Ти секоја форма на бунтовност ја гледаш како психолошка девијација? Споредбите имаат врска за тие што имаат капацитет на расудување и прават разлика меѓу јавна општествена (не)одговорност и граѓанска непослушност/дивеење. Ама тоа нема ти да го сфатиш. Девојката никого не повреди, нит себе ни животните. Светот ќе беше многу поубав на оваа тема да се напишаа само три реченици, додека за мерките тирански на Владата десет. Ама сфаќам, не живееме во утопија. Затоа нема разлика.
Што се објаснуваш? Они замислуваат дека е до менталитет некој си, демек Германците така се раѓаат различни. Утре ќе се восхитуваат како биле средени некои држави, а уствари тие народи едноставно се отсекогаш на принцип правила и казни, впрочем да се оставени во ваква анархија ко нас и они би станале вакви многу брзо. Сме го прателе системот мај ес, еве од толку пратење и послушност и страв трева не никнува во земјава веќе.
Те читам, имаш поента не дека не, на неадвекатен начин ја доловуваш, знаеш зошто затоа што има многу како тебе кои велат ех инцидентов е ништо, буквално ништо, безначаен за нив, ниту споредуваат во однос на што е безначаен туку не им е гајле за животните воопшто. Нели адолесцент е девојката бла бла. А ти споредуваш во однос на што е ништожен, дека и воопшто животните не се третирани како треба не од државата, туку од народот. Државата не ги тепа со камења, клоца, им крши коски, сече глави на мачиња по улици, последно што видов со фломастер шкртано на крзно на бело кученце. Не државата не го прави тоа, народот злобен, глуп, припрост, без грам емпатија, љубов кон животните тие го прават тоа, а државата греши што не го објавува јавно тоа и не казнува, ама еве ги медиумите на дело се трудат на ваков начин да споделат и покренат свест за тоа што е штетно. И ти ако не го препознаваш тоа, рационализираш, бараш оправдувања адолесцент била, 3 камчиња фрлила итн. и споредуваш што е побитно, што не велам дека не е побитно, со таков став допринесуваш утре пред тебе во живо некоја ова да го прави и ти да речеш е па ништо лошо не прави. Не таа многу лошо чини, ти исто со тоа што ја оправдуваш и не би реагирала дека државата нели секогаш ни е крива. Ама прво народот ја прави државата, тој народ одлучува што е грешно, а што не, што е за казна, а што не. Тие кои ја водат државата може се глуви и неми и лопови, ама народот е тука да осуди и делумно да коригира нечие однесување преку манифестирање реакција. И да иако можеби има многу побитни, понеништожни нешта од ова за осуда и ова е за осуда и од некаде секогаш треба да се почне. Го осудувам однесувањето на оваа девојка
Ако имаш фб профил јави им на Анима мунди или било која група има многу за згрижување или помагање на кученца, извести ги за ова ќе се потрудат да и најдат храна и привремено да ги сместат. Навечер е многу ладно ќе измрзнат без доволно топлина и храна, те замолувам ако можеш помогни им барем на ваков начин.
"Има поголем/и проблеми" и "Има полошо" не може и не треба да биде оправдување за ништо. Минимизирање на еден проблем поради некој друг. Па и кога ќе рече некој "Ај, се' во државава функционира па ова остана". Не е во ред, затоа сме на ова дереџе.
Паралелата ја направив во моментот кога забележувам дека се повеќе одиме на варијанта да ги казнуваме сопствените 'бунтовници' 'чудаци' и безгласни граѓански букви, како што е примерот со оваа девојка, а се помалку се упатува прстот кон вистинските злосторници на високи функции. Во 'BURN THE WITCH' се претвори темава, сосем непотребно и извишно. Повеќето не ја ни помнат девојкава, и ваков инцидент прашање е дали и кога ќе се повтори во иднина. Инаку, ти лани беше зачленета на форумов, читаше што се пишуваше? Од овде луѓе се согласуваа со мерки против полициски час и пријавуваа дел од своето граѓанство кога правеа собири во нивните домови. Eте токму тоа ме боли, тоа ми е раната. Што ретко кој сфати дека е ова меѓудругото еден голем социјален експеримент. Експеримент на поларизација и тргнување против своите кое апла очигледно може да се види преку вакви глупави теми. И дека наместо да се казнуваме меѓусебно за лудоста и недисциплинираноста, обрнувајќи внимание на вакви X личности, треба да сносиме одговорност за пасивноста.
E така, токму така 1984 Орвел нешто читнато? Факт е дека нејзиното однесување е недопустливо, свесна е што прави не е мало дете, освен ако е под влијание на нешто, ама ете се извинила значи свесна е или убаво ја подучиле што да рече. Па ете не сакаме да ја сносиме одговорноста за пасивноста при овој инцидент и затоа реагираме, малку си контрадикторна во неколку наврати, ама ок се разбираме. Ти велам јас ти ја разбрав поентата, ама немој рационализација до толку, go with the flow малкуцка повеќе
Aма нема врска ова со Орвел, бре. Не го цитирав него, само можеби така испадна во контекст на реченицата. Инаку, точно е, сум за бунтовност и против послушност додека не се нанесува штета. Тоа е мојата парадигма, не мора никој да се согласи и мисли дека е правилно. Инаку, во Македонија зрелоста започнува од 30-тата година. Тоа е година во која конечно повеќето млади се осамојостуваат и почнуваат свој втор живот, или што јас ја нарекувам втора младост. Инаку, вака тражење зрелост и одговорност кај некој што живее со родители под ист кров и е прва година факс, малку потешко, со чест на исклучоци кои ги има и на форумов и надвор од него, но се ретки.
Џабе се карате,типката ги собра сите патки од Џамбо (пази без маска се шета и она и мајка и) и се снима со говор “Да ми простат патките”. Иронија.
Само што го прочитав ова кај Божо на фб ме потсети на твоево: -Се дава маче беспари, се дава куче беспари, даваат син беспари на 32 годни со стекнати хигиенски навики. Aj сите трк кај него на гратис смеење Све убаво наброил само на Симона тортата за честито 6 месеци сине ја испуштил, не за друго тортата ми ја заборавил да ја објави и сега вака сум без Значи се патосав од смеење, одлепен тоталка е
Денес: Facebook го менува името во Meta и ќе прави нов Metaverse. Како ја замислуваме иднината: Како стварно ќе биде:
Што е тоа совест? Внатрешна оцена на своето држење, чувство на морална одговорност за своите постапки. Зборуваме за останатите како треба да имаат морална одговорност за одредени постапки затоа што ја немаме во себеси.
Некогаш, кога сум тажна или кога имам мука си пишувам овде и многу ми е поубаво.Се осеќам како да е групен чат местово и со социјалијација и водење дијалог ми доаѓа убаво.Не дека си ја празнам душана по темине, него општо и вакво некое мислење да пишувам добро ми доаѓа.Само да не молчам А и приметувам многу станувам емотивна, т.е лесно пројавувам емоции кон спротивниот пол that ain`t good.До пред пола година ми требаа месеци и месеци за само да ми се засфиѓа некој а камоли љубов, сеа ни 5 искачања i like him еве вака ќе се истепам.. Или созревам емоционално како човек, или не знам
Некогаш, кога сум тажна или кога имам мука си пишувам овде и многу ми е поубаво.Се осеќам како да е групен чат местово и со социјалијација и водење дијалог ми доаѓа убаво.Не дека си ја празнам душана по темине, него општо и вакво некое мислење да пишувам добро ми доаѓа.Само да не молчам А и приметувам многу станувам емотивна, т.е лесно пројавувам емоции кон спротивниот пол that ain`t good.До пред пола година ми требаа месеци и месеци за само да ми се засфиѓа некој а камоли љубов, сеа ни 5 искачања i like him еве вака ќе се истепам.. Или созревам емоционално како човек, или не знам
Од овие оговарачиве раат се нема... Добро, а што ви е гајле кој е со мрсна коса, кој пуши цигари, кој се шета со деколте? Што ви се тие на вас? Оговарањето е последица на завист. Подобро признајте си дека завидувате. Не туку џвакајте тоа што не треба да се џвака. Оговарачи, лицемери и сл. = Гнаси