Во моменти помислуваме колку сме имале среќни моменти годени пред да ги дочекаме овие денес па и за овие денес години после ке кажеме дека биле убави години. Така тоа кога после свајкаш дека биле убави години,затоа треба да се гледат убавините и сега за покасно да не кажеме дека биле убави години ама не сме виделе.
Како да ви кажам без да ме утепате дека многу ми е пријатно на времево? Сакам кога врне силно,ме депримира само кога е лигаво времето,а вака ми е баш свежичко за седење со отворен прозор грицкање сончоглед,пиење пиво и гледање серија. Многу ми е фино или сум само весела општо,не знам. Инаку што е со 35 годишните работоспособни мажи што чекаат 200 денари од баба?Се намножиле ко плевел кај нас. Клапнале дома и чекаат големи пари,за голем бизнис,не работат било што. Кога ги гледаш сфаќаш дека кога човек губи,губи се,а гордоста последна му останува. Овие ваквите и сопствената гордост си ја имаат изгазено. И чекаат,лапајќи муви дека ќе направат бизнис,огромна кариера во музичка индустрија или што годе,а не сфаќаат дека станале дното на општеството,со тепањето,заканите,неработењето и долговите до гуша. Единствено позитивно кај истиве е способноста гајле да им е за се. Само апсолутно сум сигурна дека не ја посакувам оваа особина во целост.
Обожавам да гледам од оние крај на свет ама преживеавме филмови. Ова со еболата, некако страв ме фаќа. Во близина имаме можеби носител ама ќе заташкаат. Повеќе од гриповите во последно време се дигна фама а не се дига прашина сега. Природна параноја, ако не дигаат узбуна се чудиш зошто не. Ја имам смислено цела работа. Како бањата ја користсм за санитарен дел, без влез без хлорирани раце, складиран грав и патлиџан во лименки за да преживеам, и клучевите од комшии кои имаат 4х4 кое чека да го товарам и да бегам на отворено да барам попаметни луѓе да го преживееме ова заедно. Ако ме нема некое време, копам бункер
Времево е катастрофа!!! Еден ден Клара, друг ден Бранко и си отиде летово бе, не паметам вакво нешто од кога знам за себе! НЕ МИ СЕ ВЕРУВА дека дојде и 7 август! Обично овој период не знам ни кој ден сме ни ништо ама сега кога го погледнав датумот-се разочарав! Никаде не отидов на одмор ама се мислам и подобро е така покрај вакви временски услови. Малку на сите во околината ќе им биде чудно и лалала ама стварно не сум во состојба, за жал...
Лееле со ова икање и градите и џигерите ме заболоа од толку икање... И бидејки веке еднно добри 15 мин икам стана здодевно и најдов на фемина начини да се сопре икањето ги пробав сите и не успеа и последиот беше Нежно затнете ги ушите. Внимателно затнете ги ушните канали со дланките или со прстите во период од 20-30 секунди. Многумина тврдат дека токму ова е „лек“ за здодевното икање. За мене беше нај неверојатен но УСПЕШЕН... Некој да ми кажувал за ова ке сум се смеела но ете било ефикасно.. Ајде сега на спање дури не е дошол Бранко ЛЕК НОЌ
Од сите тепачки, никако да ја разберам онаа кога жената го фаќа мажот "на дело", а за коси ја тегне швалерката!!!
Вчера ставив масло на косата и решив да не го мијам нека стои два дена барем да дејствува повеќе. Но имав работа во град со другарка морав да излезам да уплатам за испити. Ја собрав косата во реп и надоле сплетов плетенка, ама сепак се познаваше на сонце. Уплативме за испити и се молев на бога да не сретнам никој познат ваков. Кога пред нас мојот бивши ( и на другарка ми исто така, заеднички хахаха) па уште реши да не испраќа хаха . Којзнае што си помислил кога ми ја видел косата.
I am back Во последен момент решив да не го носам лаптопот, да пробам да издржам 10-12 дена без интернет и од телефонот сим картичката ја извадив, недостапна за сите да бидам и успеав во намерата. Прав одмор богами, a и така утре сум на очно, само рутински преглед ништо страшно ко обично на секој 6 месеци, сепак со одморени очи. Бев на преубаво место, зеленило, плажата прекрасна, Јонското море многу е посолено од Егејското, само на плажата имаше камења исто ко во Охрид да си само разликата што се бањаш во солена вода. Ако, ако се челичаат нозете така по камењата. Го прошетавме целиот остров Крф, се одморив, се изнауживав, овој пат навистина се одморив, наполнив батериите и за оваа година толку беше од бањање, шетање и пливање. Наредна година повторно, одма ќе летне годината ехе... Патот беше малце тежок, јас добро го поднесов, само брат ми малце правеше проблеми ама сепак убаво си поминавме. Се на се супер беше, чист воздух, маслинови дрвја околу тебе, базен во хотелот, ноќно бањање море и плажа дневно бањање... Уживанции...
Сакам да кажам дека мора нешто да се превземи за да не се уништи форумов. Па што е ова мајката... Форумов е создаден за вистински реални проблеми а не за лечење досада,комплекси и слично. Некој треба да направи тотална чистка на новодојдените тролови со нивните глупи, непостоечки,замислени проблеми. Нека се постават некакви услови на пр.новите членови да не можат да отварат нови теми. Можда е глупава идејава ама стварно се мислам како да ги отсраниме овие глупости кои се појавуваат во последно време. Сто посто се неколку девојки (ако не и 1) и си прават да им е интересно... Си играат дупачлоци со нас (со извинение),а ние ги тупаме главите како да помогнеме. Спојлер Морав да го искажам својот револт, ова е најдобар форум во Р.М. и не смееме да оставиме да се упропасти.
Или некое време да неможат да се регистрираат нови корисници. Пример само 2 дена во месецот да биде отворена регистрацијата и после да се затвори. Ако за тие два дена се регистрира некој трол и си пише нема ќе го блокираме моментално и колку. Колку профили за 2 дена лажно ќе може да се отворат? 1, 2 или 5. Нема таков човек што цел ден ќе седи и ќе отвора нови профили. Секој што во рок од тие два дена ќе се зачлени и ни напише некоја "љубовта" ( читај невозножна) приказна и треска зелени ќе биде блокиран. Може е глупа идејата ама боље ишта него ништа.
Сакам да кажам дека ми рекоа дека изгледам ПОДМЛАДЕНО и освежено. Па ало бре, стојам на раце, па фала богу дојде ред!!! Ај аирлија. А пред еден месец ми рекоа дека некако нагло сум ОСТАРЕЛА. Ова е позитивна нула, така женурии? Еј се будам. И глава ме боли... И долго време не сум наишла на убава книга. Купив три разочарувачки...или вкусот ми се сменил, не знам, ама тажна сум. Уште сега да се смкнат Х кг и стварно ќе се подмладам. Пак ми се појавува мртвата желба да наследам бизнис од татко ми, веќе разработен и само да си печам занает евентуално да си вработам тој што ќе ринта. Да, ги нарекувам мртви желби, затоа што немаат живот (ха логично), сакам да кажам немаат ништо свое и не се исполнувачки, ама некад те фаќа склет од неизвесности.
Утре заминувам на одмор. Пред неколку дена кажав дека не сум воопшто возбудена ама еве како се ближи времето за поаѓање, возбудата се` повеќе и повеќе расте. Денес, цел ден бев преокупирана со пакувањето. Пред да почнам да се пакувам направив список со работи кои треба да ги носам, со цел да не заборавам нешто, па потоа штиклирав се` што сум спакувала. И цело време само додавам нешто, а знам дека некои работи нема воопшто да ги искористам. Времето не ни се погоди, ама важно ми е што ќе бидам со него и знам дека наредниве неколку дена ќе си поминам најубаво. Битно ми е тој да е покрај мене и ништо друго не ми треба. Максимално ќе го искористам времето и ќе уживам во секој момент со него, бидејќи, за жал, ваквите моменти поради далечината се поретки. Но, се надевам дека ќе дојде време кога нон стоп ќе бидеме заедно. Неколку дена се одјавувам и од тука и од фб. Да се одморам и психички и физички. Ве поздравувам и ви посакувам да уживате во секој ден од животот и секогаш да бидете насмеани и позитивни.
Чекај малце... За кое сонце зборуваме? Инаку eloves,сигурна сум дека сакала да пржи јајца ама ја промашила тавата.
Се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓево... толку станале сите дволични, злобни, лицемерни, намќори и ако нив им е лош денот нема спас и тебе да ти го направат не лош - НАЈЛОШ. И да ми почне убаво денот, околу мене мора да се најде некој со негативна енергија, да ја пренесе... Толку ли е тешко една насмевка да се пружи? Нели би бил поубав животот кога гледаш околу себе насмеани а не намуртени фаци кои се нешто им фали во животот????
Спијам со пижами со долги ракави. Се покривам со јорган. Не ми се верува дека е месец август и дека ова утро се смрзнав со кратки ракави. А сега морам и сијалица да уклучам, бидејќи надвор, како и вообичаено, е облачно, само што денес не носам чадор. Да не се лажеме, ми годи вака ладничко, убаво се спие навечер. Ама па вакви варијации на клима лошо влијаат на здравјето.
Аман немој не паничи, почекај малку, дај му време на човекот да го најде заразеното мајмунче! Види за што ти зборувам тука - zdravstveni-problemi/ebola-t21907/#p2148703 Во меѓу време, зимај од антибиотикот за превентива, по една глава 3 пати на ден, секој ден. И не заборавај да складираш заедно со лименките грав и патлиџан, тоа многу добро оди во комбинација. Јас многу се плашам од овој тип на болести за кои нема заштита, а се смртоносни, поготово Еболата која според мене е најстрашниот вирус бидејќи ќе те сомеле за многу краток период и не можеш да превземеш апсолутно ништо за да ја спречиш, за разлика од ХИВ вирусот каде има можност да се спречи инфекцијата со земање на лекови веднаш после првиот контакт. За ова да успее, потребно е профилаксата да се изврши што е можно побрзо бидејќи ХИВ вирусот може да изврши инфицирање во рок од неколку часа па се до неколку дена по влегувањето во крвта. Просто, доколку сте имале контакт со вирусот и се сомневате дека сте заразени со ХИВ, во најдоцен рок од 72 часа по првиот контакт имате доста добри шанси да се “исчистите“, успешноста на овој метод е нешто под 100%. Најголемиот проблем е краткиот временски период (72 часа) во кој треба да се изврши методот, прво треба да дознаете за контактот, да го дознаете “изворот“ на лекот, па да се транспортирате до местото каде се практикува оваа работа. Другиот проблем е што ќе ви требаат значајна сума на пари и специјалисти, а да, и заборавив да спомнам дека овој метод освен успешноста од нешто под 100% (од оние кои го издржале процесот), вклучува околу 30% смртност на пациентот т.е. една третина од оние кои биле изложени на овој метод - не успеале да издржат до крај. Со Еболата ја немаш оваа опција, немаш речиси никакви шанси да преживееш, ќе почнеш да крвариш од буквално секое делче од твоето тело и внатрешните органи ќе ти се претворат во каша од мелено месо и крв, можам само да замислам колку е болно. За подобра и појасна слика околу сериозноста на оваа болест, еве еден дијаграм на кој е претставена смртноста од Ебола од нејзиното откривање во 1976година, па се до последната епидемија која е актуелна денес.
„ВИДЕО: Шок во Србија. Ова е убиецот на Тијана“ http://www.idividi.com.mk/vesti/balkan/ ... index.html Како можеше ова говедово, да одземе живот на нечие дете, да му ја скрати младоста, да му го уништи животот негов и животот на нејзиното семејство!!!!!!!!!!!!1 Колку само убаво било девојчето, и на сликите делуваше полно со живот, желба, радост, иднина... И после да немало смртна казна...море жив да го запалат и тоа малце е!!!!