Кога и да си помислиш дека не им даваш доволно мама, сети се на силните прегратки утрово, меката постела послана со љубов и грижа, очињата весели и безгрижни, топлиот и вкусен ручек, прстињата стиснати во твоите при попладневната прошетка, сите нивни прашања и твои стрпливи одговори, сети се како низ игра заедно го откривате светот и среќни прегрнати заспивате со желби за уште подобро утре, ти бескрајно благодарна и веќе со мислите во утрешните обврски и планови, тие потонати во сладок сон на најсигурното и најтоплото место на светот, прегратката на мама. Кога и да помислиш дека не им даваш доволно на децата мајко, сети се дека дури ја имаат мама покрај себе, имаат се!
Дечко ти треба да ти раскине, не му треба негативец како тебе. Се радувал на сопствена плата што сам си ја пуштил,па дааа некои ни плата немаат.
Ќе бидам културна и нема да те навредувам за да не ме банираат пак поради тебе и затоа културно те молам да не ми реплицираш, аа и културно те пцујам и без да ти кажам и важи од предходно сѐ што ти имам пишано, кога веќе не можам некултурно затоа што ќе ме банираат и стави ги мојте риплаји на игнор, како и јас твојте.
А,што има смешно во тоа што човек се радува што му се исплати трудот? Тоа е за гордеење,не за смеење.
Додека ние и се радуваме на есента, и наоколу за на стори го сликаме нијансираното жолтило на дрвјата, додека можеме мирно да шетаме на дождливо време со чадор во рака и потоа да се вратиме во топлите домови, некој таму некаде, а се почесто и во наша близина, се чуди како ќе се снајде за огрев и едвај издржува на ладните температури, на некои поради континуираните дождови и ладно време, им заостанаа со берба земјоделските култури и се молат да не ги изненади слана наутро кога ќе се разбудат, бидејќи така ќе замине целиот нивни труд во неповрат, а по се изгледа дека така и ќе биде.... Животиште
Spoiler Се давам во симиткава, ама секогаш ме зафркаваа на факултет од др. градови со муаб. демек како јадеш леб во леб? А и турска симитка обожавам Таму симит е назив за нивни типичен ѓеврек, убавини
Како се испофали, да му е мерак на некој за жена да те земе. Шала настрана и јас обожавам бурек со што и да е само бурек да е. Не постои некој што не ми е убав, па макар бил и со месо.
Џентл перентинг не е лигавење со децата, не е толерирање лошо однесување, не е непоставување на граници, не е газење по јајца пред децата, додека ве тероризираат, не е организација на денот според секој хир, не е некажување не. Не знам колку сте свесни каква психолошка штета правите од погрешно толкувани работи. Само вас да ви е добро, на другото дете денес што му ја искубаа косичката до крвава рана, не мора да му е, зошто мајка му Карен на малиот Дибек применувала нежно родителство, мислам...мхм gurl, we can see that, го откуба кутрото за меко топче, едно од 10 други, ама он сакал многу зелено. Пола саат претходно држеше лекција за Монтесори. Едно дете истрауматизирано, другото во конфузија.
Искрено немам пробано, во наше маало има бурекџилница, човекот прави преубав бурек. На менито има со кашкавал и со врат ама никогаш не сум пробала, мислам дека треба да пробам.
Треба да се проба. Само кај овие буреци важи она: или одма ќе го засакаш или ќе го мразиш довека. Измеѓу нема Јас сум си верен фан на урда, а и оној со спанаќ ми е мх мх. Ма да, поубаво од баница со спанаќ нема
Мрш, сега не знам дали да си купам бурек или симитка сабајлево. Ама сепак ќе одам со симит, да не се осеќа толку хејтано.
Добро утро Врнежливко утро Бурече ми е омилен појадок,денес вртена пита со сирење ќе јадам. Со јогурт мммм кои мераци се прават. Бурек со нутела хммм,треба да се проба.
Може нешто као Дали сметате дека задоволството кое ви го носи бурекот го надминува фактот дека огромна количина на масти влегува во телото? Дали сте свесни дека по јадење на бурекот во просек за дневен внес ви преостануваат уште 500 калории кај жените и 800 кај мажите. Што значи дека бурекот ви задоволил 60-70% од дневниот внес, и се што ќе надминете директно во оди во газот? Дали сепак овој турски рецепт вреди да се направи ваква жртва? Дали вистински го сакате, или пак само ја почитувате традицијата? Дали јадете слој по слој, или го гризете директно? Дали ве нервира крајниот дел кога е тврд? Дали сметате дека е во ред што неговиот рецепт претрпеле измени и денеска имаме бурек со се и сешто? Па дури имаме и бурек во леб (симит) што е крајно небулозно и нелогично, а сепак го јадеме? Дали е тоа нормално човечко однесување, знаејќи дека ние луѓето не сакаме да правиме нелогични е. Дали мислите дека треба да се направи Бурек со Ајвар, и зошто? Бурекот не е само храна, туку и тригер на емоции, позитивни но кај некои и негативни. Дали чувствувате грижа на совеста после јадење на четврт мрсен бурек? Или пак одлучувате да не размислувате? Нешто вака @elimkd ?