме единствената кукла со коса што што ја имавме... А таа станала вистинска кукла...дама и жена ...
Чудно е кога ќе ти се случат тешки моменти во животот а ти снемуваш солзи,како да пресушиле... Се те стега во срцето,сакаш да врискаш на сиот глас,сакаш да го вратиш времето,да смениш многу работи... а свесен си дека не можеш...и се притискаш во себе,трупаш се во срцето и очекуваш некој ден да пукне од премногу издржливост...Понекогаш се прашувам камено срце ли имам? Биди силна за себе,за нив... Оваа моја таканаречена силна страна се повеќе ме плаши... Ми недостига...одземен е огромен дел од мене кој никогаш веќе нема да се потполни,таа празнина ќе остане засекогаш,знам...тоа и ме нервира,ме прави лута на сите,бесна... Зошто не се бореше се прашувам? Ова ли го сакаше? оваа болка ме удри од земја,и мене и нив... Сега како?Ајде објаснување...нема нели... Само соништата сега ќе постојат за твојот лик да го гледам...а некој ден може и нив ќе ги снема...
Ги читам старите мислења. Заклучокот е дека сум дебил. 3 години чекам на други да ме направат среќна. Не знаам сама како да се направам среќна. Па Петко и Стојко ми се криви за депресијава. Пу ти Е*ам смотаната. Сто пати кажав дека вртам страница, сто пати не ја свртив. Сите грешки си ги повторувам и да пак криви другите се. Ало освести се. Ми иди да се натепам самата. Одам со доместос да се отрујам, чао, пријатно
Ништо не му фали мор, ќе се научиш, па ќе бидеш дама из Париза, доби виза :geek: полека, кроце, без нервози, не се откажувај ти одма, збори си
2 сати бркам мува јас мавтам та не бега , тука си стои ќе летне од време навреме на моето нинџа павтање и пак ќе се врати назад си седнав на компијутер и викам сама ќе си замине , таа си стои уште тука и едно време кога почна да брчи , ко бумбар да имам дома , каква раса ќе беше мува , ама не од тие малите , оваа голема како трудна да беше се изнервирав и станав , нејќев да ја тепам оти после малку жал ми е почнав да мавтам вакваа абре никако не излага .. одвај ја избркав achievement of the day :up: до мувата
^А да ти раскажам јас за комарецот што сака да ме штипне ? Што се тиче новонастанатите тролови низ форумот,само едно имам да кажам-1ви Септеври е близу
^^ Да не ви зборувам јас за комарци на подколеницата сум ко семафор, огромни сее, чиниш со пушка ме пукале Ко ќе ми влези некоја песна в уво, тешко излегва од таму, и одма барам текст и цел ден ја пеам Не сум можна, испит имам абер немам, наместо со книгата јас текстови од песни си учамм.. Ајдее нек сее угодееее
Ако ако горде само ти зезај ме море шуќур италијанскиов е кај кај полесен за зборење од францускиов а со двата мор шо че праам