Ако учиш поќе не значи дека учиш квалитетно. Време ≠ стекнато знаење. Напротив, многу поќе вервам на некој шо учел некој сат па си зема одмор макар за кафе со друштво, па ќе дремни уште 30 минути и после свеж и задоволен продолжва да учи уште некој сат него некои шо од книга не станват секој ден. But that's just me. Сметам дека одморен се учи поќе. Социјално задоволен се учи поќе. Форсирано само фрустрира.
Еве јас не знам никој што излага пет пати неделно по кафиња, журки и општо искачања.Може така ти се погодило друштвото, да не учат баш.Зашто реткост е реално. Иначе од време на време сите имаат право да излегуваат и да стават на инстаграм и било каде, без да мора да се мислат дали некој ќе им фати кусур само зашто се на медицина и си дозволиле себе си да имаат малку живот и надвор од факултетот.Ама логично, ако некој секој ден е некаде и јас се прашувам од каде време.
Започнувањето со студии на медицински факултет е вистински предизвик за секој студент на медицина. Матријалот кој што се учи е обемен и тежок, не секогаш студентите можат да го најдат балансот помеѓу факултет, социјален живот, одмор. Понекогаш заборавате дека и тоа се само млади луѓе што имаат потреба од дружба, што имаат потреба да излезат макар и на 5 минути да не мислат на сите обврски што ги чекаат на факултетот. Тоа што ќе ви каже дека учи по 24 лаже, 24 часовното учење никако не може да биде продуктивно. Секогаш сум гледала да балансирам, сум сакала да испаднам и со другарките, сум калкулирала, сум планирала, сум станувала рано од сабајле да учам, само за да имам време и да се дружам. Само студент по медицина може да разбере друг студент по медицина, никој друг.
Абе така е сѐ, ама секојдневно искачање и тоа не е реално.Да се спремиш, да отидеш, да се вратиш, 4-5 саати ќе ти отидат.Мене што излагам за на вежбање и два пати неделно на искачање ми е некогаш многу, особено пред колоквиумска, а не па секој ден да сум некаде.Ама дека луѓето од надвор даваат непотребни коментари - даваат, особено зајадливи коментари не се ретки.Барем од мое искуство.
Јас во првите 3 4 години на медицински факултет немав време за ништо, веќе накај 4та 5та година научив како да учам а и полесно ми беше и материјал и предмети и се, се е индивидуално ама има и различни оцени. Ама дека може да не одиш на предавања, да учиш прашања, да се местиш кај професори може и тоа како. Не се генерализира ама и од моја генерација оние кои имаа врски, кои ги имаа прашањата и кои беа упикливи имаа повеќе време за искачање. Тоа е јавна тајна хаха само што секој треба да си гледа за себе да види што може, како, колку сака да постигне итн итн.. Јас лично за годините на факс бев изолирана 80% од животот, бев посветена на факсот зошто немав ниту една врскаморав да си постигнам се со учење. Си ја скратив младоста ама сега си ја уживам зрелоста
Маките слични, предмети и професори не, така да не може никој да се разбере со никој од различен факс
Не е реално затоа што ние сме имале предавања и вежби до 15 часот попладне, сме дремеле во амфи. Сега со онлајн предавањава може е по лабаво и не се води евиденција кој слуша предавања. Може некој паднал година па е послободен таа година и не е во ред да се суди, секој си знае за себе.
Ама никој не осуди. Како што има секаде врски, така има и на медицина. Не генерализирам ама реално покрај толку предавања, вежби и активности премногу е тешко да имаш социјален живот и да учиш. Во потесно семејство имам доктори што пред брзо време завршиле, на време и знам колку е тешко и колку време и жртва треба. Има и такви што се капацитетни и брзо учат, има такви што им успева да балансираат ама реалност е дека има и со врски. Како што кажа и ти, секој си знае за себе.
Почнав да нарачувам повеќе розеви работи.. А мразев розева боја. Ко Феникс се преродувам у тотално трета личност
Не водам на никој евиденција, кој колку сака нека учи и колку сака нека шета. Факултетите не се како што биле порано, далеку полабаво е. Не знам зошто веднаш се пронаоѓате во секој коментар, не беше за некој лично туку општо зборам за сите.
Поздрав до сите што велеа дека сум разгалена, тргнав на работа денес Ви благодарам. . А инаку, од што е толку добро за човек да работи во средина каде што има 40 луѓе и прозорците немаат рачки), на еден колега му се здрви цела лева страна од лицето и не слуша со ушето. Па, македонче, чорба.
Сдк дека ова коронава ни го смени животот. Еве веќе втора година како си седиме дома сами за куќна слава . И не само за слава туку и родендени и сите прослави што воопшто ги пропуштивме последниве години. Ќе се вратиме ли на нормалниот живот се прашувам,или ова ќе ни биде ново нормално
СДК, има Господ. И кога ќе ти се случи нешто лошо, немој веднаш да Го обвинуваш, сети се кога последно си повредил некој да се чувствува заради тебе лошо. И тоа не е Господ што враќа, туку твојата злоба што расте и сака да јаде. Кога нема кој друг да јаде, ќе јаде од тебе...
Во контекст на дискусијата погоре. Навистина нема потреба да се напоменува колку му е претешко на студент на медицина. Никој факултет, професија не треба да се потценува и за секоја треба знаење. Со добра организација на време се постигнува, секако се во граници на некоја нормала. И секако многу зависи кој што предмети слуша, што полага, а и да не заборавиме една е сликата што се остава на социјални медиуми, друга е реалноста.