Инаку, особено во пекари и маалски продавници, ако не ви дадат фискална со искуцана кеса ич да не ја плаќате ни 15 ден, ни 2, ни николку. Парите од кесите одат во посебен Фонд, а тоа значи дека мора да се искуцани.
Не се теориите на заговор проблеми. Реалноста е "проблемот". После едно возење со Хак бус пред неколку години, не сум се нафатила никаде со автобус да одам. Патував тогаш со мајка ми, се чудевме како се вративме здрави и живи.
Се возам во бус и од спротивната страна слушам нешто “глок,глок”. Се вртам ништо нема, мислев некој пие вода и се слуша голтањето. После некоја минута ете ти го пак “глок,гло-глок”. После 5 мин станува еден Африканец да се симне и поминува покрај мене и го слушам истиот збор, фрлив еден поглед и сфатив дека си зборел на тел типов на некој нивен јазик така позасилен и мене ми се слушнало како глок глок. Абе
Сдк ми се с*** од вакви женчиња Пред некој ден беше меѓународен ден за насилство против жените и девојките Ама џабе збориме дур жени вака поддржаваат срам за женскиот пол Не би ѝ го скрила името ама не ми се расправа после
Првиот и најтежок чекор за посреќен живот го направив. Благодарна сум за љубовта и поддршката од сите добри луѓе, а за останатите бидете така и гледајте како се смеам.
Има еден тип со мене шо студира, и е е еден од најбезобразните личности шо сум ги запознала. Цело средно заедно учевме, па не беше ваков. Едноставно ме мрази без никаква причина, а ние во 4 години на прсти можам да ги избројам патите кога воопшто сме зборувале. Стварно незнам како да реагирам кон неговите ниски коментари/игнорирања. Сега понашањето према мене е НУЛА. А има бизнис.. Ова не изгледа добро за него. Сега наместо он, јас ќе изберам некој што не е груб к*ртон на кој ќе му ги дадам парите. Безвреден.
И јас посакувам, ама животот проклет така одлучил сам по себе да биде, или така е скроен одозгора незнам, што е тоа е идеме понатаму баксузноста со нас и по нас, но борбата кон неа продолжува.
Од прееска се мислам што да пишам, дали да пишам нешто воопшто. Ама знам дека ако почнам нема да има крај. Ќе кажам само дека: Немам високо мислење за себеси, ама барем знам дека ваков третман не заслужувам. Можеби е случајно, можеби јас во главата со мојата анксиозност правам big deal.. Ама тоа е кога имам недостаток на објаснување и помешани сигнали. Зар навистина е нормално понекогаш да нѐ разочаруваат и повредуваат и оние кои ги сметаме за најблиски?
Зависи што дефинираш под 'нормално'. Иначе да, најмногу повредуваат најблиските, затоа што најмногу ти е битно што тие мислат. Не те боли многу патиката за комшијата од трети.
Во овој случај "нормално" би дефинирала сѐ што е надвор од било какво насилство и нанесување штета намерно. И да, би излажала ако кажам дека не ми е битно нивното мислење и однесување.