Клиентите во мене пред сѐ гледаат другар и пријател. Ете, немав среќа да створам голем круг на пријатели хипици и со нив да патуваме по светот како што ми беше желбата, ама ете барем клиентите ме бараат. Дури дозволувам некогаш и да ме злоупотребат од причина што се чувствувам осамено и покрај исполнетост во финансиска смисла периодов. Скоро правам 27 години, а животот веќе сакам да заврши. Преморена сум и сакам да ме снема одамна. Извинете на негатива ама така се чувствувам, тешко ми е.
Имам финансии, немам добри луѓе околу себе, зошто веројатно не ги ни заслужив. Сепак ти благодарам што пиша.
Слободно кажи си олесни си ја душата. Извади ја тешкотијата од себе ако сметаш дека така ке ти е полесно. Наше е да пробаме да те утешиме колку што можеме и да ти олесниме. Со фактот дека кај секого во даден момент нешто фали. Кај некого време, кај некого финансии, кај некого пријатели.... Да се надеваме дека е само до моментот и дека со работа врз недостатокот набрзо ке се отстрани.
Откако сфатив што пиша го избришав коментарот. Како и да е истото важи и за луѓето. Не ти се потребни луѓе што те влечат назад во животот колку само да ги имаш. Многу е мала случајноста да налеташ на некоја добра личност. Повеќето ќе имаат скриени намери и нема да бидат искрени.
Толку залет зема материјализмот што не може веќе девојка да се најде. Нема веќе симпатии, дружење, допаѓање, почеток на нешто. Ако не се "истакнеш" со скап автомобил, ако немаш некој стан два, не си битен. Како некое непишано правило, сѐ повеќе се става акцент на тоа дека машкото треба да тежи многу пари, женското треба да паѓа на такви машки. Овие наметнати некои норми шеми и правила од "современиот век" се неодржливи краткотрајни и трајно штетни. Едноставно, депресивен ток на денешницата...
Се сложувам, само со делот дека се бара машкото да тежи не е точно и машките целат кон истото ако девојчето не е од богата фамилија барем добро да заработува.
Изгледа не си слушнал за кога договарале бракови па требало мажот многу повеќе да покаже колку поседува за да ја земе жената.
Полека сфаќам дека зима сакам повеќе од лето. Не сакам ладно, ама кога ќе размислам, летата секогаш ми биле подосадни, иако има многу повеќе работи кои може да се прават, додека шансите времето да ти ги расипе плановите се мали. Обично владее конверзацијата дека ако не е сончево, не може никаде да прошеташ. Муабетов на сите го кажувам. Лани бев на Матка, некаде доцна есен и тие денови беше прилично облачно и врнежливо. Искуството е 180° спротивно од тоа кога си на Матка на сончев и топол ден. Луѓето што беа таму се броеја на две раце. Многу порелаксирано е чувството кога не треба да застануваш на секое за да се разминеш шетајќи по патеката и кога не слушаш надвикувања и гласови на луѓе што би оделе пред и позади тебе. Исто така, целата клисура има друг вајб кога е дождливо. Зимата ми дава поголема контрола врз приватноста.
По долгогодишно талкање по патиштата на осаменоста, барајќи пријател-во вистинска смисла на зборот, мило ми е да признаам дека пополека се чувствувам како еволвирам во нешто сосема трето. Нешто кое не те турка за да се подобруваш, не припаѓа во твојот живот, само убавината е добредојдена. Во последно толкав замав ми фати елегантниот стил, во мешавина на барок со викторијанска инфлуенса. Високи чевли, свилени хулахопки, светкав накит, добар парфем. Посакувам некој ден да сум толку успешна што ќе можам вака да се облекувам и на професионални бизнис вечери Да патувам, фотографирам, да ја искусам таа среќа на раскошниот свет.. Сон..
До фраерот денес со сино ауди... Неверојатна среќа имаш што не запамтивме целосна регистрација. А и да запамтевме, судејќи според тоа како возеше можеби немаше ништо да ти биде бидејќи претпоставувам си од јаките батиња што ниедна жива сила ништо не им може па си земаат слобода за сѐ, ако се сфаќаме на што мислам. Денес можеше да има 7 жртви, можеби и повеќе. Среќа, ќе речам, се избегна некако. Милисекунда беше во прашање. Бадијала скапото ауди што чини колку цел стан кога 3 грама мозочна маса немаш. И ѓубре да речам дека си, ѓубрето го навредувам. Дали ти се посреќи во животов што стигна 5 минути порано онаму каде што сакаше да стигнеш? Дали можеш да го вратиш стресот и траумата на човекот во спротивна лента што уште го мислам како ли воопшто се чувствува по оној настан. Уште па и постар ако е... Еве за од мојата страна нема да зборувам. Што постигна идиоту? И ќе прашав која амеба ти даде возачка ама ми текна дека голема е веројатноста на некој лесен како трска да имаш дебело платено за дозвола. И од глава до петици се ежам кога ќе ми текне колкумина има вакви. Колку луѓе имаат загубено близок поради вакви креатури. Не беше доволен малиот судар со еден мортус пијан од пред некое време, уште ова фалеше.