Ок е да се влезе во дискусија. Ок е да имаш мислење за се. Ок е да имаш различно мислење од другите и да имаш потреба да се искажеш. Ама како бе не ве мрзи одредени ликови на секое на некого да му контрате, да солите памет, да дрвите, мискење по мислење да верглате? Ниту едно позитивно мислење да немате, ниту еден одговор кој би помогнал или барем обична дискусија. Ниту едно можно такво.
Сакам да кажам дека животот полош не ми бил, насекаде околу мене лицемерие, злоба, завист, омраза, дволичност на врвот на пирамидата..
Секој со своја замисла, вкус и креативност. Но! Колку е досадно кога на дечињата сè им е купено во драп, кафена или сина боја. Разбирам и почитувам минимализам. Има привлечност во земјени бои. Ама досадно е. За деца. Сега има толку интересни ствари низ цел свет, со ептен кул дизајни. На едно акиеспрес можеш да најдеш еден тракатанци. Јас кога ќе протарашкам низ спомени, баш работи со интересни дизајни ми останале во сеќавање. И сега кога барам за бебче, една кошница за облека сакам да ми е слонче. Ламба маче астронаут што држи планета. Лигавче со виножита. Јас да сум дете сега би сакала стварите да ми се интересни.
Најмногу сакам да имам дете поради овие причини. Најголема желба ми е да го облечам како мрсна боичка или полжав, а имам и еден куп други идеи, тешко на детето мое.
Никако не можам да разберам како одредени особи цело време ставаат нови stories на инстаграм. Значи, 365 дена во годината по 5 stories дневно тоа се 1 825 stories за една година. Па јас толку за 5 години не можам да ги направам. А меѓудругото, која е потребата за сето тоа? Што е поентата?
Абе има и mute story ама поентата ми беше зошто мора се да се објавувало на социјални мрежи, зошто сите да знаат што тие прават 24/7.
Ќеф? Оти ти не објавуваш? Која е потребата да не објавуваш? На исто се сведва. Ќ е ф. Некој има задоволство да објавува, некој нема. Само оти едните објавуват не ги прај посупериорни од тие кои не објавуваат и обратно, тие кои не објавуваат не се нешто посупериорни од тие шо објавуваат. Секој со свој живот и мака на крај на ден и секој со свој копинг механизам да помини тој ден.
Никако не можам да разберам дека некој застанал и прерачунал колку сториња годишно става некој ако секој ден става по 5? А што ако еден ден стави 6, наредниот 10, потоа 3, па 4? Колкав е есапот тогаш?
Во право си. Секој нека си прави што сака. Јас само бев зачудена од потребата сѐ од приватниот живот да се споделува на социјалните мрежи.
Тогаш ќе се бара некоја средна вредност... или во случајов во просек 5.75 сториња на ден. Инфлуенсерска бројка.
А од кај знаеш дека е инфлуенсерска бројкава, од искуство ова? Ништо сега имам уште цели 0.75 сториња да објавам на дневна база инфлуенсерица да будем, не е нешто недостижно а?