чудно е, ама и мене ми се случува, виртуелен пријател што ми помогнал милиони пати и вреди како милион мои ,пријателчиња, и за разлика од нив, оваа личност би ми се нашла и во 3 по полноќ да ја барам. за се. не знам како повеќе да се заблагодарам, немам зборови што можат да искажат колку сум преблагодарна и колку ја обожавам, само знам дека имам голема среќа и задоволство што познавам такво човечиште!
Како за беља решивме да патуваме за Истанбул со автобус, ем ефтини карти ем мм не беше сигурен во колата требаше сервис да прави и види! Само што стигнавме дома кога на сите портали вест дека изгоре автобус со 46 мртви мк државјани Многу млади.. Уште нема инфо од која агенција, знам имаше автобус со многу деца кои купуваа на бензиска.. На граница бевме 4 автобуси. Ние бевме во едниот. Уште не можам да се совземам од стресот и му се заблагодарувам на бога што стигнавме живи и здрави.
Сега слушам. И малолетници загинати има. Жалосно, се ежам по стоти пат од сабајле. Ужасна трагедија, толку многу изгубени животи
Следам бугарски сајтови јас Го барам линкот сега https://btvnovinite.bg/bulgaria/buj...lgarija-zaradi-katastrofata-na-am-struma.html Еве...
Одма на тебе ми текна и тргнав да те барам по форумов, ептен ми е мило што сте добри Жалосно за настраданите, ма трагедија
Бог да ги прости душички млади, сите утрински пренесуваат, сите биле млади, имало близначиња, ох Боже како е ова можно, каква трагедија. Мило ми е што вие сте добро
Животот е непредвидлив, понекогаш и премногу суров зошто ти ги одзема НАЈБЛИСКИТЕ.....СОЧУСТВО до семејствата, МИР да си најдат загинатите...Тежок, црн ден денешен за нашата држава...
Сочувство до семејствата на жртвите. Страшна трагедија и голема загуба. Бог да ги прости @mssuniquee Леле сега прочитав, каква среќа сте имале. Добро е што сте добри.
женски, имам една жена која нема услови за живот, а скоро и почина и синот, редовно веќе долго време и помагам откако и сопругот и почина, некако ми се фати за срце и ја засакав, и ги платив сите други сметки и се грижам за да има секогаш храна, ама за жал немам повеќе воопшто сретства, а од евн и се јавија доколку не уплати ќе биде исклучена. ве молам ако некој сака да помогне барем со плаќање на една сметка, може нема така да ја исклучат. пишав на таа страната кај што се плаќаат сметки во петокот уште, рекоа ќе ме контактираат до вечерта, ама ете и вторник дојде. жал ми е премногу што сега останав без пари, а до мојата плата ќе биде касно ќе ја исклучат. немам ни од каде да позајмам па ако сакате, или познавате некој што има можност и воља, би ви биле благодарни.
Несреќава со автобусот како и многу други фатални несреќи последно време ме става во мисла и ме лазат морници... колку само за еден миг може да ти се смени животот. Чекаш некого да се врати од пат, го чекаш со душа со топол ручек, на следниот повик наместо "Стигнав", слушаш туѓ глас кој ти го соопштува најлошото. Чекаш некој да се врати од болница оздравен, се радуваш што најлошото поминало и таа радост ја збришува една грда вест или повик дека онаму каде што требало да биде безбеден, всушност завршил кобно. Одиш на забава, среќен, радосен што ќе си поминеш убаво и ќе се видиш со пријатели, за по неколку минути да ги отвориш очите и да сфатиш дека сѐ е сменето. Ме лазат морници кое "Ќе се видиме пак" може да биде последно; која прегратка треба да биде најцврста зашто е последната, ама не го знаеш тоа, кои зборови ќе ти одѕвонуваат во глава зашто се последни, чија насмевка ја гледаш за последен пат. Не знаеш ништо од ова, се додека навистина не видиш дека било последно, кога веќе ќе биде касно за сѐ, касно за уште една прегратка или збор. Нека почиваат во мир, немам што друго да кажам...
Вчера мајката со двете деца со возот, денес ова со автобусот. Life, it ain't a competition. Не мора вакви работи да се случват. Сочувство до семејствата.
Кај мене в комшии мајка со две деца се судрија со возот. Утрото. Биле во болница, тешко повредени децата, ама не знам ништо поќе. Баш сега ќе ѕирнам и линков оти јас поќе дознав зошто местово ми е многу блиску. https://www.slobodenpecat.mk/teshka...ovredeni-koga-voz-udril-vo-nivniot-avtomobil/
Жал ми е за загинатите. Нека почиваат во мир. Дај нека заврши 2021 година веќе еднаш. Постојано лоши работи се случуваат. Во мојот дом пред некој ден се случи пожар додека бев сама дома, можеше да заврши фатално, то ест јас да изгорам во пожарот, но за среќа брзо реагирав. Штетата е огромна, и уште сум во шок. Многу ми е тешко.