Не ги слушај ајрон4е @Ajronmen тие тебе ќе ти велат за симитки и буреци да отвораш теми. Отвори си за каква тоалетна користиме и шо ги вртиш.
Ќе си сварам нудли сеа И ќе ги ставам меѓу две лепчиња у сендвич Or even better, ќе си направам сендвич со леб - зимаш Крајче, го сечеш на средина, отвараш, зимаш кришка леб, ја ставаш во крајчето, јадеш Мммммммммммм PS. И јас јадам симит некад
Ти ма ПС. Јас го дознав на 25, од дома не ми давале да спознаам таква перверзија ППС- Тоа ќе му дојде ко бурек за сиромашни. Дури плаќаш четврт 40д, јадеш симит за 20 (лупетам, појма немам колку кошта сега), ем поефтино, ем помалку масно. Или бурек за апстиненти Диетален бурек
Иш таму. Напрај си сама ако ти е убав Иначе, да ти обновам инфо, четврт бурек е 50-60 денари, зависи каде. Ама симитката држи цена
Ту,ту ќе ги настрвите луѓето. После на вести ќе кажат дека се зголемила продажбата на бурек и симит. А,после здравјето... Дајте некој да спомне здрава опција.
На тема бурек, само ваков јадам Со месо секако. Макар што според прачковиднава форма може и не се смета за бурек..
На крајот отворете тема Фемина Бурек и секој нека става слики. Различен мајстор,различен тип на бурек.
Нелиии, колку примамливо изгледа. и сум приметила ваквиот не е толку мрсен како тој четврт. За нијанса поздрава верзија.
Како залади времево темава се претвори во што вкусно ќе јадеме и кулинарски вештини. Јас имам подобар рецепт само сварени макарони без ништо. Експерт сум за тоа. Ама и овие рецепти се интересни ќе пробам да направам некој ден па ќе се пофалам на форумов
Каква тешка тема од сабајле. Многу сакам бурек, ама ретко го јадам. Дали 2-3 пати годишно. Најомилен ми е пица бурек, ама ако нема таков секаков би јадела. Во локалната бурекџилница не го прават многу убав, затоа ќе чекам од подалеку да си купам. Сабајлево појадокот сепак ќе е омлет со печурки и едно доматче. (уште е утро за мене да)
Имам некои готови кори од Кам и не е лоша идеја да ги "исукам ко бурек" набрзина со некој пропржен праз или блитва ко неутрални намирници, јер толку ми се можностите, оти тефтерот вика денес дозволено е да се почастам со јаглехидрати а за се сте виновни вие што ме стрвите со бурек Инаку омилен бурек ми е со спањак или со сирење, и секако со битолски јогурт