Ко мала повеќе јадев бурек со месо.Па,имаше периоди кога повеќе го јадев тој со сирење/урда. Одамна немам јадено бурек и не ми фали. Сега повеќе сум по пити и кифли.
Значи само во мојава чудесна земја може да те испопцујат и да те наречат со секакви најдолни навреди додека регуларно си поминуваш улица на пешачки. Пешачкиот премин е за да пешаците, не за возачите! Аман веќе од возачи што мислат дека имаат предност пред пешакот и дека треба пешакот, веќе застанат на пешачки, да ги чека нив со колите да поминат први! Кај сте учеле да возите?! Дали сте учеле за возачка или сте ја купиле!? После како страдале луѓето во сообраќајки?! Еве како! Ова незнам колку пат ми се има случено или сум видела дека му се случува некому. Некултурен народ сме и тоа многу!
Јас пак пред некој ден од еден велосипедист бев поучен дека тротоарот не е за пешаци туку дека бил за велосипедисти. Еве почнав сега дома да учам да левитирам, за да може тој непречено да го користи тротоарот.
И јас имам приметено проблеми во врска со ова со велосипедистите и како поранешна активна велосипедистка Spoiler буквално секаде одев со точакот, предавања на факултет, излагања, додека не ми го дрпнаа кога отидов на вежби по јога во фискултурна сала на едно основно, а убаво ги прашав инструкторите дали во холот е безбедно да оставам точак со синцир и катанец врзан, а да било, како не, после час гледам го нема. Децата на теренот надвор ми опишаа кој го возел идам во полиција, давам опис, ми викаат а што ќе го бараме, дојди на препознавање точаци и земи некој, а овој како ми беше добро легнат, уште душа ме боли, таков не најдов пак, а колку точаци сменив по него, ама како по ова да ми се одмили да возам низ Скопјево. ќе ти кажам лесно се надминуваат во случаи кога нема вело патека на асфалтот од улиците за точаците е оној дел од тротоарот што им е означен или ако нема означен крајниот дел од тротоарот е за нив. Особено што во последнава година сум повеќе по тротоарите кога го шетам кученцето гледам дека и ние пешациве сме за стап, сега гледа иде точак и се пика до мене и кај да помине овој со точаков, да лета и тој да учи левитирање? Друго многу велосипедисти немаат ѕвонче и онака ти дишат зад врат додека приметиш дека имаш некој одзади, да се потргнеш, јас прилично немам проблем дека многу брзо реагирам на шумови, а и самата искусна од деновите кога бев активна велосипедистка ги разбирам, наслушувам. Ама како што има несовесни пешаци има и несовесни велосипедисти, ниту почитуваат пешачки, ниту семафори, не застануваат на црвено а сакаат да возат на исто рамниште како колите по улици, епа не може така, кога си на улица со семафори и др. превозни средства ќе си ги почитиваш сообраќајните правила како сите други. И да точно е пешаците, па особено на пешачки, имаат предност пред сите.
Мене повеќе ме изнервира неговата арогантна реакција и реченица полна со пцовки, кои не сакав овде да ги потенцирам во целост. И не верувам дека било кој велосипедист би се однесувал на таков начин, без разлика на ситуацијата. Патем најголема вина има општината бидејќи во тој дел има можност за велосипедски патеки, ама за жал не се направени до сега ниту пак ќе се направат. Во поглед на кражбите на велосипеди, не се надевајте дека ќе ги пронајдете или дека полицијата ќе се ангажира да ги пронајде. Кога ќе украдат велосипед, го префарбуваат и го продаваат во другите градови. Ако не е целосно функционален, ќе го размонтираат и го чуваат за делови со цел да склопат еден функционален. Којзнае каде завршил вашиот велосипед.
Тоа знам што им прават, ама јас одма им пријавив, со опис на крадачот, полицијава си ги знае, ама изврзани се како црева. Муабетот ми е да излегоа одма ќе го најдеа, е сега по ден-два и преку Косово ги носат, знам што се им прават, со регистарските броеви мучки до бескрај. Ете уште не ми е прежален, години го возев, не дека беше кој знае што, ми беше подарок од мн. важна личност и ми беше убаво легнат, едноставно го сакав тој велосипед. По него и поевтини и поскапи имав, ама никој не ми значеше и ми легна како овој. Уште го памтам до детали, а ова беше пред едно 10-15 год. можда.
Срцето ми се кине, душата ми се парчосува кога гледам на видеа како злоупотребуваат животни, ах да ми се пред очи не стапот, не знам што ќе игра Како бре немате осет, грам чувства, совест, љубов, се изживувате на толку послаби и интелектуално инфериорни од вас, ама поголеми живи битија се од вас, полни со љубов, топлина во душата и само една обична, проста желба и стремеж да ги споделат со вас и да им бидат возвратени. И после зошто повеќе сум ги сакала животните, е ајде де зошто?
Валјда постои сродна душа, само со поглед да знае како се чуствувам, ами да не зборува само да ме погледне и да се насмее, да знае, се да знае без збор да каже да ме прочита и да молчи
Осуда ! Стереотипи! најлесно е така, само да се осуди човекот,ужас во какво општество смрдено живееме.
„Се заклучив во спалната и цел ден играв видеоигри откако сопругот ми кажа дека работата дома ми е лесна“ Mace, ako ova go naprajs vo Makedonija...cekaj,ustvari ne mozis da go naprajs. Prvo ke lupa po vrata cel sat da otvoris i da si ja prezemis rabotata so decata. Ako toa ne deluva, ke se javi kaj mama i taa ke dojdi i ke kreska pred vrata. Vaka vo mk da naprajs, rizikuvas kavga i sekako ke si ja otvoris vratata. Cel den da si igram video igri i drug da mi gi cuva decata, makar toa da e mazot? I dont think so.
Се чувствувам како криминалец кога треба да симнувам книги од интернет за учење, најчесто се на некој веб страни што се полни со вируси(нели за да ја снимнеш без да ја платиш) и неколку пати антивурусната програма ќе ми се активира дека сајтот не е безбеден, а толку ни се хаос книгите т.е стручната литература која ни е преведена, тие скриптите од 100 страни што ни ги препорачуваат да си ги купиме за ништо не ги бива..
Сдк сите што добиле лајк од мене на напишано мислење го добиле пошто стварно сум се слагала. Така даа , my respect Нешто на добрите сум денес Гн
Прости ми Господе. Ама најглупата честитка за роденден што може на некого да му се даде е: И ова година да со уште едно дете, или да се облизнеш. АЛО! Од каде знаеш како е некому? Можи има проблеми, па уште овај прост муабет да му го кажеш. Можи се бори со неполдонсот пример, и се измачиле. Поарно ќути и еден среќен роденден. Глуперди
Отсекогаш мислев дека Тоше е премногу добар и чист за овој свет, ама сега мислам дека на светот очајно му требаат повеќе луѓе како него. Голема неправда е тоа што прерано го напушти светов. Поминаа 14 години а се сеќавам ко вчера да беше. Ех мил Тоше..