Како бе имате време на општа медицина за шетање толку многу и пак да имате се положено? Ја мислев чиста робија е тој факултет
Ако учиш редовно има време за се. 24 часовно учење не е ефективно, а учиме и по 24 часа кога ни е сесија со кратки паузи.
Налет настинкиве. Треба да разговарам со клиент денес, закажав и термин, а воопшто не сум во mood. Жатната шум чела. Месецов ич нешто не ми тргна, ни со расположение, ни со финансии. Ептен сум на лошо место психолошки моментално, и како резултат на тоа само се редат проблеми. Само нека поминува...
Еве и јас се чудев на економски како можат одредени колеги се да се излезени, а испитите положени. Клучот да ти бил јаки врски ко ортоми и тоа пред 16-17год,сега бетер е со штанцаните дипломи. Изгуби вредност високото образование во државава.
Да, точно е и тоа, еве јас учев ефективни 4, 5 часа дневно, но овде зборам за такви кои книга немаа отворено, на предавање се немаа појавено, а испитите положени.
Океј до негде ми е разбирливо за факултет како економскиот ама доктор (каде животи ќе ти бидат доделени на одговорност) да се станувало вака лесно 24/7 по забави, говори многу за образованието.
Море за никој факултет нема оправдување, некој да загрева столче, а некој книга да не отвара, па и се потсмева, на крај и двајцата положиле. Го зборам ова од искуство, а точно е медицинскиот факултет е меѓу потешките, мн години вложени во учење,но сите треба да учиме и за воспитано и културно однесување во раб. средина. Кај голем дел од помладиве генерации ова недостасува.
А ти седиш кај некој дома да знаеш дали 24/7 е надвор? Или базираш мислење врз основа на една слика на инстаграм?
Ради тоа што и мене ме викаат кога излегуваат а тоа е баш 5 дена во неделата. А и од инстаграм. Може па јас сум опкружена со такви
Е тие не се луѓе да излегуваат или треба да се затворат дома?? Ако излегле не значи дека не учат. За се си има време, се зависи како ќе си го распоредиш. Не знам како ги замислувате медицинарите, па не сме роботи и ние имаме живот исто како и другите.
24 саати не се доволни да учиш 5-6 саати во ден, да имаш предавања и да излегуваш ... за да учиш 5 саати ти треба сон 8 саати ... рачунај други обврски во денот Не само да збораме за џабе, факт е дека студентите гледаат полесно да поминат каде со врски,со препишувања, па барање комбинации од претходни генерации и.т.н Исто и јас би разбрала за економски или сл. ама за медицина ме плаши
Нема оправдување за било кој и да факултет, тоа се академски граѓани кои во иднина би требало да бидат носители на економски, но и општествен прогрес.
Не е исто кога имаш милиони вежби во неделата, плус предавања, плус колоквиуми на секои 2 недели ако не се лажам. На другите факултети имаш колоквиуми и три сесии, тука на секое се полага. Ама се согласувам дека на ниеден факултет не треба да биде така. @Guns N` Roses не реков дека не треба да излегуваат само едноставно ми е чудно како покрај толку обврски НЕКОИ наоѓаат време за сето тоа толку многу.
Затоа што е многу лесно да му водиш на некој евиденција, како што и зошто треба да прави, особено па ако не си директно инволвиран.
Аман... Животот не се состои само од учење. Ако имаш волја,ќе си направиш план и распоред. Ќе се организираш и ќе постигнеш.