Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.983
    Добар ден, добро ве најдов. :D

    Си ја закажав картата за назад, ама некако како да не ми се иде назад. :D Ниеднаш не ми прифали дома, не ми прифалија јадењата од дома (баш фино си готвам и сама, фала на прашање :!: ), со сите се слушам цело време, абре ни ронка носталгија нема во мене. Сфатив дека уживам затоа што сум сама и сум независна, сама си заработувам, сама си трошам (лонг лив амазон), сама си одредувам што ќе правам, кога ќе правам, како ќе правам. Нема поубаво чувство од тоа, печена сум да живеам сама во некој Њујорк-стајл-апартамент. Некако многу ми се заарни, имам толкава слобода што станав неверојатно арогантна, па па па, или пош е зборот што го барам? :rofl:

    Друга работа што сфатив е дека на многу луѓе им фали онака општа култура во животот, малце здрав разум, абе онака да тропнеш во главчето. Малце повеќе книги и помалце фејсбук. И помалце мамичка. Леле Господе, не дека ќе можам откако ќе си дојдам да влезам во некој убер-самостоен филм, зависам од моите уште, воглавно финансиски де.... ама да зависиш до тој степен да секојдневните активности ти се проблем, да не можеш да си зготвиш или да си кренеш, или да си измиеш, а чувај Боже да си испереш или СПАКУВАШ (УАУ!), мамичка треба да се чукне во главчето. А ти треба да си го траснеш главчето од најблискиот ѕид. :envy: Навиките на родителите си ги носиме со нас и кога ќе видам дека некој се понаша како гнасно говедо донесено од дивината на некој ранч со цел да се припитоми, јасно ми е колку е саатот дома.

    ПУ!

    За работење имам уште нешто повеќе од месец, и после одам да си ја прчам на заслужен еднонеделен одмор овде и низ околните места. Почнав да работам уште повеќе од тоа што работев, ако тоа е возможно нели... Да речеме дека воглавно гледано, имав дури три цели слободни дена откако сум тука, никако поврзани заедно ами расфрлани низ неделите.... од кои едниот бев зафатена со сто други работи, другиот го шетав, а третиот го лежев. :D Ама поарно ќе работам како ненормална отколку да мерам кревети. Не ми е јасно што ќе правев ако не работев, валјда ќе скренев како што скренав. Заклучок - кога работиш, си поисполнет. Ако ви е утеха, и тука времето е во три лепе отидено, врне секоја недела, заклучокот број два е дека е една од најслабите сезони досега. Арно што и вака испадна како што испадна, можеше и бетер, ама можеше и подобро да биде.

    Друго ново нема, не знам што да им кажам дома кога ми ѕвонат на Скајп, тоа па тоа, времето лета. Додека трепнав дојде август, овие будаливе на работа ме молат да си направам инстаграм, секој ден тоа е темата, одамна не сум се погодила толку со некои луѓе на таа фреквенција... а јас се мислам дали да си ја почастам душичката со нешто убавко и скапичко, или да си оставам во татковината, да донесам странска инвестиција. :D

    Дилемите на странските печалбари. Одам на кратка дремка, на едносаатен раат,затоа што, воглавно, раат се нема тука. :D
     
    На SparkyAngel, Bozica1980, Adi888 и 32 други им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Иако сум една од постарите членки на форумов, многупати сум се почувствувала како малолетна ученичка и тоа директно или индиректно подучувана од девојчиња кои немаат ни половина од моите години.
    Знаете, во животот ќе учите многу работи некои со леснотија некои со потешкотии. Но родителството и воспитувањето на децата е убедливо најтешката и најодговорната. Тука не помагаат учебници и прирачници, совети од интернет, резултати од научни истражувања...

    А тука некои кои не го почуствувале родителството, многупати се дрзнале да ги критикуваат мајките со таква леснотија и стогост на професорка од некоја женска гимназија од минатиот век. Често читам коментари од типот -јас тоа никогаш нема да го правам, моето дете ќе биде фино, културно, никогаш нема да го плеснам, никогаш нема да му се развикам...па до оние крајности како дека нема никогаш да го дојам надвор од дома или да го цмокнам во уста. Сме читале и совети за тоа дека мајката до не знам колку години (мислам седум беа) не треба да оди на работа. Па една членка често не шамара дека многу шетаме, па одиме на кафе после работа наместо да одиме дома да си ги видиме децата (иако јас работам во колектив од околу 70-80 жени и одговорно тврдам дека таква нема).

    Но да се вратам на родителството...
    Родителите грешат. Јас сум родител и грешам, па учам, па грешам и најверојатне така треба да биде. Нема да држам часови по родителство, да делам совети...но знам дека најдобри мајки се оние прости, добродушни селанки кои ги воспитуваат децата инстинктивно.

    И уште нешто ќе кажам за дежурните критичари -никогаш не вели никогаш-зошто баш тоа ќе те стрефи.
     
    На Hipster, MacenceEna, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Се измести климава, циклони, урагани дека нас, не памтам кога сме имале вакво време претходно, каде небо и земја се спојуваат :| сакам дожд, грмежи, ама ова некако премногу :wasntme: да се трка човек со времево, да одредува прогнози да не случајно го стрефи или да си поплива ако може уз пат, кој ќе пешачи, кој ќе оди со кола, кој ќе си пливка, снајди се па живеј.
     
    На ozbilnazena, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    575
    И тука се враќаме на почетокот, на оние клишеа повторно. На она кога трпеливоста се губи додека го чекаме клучното: „А ти како си?“ или барем „Кај тебе што има ново“ .. Или барем минимална заинтересираност кога изнесуваш детал од твојот живот. Па си ја затвораш школката повлечувајќи се во себе. Ми гасне ентузијазмот и љубовта инстантно кога оние луѓе кои со душа чекам да ги видам, да ги гушнам, да се соголам пред нив оддаваат едвај нишка на заинтересираност. Секогаш се тие, тие, тие.. А пред другите ја шминкаме стварноста, глумиме нераскинлива врска која во реалноста попушта со незамисливо лесен притисок. Зошто на крајот од денот секогаш сме сами.. Секогаш си ја положуваме главата на перницата знаејќи дека таму надвор нема никој кому би му го кажала лошиот сон, или тешкиот сомнеж, некој кој ќе те смири .. Никогаш и немало.И многу пати сама сакам да се убедам во некои нестварности кои пукаат под притисок на малата далечина.
     
    На Barbie20, julie77 и Gea им се допаѓа ова.
  5. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Брее значи она што најмногу сакаш да го направиш,тоа најмногу трнува наопаку у пм :@
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Дали знаете дека само во Битола, неделно се откриваат 2 нови случаи на рак на бели дробови.
    Воздухот е 10 пати позагаден од дозволеното.

    Во каква држава живејме ниееее :worried:
    Страшно.
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Што се случува со времето ?
    Ова на еднаш се нешто поплави , невреме , циклони , клари , бранко |(
    Не паметам вакво нешто , ниту пак постарите геннерации паметат...
    Тоа е кога човек ке си поигра со природата.
    Таму некои глупаци енглези ке одат против природа ке ми прават вештачки клими , вештачки снегови и дождови, епа ова не е на арно си го барате ке си го добиете !
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    6.085
    Пол:
    Женски
    Значи песните што ги поставувам на фејсбук немаат никаква врска со мојот љубовен статус или со моето моментално расположение. Убави ми се. Толку е едноставно |(
     
    На tessie, eliesaab, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  9. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    105
    конечно после 3 недели интернет :D :D
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Уз Шери, (aма Мон Шери, да не помислите одма дека сум алкохоличарка, не можам во две Анонимни групи да учествувам :D ) одлучувам кога е најпогоден момент да бидам Ненси во одмаздничка верзија, кога да има I shot you bang bang :smoke: :d:
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    СДК дека има толку забегани ликови на форумов кои се кријат зад профили кои изгледаат нормално и уште собираат рејтинг, што мака ми е дури. :puke: Се само затоа што ако има доволно мислења и ѕвездички, никој не се труди да го анализира подобро преку постови и начин на размислување. Тоа е тоа драги мои, забегани насекаде, за жал и во реалниот живот ме опкружуваат многу такви, не можам ништо против тоа.... а толку сум добродушна и чувствителна, не трпам неправда а не можам ништо..... Со денови спијам на штрек, ноќеска од ич ништо рипнав од кревет, а да не збориме колку време ми треба за да заспијам пред тоа од што размислувам. Треба да научам помалку да си ги ставам работите на срце, најважно е што имам поддршка од личност која ја заслужува целата моја чувствителност и внимание. Добра ноќ на сите. :hai:
     
    На Anabelle.Amorette, Viktorijaaa5 и Arthur им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Токму кога ќе изгубиш нешто, сфаќаш колку многу ти значело. Но, сепак, погледни уште еднаш, можеби и не е изгубено. ;)
     
    На Butterfly-Girl, Anabelle.Amorette и Nana19 им се допаѓа ова.
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Значи има една група на фб,не знам и јас како сум се зачленила ама се објавуваат такви слики од немирите во Газа што тоа е запрепасувачки :x Предупредување-Тие што имаат слабо срце нека не го отвараат спојлерот :| Има ли начин да им се помогне на овие луѓе а пред се деца? ;(
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Јамб, ју рулз! :rofl: :rofl: :rofl: Јамб брат, најбољи си пер. :D Педофил сум за друштвени игри. :devil: Манијак, како сакаш кажи. [​IMG]

    Монопол? Брич? Јамб? Магарец? Не лути се човече? Домино? Кент? Брза географија? :l:
    Да има некој што секогаш ќе ми прави друштво, ќе го сакам до крајот на животот. [​IMG] Океј, лажам. Барем четворица да бидеме, поинтересно да е. [​IMG]

    Али у магарец губам убедливо. [​IMG] Од можни 4 партии, 3 изгубив бе. [​IMG] Не се дерам, али како пијам вода на екс, ехееее. Увежбана сум. :rofl: Малку рефлекси на мртов коњ, малку попуштам и тоа е... Океј, пак лажам. Не попуштам, ова првото ќе да е. [​IMG]

    Кога ќе видиш... ни во монопол, ни во брза географија... во ништо не ми иде. [​IMG] Али тоа е духот, Тошо разбираш! :rofl: Битно е да се игра, па сеа дали ќе се дереш, дали ќе рикаш, дали ќе пиеш... небитно. :rofl:

    Е сеа слушнав за некоја игра, шпански брич... табла сакам да се научам... шах чат/пат знам... А бе ќе биде. Дај само нека ме стаат у пензионерски. :rofl:
     
    На Moonstone.17, QueenElena, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.867
    Допаѓања:
    101.788
    Пол:
    Женски
    Има денови во годината кога се чувствувам депресивно,ама пуста депресија не може да дојде до израз од домашните работи.Чисто се чувствувам како чистачка,кенлерка,куварка,домарка,градинарка а во последно време и масерка.Овој мојов пак е болен а кога е таков е неподнослив.Му велам дека лекарката покрај инекции требала да му препише и лекови за смирување зашто стварно е тежок како црна земја.
    И покрај тоа што се бавам само со овие работи ми скисна,зашто само одам и собирам по куќава ко последен кретен,завојував пак со сите.Спалната не успеав да ја варосам зашто нели маж ми е болен а искрено кога би можела сама да средам не го ни чекам.Нека офка и нека туфка колку сака.

    Оваа година не отидовме никаде на одмор.Не стига финансиски :( .А толку ми треба да се тргнам од дома и да ја сменам рутинава.Море би сакала.Солен воздух.Сол на кожата.Марама на колковите да ми ги гали колената.Ех...

    А дома само гледаме во небото и чекаме некој циклон.Бранко не заобиколи сношти,сигурно зашто е машко па е килав како маж ми,не удира.Да ги видам да го крстат со женско име дали така ќе поминеше безгласно.

    И совет,од дома е излегувајте без очила за сонце ,чадор а во последно време и без коприва на главата.Чисто за заштита нели,како што велат гром не удира во коприва.
     
    На Barbie20, Peppermint, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.998
    Допаѓања:
    14.806
    Пол:
    Женски
    Денес е првиот ден од остатокот од мојот живот. Ќе пробам да го направам подобар.
    Или за сега барем поднослив. Ама толку рано почна. Ми треба да спијам...
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Вчера ми дојде на гости другарка со бебенцето од друг град. :inlove:
    Си шетавме неколку саати низ град, а цело време јас ја возев количката, нели да се покажам како тетка. :lol:
    И она што го приметив е дека на многу места одвај се поминува со количка, висок тротоар, низок тротоар, нема лизгалка, дупки, тесни места, коли на сите тротоари, прашина се крева, дрски поминувачи на кои не им е гајле дека поминува бебе, итн. :sweat:
    Ако не бевме двете, на многу места мислам дека немаше да поминам, да немав со кого да ја кренам количката. :x
    Се мислам како им е на лицата со хендикеп, и на старите лица? :worried:
    Треба ред...И треба култура кај народов. И тоа многу треба ! :!:
     
    На eliesaab, Anabelle.Amorette, EMoonlight и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Ноќеска заглавив на Aliexpres. Сега сум како панда во главата, со црнила околу очите од ненаспиеност и чекам да помине половина час откако го испив еутироксот, за да се напијам кафе. И денеска конечно одам да аплицирам за интернет картичка. Прекрасни работи си најдов, за многу ефтини пари, мислам ефтини во однос на цените по нашиве бутици и џиџимиџарници и толку ми требаше, цела ноќ склопував комбинации во главата, кое со кое ќе ми иде, па ај што се оставив без сон, туку и само што ќе го изгасев лаптопот, ќе ми дотекне дека уште нешто сум заборавила да видам, па скокам од креветот како млад мајмун пред парење и пак одново. А со што ќе пазарам и јас уште не сум паметна. Црниот фонд си го потрошив на одмор, кој патем наместо all inclusive ми излезе „ол ин клозет“. Од климата ли беше, од што ли беше не знам, важно сите четворица живи се покакавме од прв до последен ден. Не зборувам за стомачен вирус, туку некое чудно забрзување на метаболизмот откако преминавме од една во друга временска зона :lol: Од платата абер да се немало, а и кога ќе стигне ја дрпаат банките како да е курвиче у бордел, оп траен налог за станбен кредит, оп траен налог за кредитна картичка и пустата, душа нема кога одам да го извадам од банкоматот и она малку што останало од неа. Ама не е тоа битно, битно е што јас имам wish list на Aliexpres и што по природа сум голем ентузијаст. Па и некоја роднина од странство бе, бар да дојдеше, обично им даваат на децата за „чоколада“ да си купат... :wasntme:
     
    На Barbie20, Peppermint, kate21 и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден девојки!! Само да ви кажам дека сношти веридбата пренајубо помина,пресреќна сум... Само што морав да си дојдам сабајлево дома,ни 5 минути наспана :@ ама небитно,ке издржам мушки до крај :lol:
     
    На mal.ecka, Barbie20, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.