Јајца ? Ја би рекла виршли! Сеедно шега на страна. Најверојатно девојката се шегува мислам толку девојки си имаат проблем со мрсната коса и си бараат решение како да не им се мрси толку многу, а оваа наша Срцка кажува дека масло ставила на косата. Најверојатно мислела на масло за косата но можела барем убаво да се доизјасни а ко прочитав масло прво на памет ми падна за масло за готвење. Пример брилијант.
Го следев ова на фејсбук доста страни има ама секаде различни приказни некои велат дека веднаш ја убил, некое девојче дека ја видела со киднаперите во двор им дошле и незнаеш кому да веруваш. Инаку доста жално за има само 15 години што видела таа од животот
Си имате ли вие некоја песна така што ви ги буди сите сетила, што ви прави милина на душата и сте толку себични во врска со тоа да никогаш не ја споделувате на социјалните мрежи, ја слушате само кога сте сами за да случајно некој од околината не почне да ја сака. Некогаш сум толку себична за такви работи, божем само мене може да ми припаѓа некоја песна, книга, филм, мисла и слично..
Кокосово, чичково, бадемово итн. се масла кои што имаат позитивно влиjание на косата, особено кокосовото, ама треба да се држат минимум 24 часа за да има ефект. После тоа косата е многу мека, врвовите многу долго време не расцветуваат и лесно се чешла.
Не можам да поверувам дека огромен процент од луѓево што чекорат по земјава ни целосно им веруваат на се што ќе кажат медиумите,па ако влезеш со нив во диксусија во врска со некоја пренесана не доносена вест,одма заземаат страна,ги штитат,те прават будала и се тоа.... Секој ден се позачудена и разочарана од родот ми,иако знам дека се можам да очекувам....Ама сепак.... Не можам ни да верувам дека родените ми роднини константно ми работат зад грб и прават се што можат да ми го загорчат секој среќен момент. Идиоти....
уф колку мразам кога фармеките ги облекувам прв пат по перењето додека да ги натегнам... а и имам ставено некое килце ужас
Од кого не штитите? Од самите вас? Издржи, се ќе биде повторно како што треба. Сите обединети наскоро!
Тешко на тој или таа шо ќе седни да руча до мене...ко секоја нормална персона ќе земам виљушка и нож. Засега нема ништо чудно...Арно ама!Ако на чинијата се најди било какво месо дали свинско,телешко, пауновско,зајачко,срнешко,јагнешко,кравско,воловско,биковско ма нема везе какво,Симона стапува во акција,и тоа многу опасна! Ако сака некој да си го спаси животот,то ест очите,нека стави заштитна маска.Зошто ли?Епа почнувам со моето кунгфу сечење и како шо сечам нормално дека некое месо ќе се залепи како таксена марка на нечија фаца или пак постои поголема веројатност виљушката да излета од мојата рака и да се закачи на некое око.Ништо ’’страшно’’,ене очно одделение кај е...Шо вика татко ми,сум се борела со месото,се тепам со ножот,то ест виљушката...Па кога ќе размислам,навистина е во право. Иначе да,сонцето веројатно ме удре по главата.Е,влијае времето на луѓето...
Карма ли е што ли е? Кај и да се селам, постојано имам комшивка под мене што готви на тераса. Во претходниот стан, жената под мене си ја беше застаклила терасата и на неа направена цела кујна. Херметички ќе се затвори и кога ќе дојде време да се лепи по стакло за воздух од силната пареа (понекогаш ме асоцираше на оние бубамарките од рекламата за Пежо), ги отвара прозорците и моите алишта што се сушат, наместо на омекнувач, мирисаат на менза. Во овој стан иста приказна, само што терасата не е застаклена. Се шири мирис на пржено месо, а јас како сум изгладнета, ми се иде да земам една векна леб и да одам на гости на ручек Само што срам ми е од комшијата, пред неколку месеци имамвме „блиски сусрет треќе врсте“ и бегаме еден од друг кога ќе се сретнеме. Имено, цревото од климата не ни беше ставено во олук и човекот дојде да се жали дека му капело директно врз мермерот на импровизираната кујна. Јас излегов на вратата, со бебето во раце, тазе бљуцната на левото рамо, хронично ненаспиена, а блузата што ја носев, памучна и целата развлечена, абе хорор. И си почнавме муабет со човекот, културно се извинив, му кажав дека ќе го санираме проблемот и гледам, едно време, човекот гледа во земја и зборува, никако да ме погледне. А јас да звучам поубедително, упорно му се внесувам у фаца. Он, пустиот ми вика,„ добро, добро“ комшивке, а јас упорно по него до лифтот, он не се ни врти, бебето планинари по мене, ме влече за блузата, комшо г’з преку глава избега у лифт. Јас си ја затворам влезната врата, цела у прашалници, што му стана на овој па избега и кога да се погледнам во огледало, ШОК !!! Бебето како ме тегнело за блузата, ми го направило деколтето до пупак и целата десна страна ми беше разголена, а фршти одоздола црвен градник! Земјо, зини голтни ме Ма среќа и што го носев градникот, си имам ја обичај по дома да си правам цицкотрес. И сега кога ќе го видам, само едно здраво и бришка, нигде да ме нема А жена му пустата, нон-стоп ме вика на кафе
Колку само лесно може да ти се промени животот за 360 степени. Доволно е само да се заљубиш,ништо друго не треба. Да се заљубиш и подоцна да не можеш да си поверуваш колку си се сменила. Колку и да негирам,и колку да ги убедувам другите дека сум истата,не можам да се лажам ни самата. Да јас сум сменета.....подполно и предадено ...го ризикував срцето,кое беше нечепнато од љубовни болки.
Зошто мора да постои секогаш некоја ситница која расипува се? Која ја руши сета среќа? Секој труд? Мислам...зошто?
Κаκво е чувството κога живееш за тој ден, сеκој ден го живееш за да дојде тој ден. Живееш со ρадост бидејκи тој ден е шансата за подобρо, но и со стρав, деκа нешто ќе се случи за тој ден повеќе да не постои или стане ист κаκо денешниов. Но одете си цρни мисли од мојата глава. Знам, тој ден ќе дојде. Everything is gonna be allright, I know it...
Јао жени...шта се то дешава? Абе, ви се десило некогаш за првпат да видите некого, а нозете толку да ви се пресечат и сета душа да ви се стресе од неколку погледи, што сте морале ко старец да си потседнете? Мене не...досега. Мислев народов преувеличува за да звучи филмски, ама... Али добро, се уклопив со пензионерите, типов гарант ми се има крстено. Ама таква појава нема ни у Београду! Ииии...мајке ми, мора да изнајдам причини почесто да одам натака. Ко ретардињо сум бе. Сум земала толкав сладолед и ми капе дури со мртва фаца си летам со тиквава. Каков ќуп.
ЉеЉееееееее..... Утре Даниел Кајмакоски ќе го видам. Од денес уште почнувам со подготовките за утрешната средба Од толку голем град тие најдоа во маркет да го донесат Што среќа ќе беше човеков, да е по јадењето не е. Да беше ќе се видеше на него. Сигурно и Жељко бил поканет во маркетот, но се мисли дали да дојде или да не доаѓа Сакам да кажам јаки ѕвезди имаме ние на Балканов.
Да го гушнеш и од мене! Срце е! И многу е позгоден и поубав во живо... Инаку од кај си? Баш сум среќна за тебе!