Човекот не умира само со престанок на виталните органи, човекот умира континуирано со престанок на неговите емоции, желби, мотиви и нагони. Умреа 44, умираме и јас и ти секојдневно НЕСВЕСНО, нема одговор зошто е таков живот? Зарем има некаква полза од тоа секој ден да умираш а да незнаеш што се случува во тебе и со тебе.....Дури да ја најдеме ползата помина животот, ги губиме најблиските, остануваме сами преплашени и изнемоштени, има ли надеж за нас? Знам дека има како мене многу, со живот огорчен и трулав, животот како во песните од РАЦИН ‘‘Ај пуст да е, пуст да би останал животот кучешки, роди се човек роб биди, роди се човек скот умри, скотски цел живот работи за други туѓи имоти, за други бели дворови копај си црни гробови, за себе само ргај си за себе маки тргај си‘‘
Прееска со мајка ми се зазборавме за индијанската култура, затоа што знае колку ја обожавам. Кога ми кажа дека индијанците немале некој тажен или меланхоличен поглед кон смртта, туку напротив, таа за нив претставува слобода и живот ама во друг свет, јас се наежив.. особено на делот кога наместо "Почивај во мир" тие кажувале "оди во вечни ловишта". Пред петнаесет минути добивам вест за познаник кој починал во свои рани дваесетти години, навистина талентирано и искрено, добро дете. Жал ми е што не успеав да те запознам во реален живот, иако планирав, но продолжи во другиот свет. Те сакаме.
Без квалитетен сон и на силни лекарства.. Ја гледам мајка ми како се руши пред мене заради мене. Уништив сѐ што можеше да се уништи, ги злоупотребив лекарствата најверојатно, ми рекоа да ја намалам дозата ја намалив, па ја покачив па пак ја намалив. Сега имам срам од сите.. Срам ми е да отидам на контрола, којзнае што ќе ми кажат...Дека нема назад најверојатно. Сонот не може да ми го врати никој...Од најголема радост за моите, ќе станам најголемо разочарување, ќе ги разболам од грижи. Најубавиот период од животот ми стана најтемна јама.. Да не е форумов, нема кај да се искажам...
Одиш на доктор или на операција со надеж да ти биде подобро, а кога од таму... Како можат вакви грешки да си дозволат... "Луѓе сме, грешиме" не важи кога нечие здравје и живот се во прашање.
Пола школски не можам да ги препознам на улица од тие филери за усни. После се лутат сум ги поминал на улица.
Едвај чекам да завршам со средно и да се запишам на факултет во некој друг град, да си имам свој стан, сакам и летото да работам некаде да си имам свои пари да не за висам веќе од никој и помалку време да поминувам дома...
Посакувам помалку проблеми. Првично домашни, па се останато. Истото го посакувам веќе неколку години по ред, но, само се соочувам со многу повеќе, наместо да се намалат. Можеби посакувам друго семејство, можеби посакувам целосно друг живот, можеби некогаш ќе имам сѐ што посакувам, и ќе живеам како што посакувам - а можеби и не.
Ја сум висока доста Ти праќам виртуелна гушкаа Замисли као те гушка висока девојка со смеѓа коса Е устата не го менува целокупниот изглед на лицето, се додека не дојде преголема ама такви забегантки нема кај нас среќа, од България натам. Пределот околу очите и носот повеќе менува изглед.
Мислам дека нема музички пошарен човек од мене. Од Балашевиќ и Драгојевиќ преку Billy Idol, Black Sabbath до Rammstein. Не знам шо е толку чудно то. Барем така ми викаат