Се сеќавам имаше еден миим пред неколку години, разликата кога си возреасен и сакаш торта е тоа што можеш да си ја купиш тогаш. Епа да, но треба и да не те мрзи. Еве имам мусли со вкус на малина и капина, и други со чоколада и банана измешано и тоа ќе јадам. А реално сакам торта и вино. Многу малку ми фали да отидам и да земам, но ептен многу ме мрзи. Затоа утре ќе појдам да земам, после јога сесијата. А и тоалетна треба, па да не е за џабе одењето. Истории на една возрасна личност.... Сакам вино.... и голема чоколадна торта....
Иако сите ми велат уште било рано, јас сепак се послушав сама себе и започнав со новогодишно украсување и китење елка .
Дел 3 Хроники Ох колку љубат пасивна агресија. За се што сакаш, индиректно ќе го понижува, ќе го исмева или едноставно "нема да го сака" (иако потајно не е така). Кога сака да се забавува, нема директно ама индиректно ќе зборува работи кои ќе те повредуваат - мрази нешто што ти имаш и знае дека имаш, презира нешто што си направил ти, а било добро, ама че зборува воопштено, ќе се исмева со нешто, иако е свесна дека и ти имаш исто нешто како тоа што го исмева. Без разлика во кои околности, ако имаш нешто што е убаво, или си направил нешто добро, нема никогаш нема да го потврди или пофали, ама ќе се потруди тоа да го направи кога ќе се работи за некој друг. Уживаат во вашата повреденост зошто некогаш ќе доаѓа од личност која ви значи (или барем мислите, може да е родител, роднина, брат/сестра, партнер, другар/ка, колега/шка). Обично ќе ве анализира личност која најмалку се има анализирано себе си... И никогаш нема. Не се трудете да го смените тоа. Едноставно, таква е. Скршена. Ќе се потруди секогаш да ви каже што не чини кај вас. Секогаш. А најмалку ќе се види себе си. На секој обид да се одбраните, вашата одбрана ќе ја доживее како напад, иако ќе повторам - се браните. Ако продолжите, спремете се за непријатности во епизодни продолженија, ако бидете пожестоки, спремете се за најдобрата глума на светот - они стануваат жртвата. Штити го твојот простор пред да стане предоцна. На почетокот се е од добра намера, се е од посебна блискост, се е "посебно", ама тригер флоскула - "за твое добро", како да не знаеш што е твое добро.
Да ми кажуваа пред неколку месеци дека денес ќе бидам тука каде што сум денес и дека ова ќе ми се случува, ќе ги помислев за сосема луди. Колку само може да ти го сменат животот неколку месеци. Во случајов на подобро. И една личност што се појави во вистинското време и на вистинското место, сосема неочекувано. Како на филм.
Сакам кога викенд ќе ми почни утрински и сите работи направени и после денот е само за мене лично И на рајат едно кафе
Е вака моја мацана се доживува, главна им е на сите мачиња, се е по нејзино, да можеше да се наслика баш вака ќе беше:
Мојот па најголем е*ач од цело маало е. Инч од кога изедов чоколадото си викам на диета сум од денес.
Нема ништо подобро кога ќе се јави сестра и саат време оговарате токсичен член на семејство. Си ја споделуваш маката, плус сфаќаш дека не си сам. Никогаш не можам да разберам, зошто некои луѓе мора да комплицираат, да прават драма, да се прават жртви. Иако неколку пати советував дека при вакви појави и потреби за внимание треба да се обрати до стручно лице кое ќе помогне, ќе разговара, ќе даде апчиња... Константни испади, дерење, правење најпаметни, делење совети каде не им е место, мешање во туѓи животи. И што е најлошо, кога ќе ставиш граница со ликот, уште крива испаѓаш, себична, незаинтересирана. Ама границава е толку потребна, оти после јас ќе одам на терапија затоа што тој што требал не отишол. I see toxic people
Уште еден локдаун ...... Не можат да измислат толку локдауни, колку што јас можам да се изналежам на кауч, покриена со ќебенце, чаша топло чоколадо и Friends ....
Често ми излегуваат видеа на тик-ток од стилот healing, heartbreak и слично, како луѓе се снимаат додека плачат во тешки моменти. Ги гледам и се чудам, како им текнува да се снимаат тогаш, каква потреба добиваат во тој момент да го земам телефонот и да отворат камера… Не ги хејтам, само пробувам да ја сфатам психологијата зад тоа…