Не знам дали се сеќавате но неколкупати изминативе години се собираа новогодишни пакетчиња за дечиња од таканаречени ранливи категории, но пакетчињата никогаш не стигнаа кај поголемиот број дечиња. Деновиве често низ Скопје гледам слични донациски акции. Каде може да се најде инфо за ваквите организации? Да знаеме дали си иаме работа со хумани луѓе или со преваранти, кои истовремено се и во здруженија за животни за чии активности дебело се плаќани од странски хуманитарни организации и од овдешни граѓани. Ова го пишувам во СДК бидејќи не знам дали постои тема, ако постои се извинувам и замолувам мислењево да биде префрлено таму.
Дечкото е способен за тоа што го работи,дозволи му да заработи а не да го бркаш ,дај му крила а не да му рушиш самодоверба со тоа што го бркаш и го третираш како да проси .
Сите сме способни,сите сме исти. За жал поединци не разбираат. Постојат исклучоци како тебе,мило ми е што сподели, срцето ми се топли кога ќе прочитам дека има група на луѓе што гледаат некои работи.
Се сеќавам за првата апликација за документи. Станав во 4часот наутро да чекам ред и во 11 часот примив ударна вест: “Ти фали еден документ”.
Никогаш ама баш НИКОГАШ нема да ги сфатам девојките кои си ги фрлаат другарките за дечко. Глупи сте ко маса ако мислите дека некој ќе ве прифати назад кога дечко ви ќе наебе.
Многу мразам лажно позитивни фрази што ќе се кажуваат колку да се каже нешто и да се најдеме во муабет, ама "АкО Се сАкА сЀ сЕ мОжЕ" ми е врв.
"За овој труд не вреди грашок да јадам" Браво, дете и ја би исто реагирала. На толку одење па уште грашок.
Леле колку ме изнасмеа ова детево со грашокот! Како јас да се гледам пред 15тина години, цело време коментари за храна.
Да се самоцитирам. Секако ситуацијава немаше да биде целосна без експертското, психолошко профилирање на детево и како неговото однесување било одраз на родителското (не)воспитување. This is why we can’t have nice things.
Ај негователката што ја рокнала Жена од султана, ама и децава пресреќни сите веќе ја знаат песната . Коренот на работава од дома ќе да е..
Мислиш дека првпат и е на негователката да ја пушти таа песна? Веројатно на редовен репертоар е штом повеќето ја знаат.
Едукација немам јас, им ја пуштив „Жена од султана“ на децата еден час. Само шмизлите бегаат ко ѓавол од крст, префинетите не можат да ми се фатат за малиот прст. На децата ќе им пуштам што сакам, на оние непослушните ќе им гракам. Ми велат дека немам вкус, ама ќе им правам на устите ШЛУС. Шегата настрана, но таквите не прифаќаат критики. Жално, ама вистинито. Детето што не го слуша кичов е малтретирано, ама ако им се каже нешто лошо на оние што го слушаат, се бранат со она фамозното „Секој има свој вкус“. Ако секој има свој вкус, тогаш зошто ги исмејувате тие што имаат поинаков од вашиот? А ова слободно можам да го наречам невкус. Да, да, такви работи се случуваат. Верувам дека и дома им пуштаат таква музика.
Е не бе, дома строго Моцарт и Бетовен им ги пуштаат. Видете само во викенд на која музика се полни кафаните и сѐ е јасно.