Денес полнам една година на форумот. Среќен сум што причината поради која дојдов на форумот да барам решенија и одговори, исчезна. Сега ми е полесно, одамна заборавено е тоа што ме мачеше лани. Кога сме кај форумот сакам да напоменам дека имам добри а и помалку добри критики за некои членови, но за тоа нема да дадам детали, туку само ќе кажам дека сите треба да се преиспитаме себеси секогаш пред да пишеме мислење или, пред да кажеме нешто на некој. Три пати мери, еднаш сечи. Останатото сѐ е супер
Времево денес е само да си земеш едно кафенце, нешто благичко и да си седиш со ќебенце. И да си уживаш во дождот.
СДК жива сум, да не ме мислите, само немам време да се палам на форумов. Кога и да се уклучам заглавувам и после ништо не завршувам Ама ве читам од време на време да знаете, ве мислам. Имајте убав ден, ако е возможно на времиштево
Чудно ќе е ако речам дека сум ко двајцата? Ама овој пат ко девојката, требаше дожд. Спојлер Ама ништо не е подобро од сепак.
Интересно ми е како одредени во обид да се изборат против општествени стандарди за тело, ќе прикажат тело со поголем вишок и ќе пишат - Realistic body Или истиве критикуваат дека луѓе со фит тело припагираат нереални стандарди. Ноуп.. Постојат и такви со видливи стомачни и такви со исцртани мускули. И да, и тие имаат подуеност, стрии, знаеме. Ама стомачните и видливите мускули, не им се на сите цртани со фотошоп, туку само работеле на тоа долго време и со многу труд. Ама не се нереални. Различни, да. Реални/нереални, не. Оти со второво правиш такозвано фит шејминг и ништо не си поарен од тие што прават фет шејминг. Едит - кажано од една "мушка тетка" со нереално широки рамена.
Какво време дојде, сред бел ден од позади куќа да ти крадат ограда и стар шпорет, аххх штета што не ги видов бар ќе им помогнев
Веќе ништо не е чудно кај нас, ама пак како не им било мака по дождот да крадат Можеби оградата ќе ја продаваат како старо железо